Малку површно размислување. Луѓето секогаш размислувале за истите работи и страдале на истиот начин како и ние денес. Ако не беше тоа, уметноста ќе беше мртва. Не сме ментално поразлични од нашите предци само затоа што сме се нашле во точката на историјата каде што има интернет. Пак сме истите комплексни суштества на кои константа им е да чувствуваат емоции.
Ми се појави видео од американка која дошла да живее и работи во Германија. Вели, пречудно ѝ било сите што користеле Whatsapp а не SMS како во Америка. SMS? SMS?!
И каде го негирав јас ова ти што ми го кажуваш? Поентата ми беше дека секое време има свои проблеми и тоа што денеска имаме многу повеќе на дофат од порано не не прави посреќни, туку пак сме несреќни, депресивни и незадоволни, пак има некакво страдање. Само денес не се истите проблеми, барем за повеќето од нас.
Како некој кој е 3та недела без веце поради реновирање, само ќе кажам дека скоро сè земаме здраво за готово и стварно е вистина она дека тогаш кога нештото ќе го немаш ќе сфатиш колку ти значело. "1883" ми ја наштима перспективата дека живеам во топ ера и почнав многу поретко да се осеќам мрзеливо и тажно околу многу нешта. Поведени од моментални чувства, комплекси, трауми, хормони, итн, факт факат е дека често преувеличуваме, размазени сме и неблагодарни.
Знам дека веќе живееме во дистопија, ама не знаев дека речиси и да живеам во Black Mirror епизода каде морам да си „заработам“ заслуги за да не гледам реклами. Кај мене, секое второ видео е негледливо освен по повторливи реклами...И тоа сѐ од пред некој ден., не е само на една IP адреса, account, прелистувач. Имам куп блокатори за реклами веќе. Симнувам Brave, во моментот. иако сѐ ми е на Vivaldi, па да видиме. F*ing adds! Не сум единствен, очигледно. https://www.reddit.com/r/youtube/comments/1da6gaq/youtube_ads_have_gotten_even_crazier_than_they/
Ако не знаеш да употребуваш технологија ќе имаш проблеми. Се е до не знаење. Некој ти ги дал сите видеа на свет без да заслужиш а ти се нервираш. Имало реклами? Што е следно ќе се жалиш што неможе да ги допреш? Нормално е тоа?
Одлично, баш ми треба твоето знаење. Кажи ми како да ги тргнам рекламите од Youtube? Некој plug in, add on browser, DNS switcher, имаш можеби премиум акаунт да ми го позајмиш? Еве, мене ме нервираат рекламиве, не знам дали е нормално. Што е нормално? Што да допрам?
Порано не обрнувале толку влијание на менталното здравје (иако требало) поради итноста на други проблеми. Технологијата до некаде помогна да се разбере повеќе за тоа, но во исто време придонесе и фрустрациите и нервозите да се зголемат оти човек нема каде да бега.
Денеска значи се испостави то што бев во право пред точно 8 месеци. А целата приказна е, го имам даено малото дуќанче под кирија, и човекот што го држеше откако дедо ми почина, му дозволив да си остава и работи во двор, се со цел по 3-4 дена да ги раскрени, така велеше. Ама ништо од тоа.. Значи грубо земено му земав месечно по 50 евра, затоа што имаше месеци каде што не работеше, пример во зима, ама го чуваше за да не го дадам на друг. И почна да не плаќа, дома им реков одма после два месеци да разговарам со него дали воопшто планира да работи и слично. И следуваше : "Нее остај го че си продолжи да работи, кај ќе најдиш друг бла бла". Во ред им велам ко че му дајш на човек рака, цело лакто со се рамено ти го јади и пак ќе те погази, и навистина така излезе. Сега седнувам да ручам, и ми велат ајјј ако не јави му се и види дали ќе продолжи да работи итн. Сепак се 400 евра во прашање, во загуба на некој начин. Никогаш ама никогаш не ме слушаат од прва, јас сум лошиот, јас сум строг и импулсивен и еве што се случува.
uBlock користам веќе, другово ќе го пробам. Немам време денеска сѐ да прочепкам, но, фала ти за сугестијата! Koj browser го користиш, инаку?
Ќе си симнеш Revanced menager, revanced extended YouTube јас користам за телефон. Функционира како да ти е премиум. Мислам дека може и за компјутер не сум сигурна. Ти препорачале, не видов, ама функционира и да заглави некогаш вадат нова верзија и се решава брзо.
Еве дојде јуни и пак сите изненаЃени зашто излегувале змии по улици и дворови. Па луѓе најнормално си прашуваат со што да прскаат, како да ги убијат и луѓе најнормално им одговараат. Единствено разбирам луѓе што си чуваат кокошки и мали миленици и деца па ајде да се заштитат во двор. Ама другиве не. И како така труење на кучиња ви е психопатско и одвратно, а убивање змии сасвим нормално? Аа пошто кучето е мило и пуфкасто, змијата гадна. Ај оладете. Топло време+густа вегетација ги привлекува. Косете трева со време и ако видите само и само заобиколете ја. Без грижи, змија не можеш да испровоцираш со дишење или оти си трепнал.
@Космонаут и @FreeToGo Ова врши работа https://chromewebstore.google.com/detail/sponsorblock-for-youtube/mnjggcdmjocbbbhaepdhchncahnbgone за мене. Го открив преку reddit. Функционира како екстензија на мојот browser, на основа на crhomium. Вие сте ми препорачувале апликација за android (односно само за телефон), затоа не се разбравме, кога ве прашував за браусерот. Како и да е, нека стои ова, за некој што има сличен проблем. Фала ви, уште еднаш.
Колешка од 115 кила и една недела немиена коса партали ја направи другата колешка која си се одржува. Зошто одела на фитнес, не било здраво секој ден, била немајка затоа што со тоа ги запоставувала децата, зошто цело време косата и била средена ќе и паднела ... Значи chill out big mama, со кое лице кажуваш на жена од 60 кг дека нозете не и биле слаби кога ти изгледаш три пати поголема од неа? Некои жени апсолутно не ми се јасни колку сакаат другите да ги претстават во лошо светло, а не се гледаат сами. Никогаш не коментирам изглед, облека и слично да јадам буреци и намерно да наоѓам замерки на жени за да се извишам сама себе нема шанси.
Секогаш постојат такви (особено во машко друштво) кои се дружат со тебе, а ќе те направат од Г подолу за да испаднат фраери пред друштво и женски.