Многу ми е чудно како е настаната појавата само мажот да запросува жена. Има многу жени кои се во врска од по 10 години и имаат 30+ и се веќе спремни да имаат своја фамилија, но не можат бидејчи чекаат од мажот. Знам дека денес се случува и жена да запроси, но ептен ретко и немам слушнато за нешто такво во моја близина. Моја соученичка која остана бремена ја запросија точно 2 недели пред да се породи, инаку си живееше кај мајка и до тогаш. Пријателка која е 32 години и е во врска од 21 година со истиот дечко сеуште чека од него, а што се однесува до неа уште денес би сакала да основа фамилија. Нема никакви проблеми со него, но ете години веќе никако да се мрднат од точка. Чуден ми е самиот факт дека жената колку и да е спремна, колку и да сака пак нема да добие доколку мажот не ја запроси. Овде најчесто се вели па остави го најди си друг што е спремен, но зарем е така лесно? Таа жена е спремна за со ТОЈ маж, а не за со било кој. Да раскине долга врска каде очекувала со тој човек да има сѐ и да почне друга врска и од ново "која ти е омилена боја?" "Не знаев дека не го јадеш тоа" "каде работиш" и сл не значи дека ќе биде соремна за брак и фамилија.
Може треба да се нормализира ова и да се охрабриме ние жените. Коа не им текнува на мажите, кој знае зашо не им текнува а, ете идат толку долго, се влечкаат што се вика, под претпоставка дека се средени и реализирани на повеќе полиња, па немаат никакви пречки да се земат. Освен нели ако не се договориле дека во вонбрачна заедница би функционирале. Или му годи на типот се уште животот во врска кој е далеку поразличен и со помалку обврски од брачниот живот и не се подготвени да запливаат во тие води или па до толку храброст немаат и самодоверба можеби конечно да се решат на тој огромен чекор. А, не мора ова да е строго само машка обврска според мене. Зашто срамно и незгодно да е жената да запроси? Да му раскине ради ова, никако. Ако е се у ред, тешка глупост би било само заради тоа. Иритира верувам неизвесноста и чекањето, али сепак мислам дека не треба да се претерува со гордоста и принципите. Само па, како мажот би реагирал на ова? Дали мило ќе му е или ќе му се повреди егото?
Има нешто што се вика "поставување граници" и превземање на сопствениот живот во свои раце. Ако жената толку многу сака брак и деца, а мажот само ја залажува декада+ дека ќе биде, тогаш во одреден момент ќе му постави ултиматум и нема да отстапува од него. Пошо нејзин живот е во прашање и нема поента да дозволува некој времето да и' го троши безвезе. А тие романтики и замисли може и никад да не се десат, ако се претера со арчење време. Не може некој друг да е крив што демек времето и' го троши, ако не дозволува.
А шо се правело за сите тие години во меѓувреме, се зборело, планирала и спремала ли заедничка иднина уопште? Или мажот/дечкото треба сам да иницира и за тоа? А дали сигурно се чека прво, може па така им одговара од кај знаеме?
Воопшто не треба да е срамно или понижување жена да запроси или да иницира разговор за иднината. Еве во мојата врска јас бев таа што иницираше муабет за брак. Не беше некакво романтично запросување. Ниту пак очекувавме нешто такво. Едноставно двајцата бевме на иста бранова должина и не осетив дека треба да чекам тој да го започне муабетот или пак дека му вршам притисок. Од двете страни споменуваме брак и едноставно ми беше природно да нагласам дека штом Двајцата сме сигурни тоа би требало да ни е next step. Ми купи прстен, му купив часовник и взаемно се запросивме хаха
Taman gi isprav tepisite i stazite gospodinot machor sho go imam se posra bas na beliot tepih. Ne e toj celosno kriv, ne znaev deka e doma, i ne mozeshe od nikade da izlezi, sea pak da go peram..
Зошто чудно? Порано, во античко време и среден век, мажите биле гледани како заштитници и тие што ќе ја обезбедуваат фамилијата финансиски. Па така витезите го предводеле и додворувањето и запросувањето. Воедно, мажите по природа се ловци. Со други зборови, сè ќе направат за жената што ја сакаат. Ако мора ти да го запросуваш, it ain't it sister Воедно, едноставна задача е. И тоа ли жените да го прават место нив? За паровите и долгите врски не можам да коментирам, бидејќи секој е различна приказна. Кај некои се финансиски проблеми, други па не ни сакаат брак итн
Не оти не им текнува на мажите да ве запросат во 10 години врска туку не сакаат. А вие чекате и се надевате, па уште и да се нормализирало жената да го запросе..... бог да чува и да брани. Маж ако те сака одма ќе те земе, а ако не, шутни го сестро и уште утре, уште десет ќе ти се нацртат во животот.
Јао, колку глупав заклучок од твоја страна, не можам. Ум, ако е спремна САМО за тој маж, тогаш треба да си го преиспита вкусот за мажи затоа што чека брак, деца со маж кој очигледно е незрел. Не мора да ја запроси, се случува парови да се договорат да се земат, а ако се 10+ години во врска веројатно би требале да знаат до кај се и што се. Така да не, не го чека да ја запроси, го чека да порасне, што може никогаш нема да се случи. Наместо да раскине и да си најде муж кој ќе и го пружи тоа што го сака во животот, она со него се мота. Никад не е касно!! Очигледно е во некоја илузија во кого е заљубена.
Секој си е индивидуален случај. Кај мене лично имав ситуација кај што бившиот мој ме запроси и се тоа беше театрално романтично а се заврши гротескно лошо. Со сегашниот сопруг јас го направив првиот чекор за разговор за иднината. Не дека клекнав на колено, не беше традиционално запросување туку како што нагласив претходно, бевме на иста бранова должина па не беше тешко да се начне тој муабет. Тоа што не кажал прв: Ајде да се венчаме, не значи дека не ме сака или дека не е вистинскиот за мене. Еве не сега неколку години подоцна, во среќен брак. Нема ништо погрешно ниту табу во тоа една жена да иницира ваков муабет со партнерот.
@BlackAndWhiteSwan Зборувам за самиот романтичен чин. Да се потруди мажот да избере и прстен и сл. Тоа не е толку тешко. Нормално дека пред тој чин, самите треба да сме свесни дали сме на иста бранова должина или не со партнерот. И да се разговара кој каква иднина очекува и сака. Не може да го чекам да клене со прстен, а од друга страна да гледам дека е недораснат и да очекувам бајка со среќен крај.
Ако ,, чекаш,, дечко ти да те запроси, и прво решение ти е да го запросиш ти него, отколку да го оставиш, што да ти речам, така растат децата...
Тоа е уствари не сакање да се излезе од зоната на комфортот. Е сеа ќе дејтам пак, ќе барам муж, кога иам веќе и пола живот сум го поминала со него. Да не бидат за џабе потрошени годините, де. А за наредните години... ај ќе се смени.
Во долгите врски моментот на стапување во брак е најчесто ствар на договор, кога се исполните условите за тоа. Но ако партнерот одолговлекува и кога веќе ги имате сите услови за брак, тогаш наместо да го молиш и запросуваш, треба да го оставиш, да не ти го троши времето.
Да бе, вие све знаете што е и како е, и најправилно како треба да се постапи. Во врската сте им и знаете детали што се дешава меѓу нив и како си функционираат. Пошо сите останати романтичари големи се и традиционално запросиле со сите салтанати и ете глеаме на сите супер им е погодено и најсреќни на свет се. Не е никаква гаранција тоа дека вистинската личност е со тебе само зашто факинг те запросил и тоа што побрзо по можност или обратно дека е недозреано детенце кое нема поим од животот и не е за тебе, туку ти го троши времето само, доколку ти си ја начнала таа тема, дури и си отишла чекор подалеку и си му предложила да се земете. Све принцези собрани тука машала. После за бајки ќе сме збореле.. Збориме за луѓе кои се зрели, возрасни, се сакаат и почитуваат и знаат што прават, не збориме за недораснати деца какви што ги претставивте. Не споредувајте порано како било и дека ловци требало да се по природа, времињата се менуваат. Нели ви одговара жените да се што е можно послободни и понезависни? Ниту пак дека треба да постојат машки и женски работи? Па така и за ова. Еј 21 век и која година сме, зашо чудно да е? Ствар на договор, муабет меѓу две индивидуи кои се почитуваат пред се. Двајцата се инволвирани, двајцата се присутни, ниту еден не е надвор од ова. Сакале долго да идат, и така терале. Да не чинело нешто во врската, вајда ќе раскинеле? Ама не, штом не клекнува и не се лигави, значи нема почит и е кретен дебилен. @BlackAndWhiteSwan браво за вас двајцата, баш ми е мило. Е ова е поим за вистински пар и вака се функционира, со взаемно разбирање, поддршка и меѓусебен договор. И да запамтиме, секој за себе си знае и си е одговорен за сопстевниот живот и сопствените постапки. За некого чудно, несвојствено и неправилно, за друг сосема спротивното.
Ако дојде до разидување една потпишана книшка ништо не значи освен формалност. Може да се среќни и цел живот да се живее без потпис, потписот не менува ништо. А и знам луѓе шо клекнувале па филмски свадби па нетизнам шо па на крај.. Секој си знае како му е и да не се мешаш најдобро е, најбитно да имаш добра мисла и да посакуваш на човек среќа и добро…
@Mrs. right желбата да се биде со некој во брак и да се запроси, не е романтика. Ама начинот на запросување може да биде романтичен... А луѓе кои се зрели и возрасни, и те сакаат и почитуваат, не те влечат за нос десет години и не те мафтаат да не знаеш на што си со нив, и дали врската ќе заврши со брак. И да чинела врската, ќе завшела со брак и без манипулации и ултиматуми. Прашај муж шо мисли да му клекне некоја да го проси, а нарочито па некоја со која не сака да биде во брак, и ја мафта со години. Многу ги праите муживе кутри и наивни, едноставни односи ги комплицирате. Али како што рече, секој со своето.
Па еве иам пример, идеа долго прилично, околу 9 години. Се земаа, 6 години у брак, со деца со све. Супер им. Си живеат убаво фала Богу. А постарите знам им јадеа гомна, ајде бе коа ќе биде, го замараа и дечкото. Нека не се меша никој најубаво. Кој како милува така си праи. Не бе. Само не генерализирам и не брзам со заклучоци. Тоа е работата.
Да не е стегнат си вели ај да не трошам пари за прстен, арно е вака во врска нека тера - модерно време е, не се земаат младите.