Разбирам до некаде заеднички профили на фб на парови, особено у години ако се, али заеднички профил на форум и тоа групно користење од неколку души? Некст левел забеготини или? У кој тежок филм сте бе кутрите вие? Помош ви треба ама никако да се обратите на правото место. Тоа е жалното.
Не е фер да ги издавам сеа и ти, нека си живеат во нивниот филм. Еден ден вајда ќе се разбудат, што знам, ќе мораат. Група членови курташак сакале да си играат, прејако им било на дечињата. Тоа е најбитно. А, не е битно што е крајно забегано, али кој да им каже. Дали на детска градинка им личи ова или што? Може ќе се дрзнат самите да ни објаснат. Ајде ќе почекаме. СДК многу од возрасниве особи за кои се претпоставува и очекува дека МОРА да се зрели, си имаат тантруми бетер од тодлерите. Бар информиран коа си и располагаш со тон информации и знаења, искористи го твојот потенцијал за себе и помогни си самиот. Или коа е за тебе тогаш не важат совети и препораки? Тешко се прифаќа некако.
Денес 36 степени, 36 фа*инг степени, а летото уште официјално и не е почнато. Ете ви го летото на тие што го баравте. Ај сеа Добро Утро!
Ина многу фина има многу добар статус напишано за оние што мислат којзнае што се кога нарачуваат кафе . А дотичнава која е не знам ама само едно знам дека кога ќе нема уште малце кој да ја служи ќе чека кафе и по 1 саат да и дадат а не пола саат. Еве не знам што е келнерот крив ама немал обука.
Сакам лето, го обожавам, ама единствено кога сум на одмор. Оваа жештина деновиве што ќе ми е кога сум затворен дома под клима, јас од лето нешто не гледам. И плус имам тон обврски. Не викам не, и в зима имам обврски ама барем имам сила да ги завршам, в лето седам, се потам и немам желба за живот. Сега едвај чекам на одмор да одам, ама ко што сум малер, баш тогаш ќе се разврне, ќе застуди.
Па и во право е. Се согласувам и со Ина дека треба да сме фини, мислам тоа се подразбира дека треба да е така. Но на ваква услуга, воопшто не одговараат такви цени. Плаќаш скапо, ајде чекањето океј ќе почекам, но квалитет никаков (пример како е кафето направено, вода не носат итн) Кај што плаќаме прескапо, барем квалитет нека има
Сите што ја немаат болката, го знаат лекот. Кажал еднаш Горан Стефановски.... Немам јас што тука плус да додавам, сѐ е јасно како црна темница.
Буквално. Мозокот ми е прегорен и ко во магла се ми е некако, нејасно, ошамутено и празно се осеќам. Не можам ниту да резонирам правилно. Се фаќам често како се ми е чудно и ко од Марс да сум паднала. Не сум јас - јас. И баш така, желба за живот 0. Само сакам да хибернирам и ништо друго. На сите у зима им се дешава ова, кај мене у лето.
Значи да повториме понеделник ≠ нервоза на работа бидејќи доколку вас ве нема, за пола саат ќе ви најдат замена. Уживајте
Викендов ми беше одличен. Кратко, но убаво патување, вкусна храна, добро друштво, убава локација. Ми се случи прв пат да ме помешаат со Италијанец. Вајда треба да го сфатам како комплимент затоа што дојде од тотално непозната особа? До сега ми имаат речено само дека личам на Турчин, покрај точните погодоци дека сум од Балканот. Иначе, кога сме кај Италија, викендов пиев вино од сортата Пино Гриџо. И можам да кажам дека одлично ми легна на топлово време. Cе работи за по лесно вино кое се јаде со салата, паста, морски плодови, иако јас не јадам. Ова ми е јубилејно, 10-то. Имам за цел уште 10 да пробам годинава, да си го исполнам предизвикот. Црвените ги чувам за поладните денови, летово ќе го заокружам со бели.
Сдк...Ако ги достегам уште овие 10тина стресни дена на работа, после можам и во Јапан да се преселам никој не смее да се буни. Ни клиенти ни вработени... Е така!