Не сите мажи се исти, али сите мажи се мажи. Чекај сеа да видиме дали некој ќе прокоментира за ова што се случило, да видиме да не има нешто да каже...
За жал машките се поумешливи кога станува збор за влечење. Влечкањето со години е навреда и според мене огромно непочитување на парнерот. И тука често се трпи, затоа и после прекин на долга врска неретко жените скокаат веднаш во брак. Баш ете и таква тема има и сите жените ги направија лоши. А никој не преиспитува што позади една врска.
Добро, до кога ќе се врши насилие по улициве? Како да не се улици туку патеки за Формула 1, улица претворена во патека како во Монако или Саудиска Арабија шо се претворени. Ама ај тоа спорт е, си има правила, ова она. Да било пешачка зона, детска зона, зона на училиште или градинка, велосипедисти, сите ќе ги покосел на лице место ни криви ни должни. Некни жена прегазила пешак, секој ден се нешто се дешава. Индија и Бангладеш повеќе култура имаат. Треба да одговара и тој шо му купил X6-ца на почетник или му дал да вози, зошто 2 години со закон е забрането да се вози повеќе од 105кс, а ова има преку 220 коњи и сигурно нема возено 50, ноќе се трките, дрифтојте, исто како во Токио да шо се илегалните трки Kanjozoku. Па го исклучил и ESP системот за пролизгување. Батето многу искусен возач на кола со заден погон па исклучил и ќе дрифта. Треба и производителиве на автомобили да направат да не може да се исклучува ESP, DSC особено на возила со заден погон. И овие од МВР нека земат да работат повеќе а законот да го изменат да биде поригорозен исто како за управување во алкохолизирана состојба.
Dr Amadeus je nekad dao savršeno objašnjenje: "Nacionalizam je tema do 300 evra prihoda mesečno. Njima se servira ta priča. Kad plata pređe 500 evra, onda počinje razgovor o garderobi i kafićima. Kad pređe hiljadu, onda je top tema zdrava hrana, letovanja i zimovanja, a kad se popne na više od tri hiljade, onda prestaje svako palamuđenje. Ljudi onda pričaju o vremenskoj prognozi i ljubavi - budući da većina ljudi na ovim prostorima ima prosečnu platu od 300 do 500 evra (ako uopšte i prima platu), zato nacionalizam i jeste dominantna tema.
Не се согласувам, ако не си била ти препорачувам јужна Германија, Австрија, или Италија. Национализмот нема врска со финансиската состојба на индивидуата, тој е идеја. Иначе да за другото дека се менува погледот кон нештата благодарение на парите - тотално согласен. Е сеа во кој правец ќе смениш поглед, изборот е твој. Ми фалеше филозофија
Многу сум благодарна што живеам во овој век во кој постои апче против болка и не живеам во праисторијата и морале да трпат се. Или пак што не сум се родила во некое време пред фармацијата, кога лечеле само со билки. Замисли колку луѓе низ човековата историја паднале жртви од пробување иљачи, додека не откриле која билка е отров а која лек или во која количина треба да се примени...фала им на сите нив за жртвата.
Сдк дека не ми се верува денес што дознав за пријателки онака што сме си имале муабет и ми звучеле многу као да кажам паметно,учтиво,стабилно…и сме си делеле совети Не можам да ги препознаам сега зашто? Мсм на мене ништо не ми сториле пак ќе си биде по старо исто како они со мене така и јас со нив но неможам да си поверувам дека они сториле такви ствари Како и да е сега би ги гледала од друга гледна точка а не како стабилни личности ама тоа е денес неможе да се верува на никого ништо Мсм на мене ми се океј пак ќе си имаме муабет како пријателки, пред се колешки ама доверба јок и блискост јок! А сакав баш да дружиме
Седењето ( тоест лежењето) дома да одмарам, не ме одмара.. Сакам надвор нешто да правам, без хоризонтала
Да си исфрустриран во овој век значи дека си глупав. Имаме речиси бесплатна комуникација со аудио и видео со било кој во светот, ги имаме сите аудио и видео и слики за беспари достапни 24/7, имаме вештачка интелигенција на ниво на човек со знаење на цело човештвото за беспари, имаме вишок храна, кров над глава, ефтин превоз, медицина, цела телевизија на светот за беспари, комуникација со кого сакаме, ефтини коли, ефтини машини, вода речиси за беспари...и се нервираме, сме фрустрирани, анксиозни, депресивни, разочарани...јас мислам дека сме само глупави.
Па уствари баш и од некои од тие работи сме исфустрирани... Све ни е на изволте, не знаеме што значи да си човек повеќе... Нема да насадам, ќе си купам. Нема да зготвам, ќе си купам. Нема да прошетам, ќе глеам на екран. Нема да шетам, ќе одам у теретана. Нема да излезам со другарите, ќе дремеме на Твитч. Нема да излезам да мувам, ќе го издркам онлајн, или ќе и платам на некоја на ОнлиФенс да ми слуша проблеми и да ми покаже путка. Нема да средам по дома најосновни ствари, ќе си платам жена... Корисни работи, али да се употребуваат, а не злоупотребуваат... Нашле, па зашле...
Модерни проблеми. Истиот муабет го правевме со колега пред некое време. Се имаме на дофат и пак сме несреќни. Ама вистината е дека колку повеќе му даваш на човек толку понезадоволен ќе биди и помалку ќе цени, ќе сака уште, секогаш нешто ќе фали. Тоа нема крај. Пред сто години немале вакви проблеми, немале време да се депресивни и анксиозни бидејќи имало други проблеми и се живеело поинаку. Не дека не постоело тогаш депресија, само луѓето биле премногу зафатени да преживеат со семејствата. Кога не знаеш дали ќе имаш да јадиш тој ден и кога слушаш пукање од војни надвор, некако се друго изгледа минорно (а ова за жал го имаме и денес уште).
Технологијата сама по себе не значи подобра комуникација, ниту близина, ниту валидација, ниту солидарност. И оттуѓува, затоа што создава чувство на близина, ама на дистанца, го одделува умот и телото.И не може да се гледа надвор од целиот компекс на односи, како и за сѐ останато. Постои комуникација за да останеш во својот „меур“, за да мислиш дека си во право, ама остануваш сам да си ракоплескаш на себеси, и си публика и си актерот, во некаква заблуда дека припаѓаш на групата и на светот. Видеото (и аудиото) не го заменува допирот, споделувањето, присуството, Вештачката интелигенција е агрегација на мислења, редистрибуција на веќе човечка комуникација , алгоритми за оптимизација, импутот на невронските мрежи е човечки, но, на тој начин што ги порамнува сите информации на едно ниво низ некоја средна вредност и ја прави културата сѐ површна и сѐ поуниформна. Постои медицина за да те излечи од она што те умира на основа на вештачки создадени потреби. Не само што војните не престанале туку и политиката е војна која е мидијатизирана ad nauseam , сѐ додека не станеш индиферентен за настаните, и влијае на перцепцијата на целокупниот живот. Негативното секогаш е потенцирано, зашто повеќе паѓа во очи. Ефтини коли служат за да стасаш таму, каде што е исто каде од каде си тргнал. Порано патувањата биле многу поавтентични зашто светот бил помалку униформен, и имало вистинска авантура и предизвик. Технологијата (и науката) е средство, но, не е замена за здравје. присуство, разбирање, нови автентични искуства. Се разбира технологијата и човекот постојано ко-еволуираат, но има граници на таа заедничка еволуција. Моделите, искуствата кои ги „нуди“ современата технологијата се секогаш на дистанца, секогаш збунувачки многу, секогаш мислиш дека може подобро или повеќе накаде таму, потенцира постојана недоволност, создава анксиозност дека нешто не си направил како што треба , или дека требало да направиш поинаков избор. Не би ни рекол дека ако си фрустриран си глупав, дури може да е и обратно, би рекол, колку си попаметен толку си пофрустриран. (иако може да се спори до недоглед, што значи да си „паметен“/„глупав“, што значи да си „фрустриран“)