Љубителот на змии во мене потајно се радува на мислењево. Разбирам плашење од змии ама да мразиш и намерно да ги убиваш не. Самите змии се генерално плашливи суштества и напаѓаат кога се во опасност. Змија попрво ќе се повлечи и скрие кога ќе сети дека некој поминува. Во Македонија од 16 видови само една има отровна која живее пониско (другите две на повисоки места се). Скоро сите што почесто можат да се сретнат, како смоковите, се сосема безопасни. Крај краева, не оди во високи треви во пролет и лето, и дома дворот одржувај си го. Спојлер Ќе ме помислат луда знам, ама едно вакво мало би чувала.
Интересно прашање. Одговори има неколку. На секое едно прашање има по неколку одговори кои ги знаат многумина а никој нема да ги спомне.
Па да ама и не само тоа туку и нешто друго е во прашање, не знам дали има тема на форумот кадешто би поразговарале за креирања на јавни мислења.
Користам минимајзер. Но поента ми е да уживаш во удобностите и да не се замараш за минимални неудобности.
Што е минимајзер? Како функционира? Wiki, link, video, tutorial? Тоа што за тебе и минимум, може за мене да е максимум. Јас ќе одлучам за што да се заморувам. Фала.
Јас ги трпам последиците, се согласувам, и одлучувам дека треба да им оставиме простор на други луѓе овде, затоа што нема поента нашиот пинг-понг. Се надевам твоето знаење ќе му го пренесеш на некој друг. Јас не видов голема корист. Ова е последен одговор, за тебе, на оваа тема. Сѐ најдобро.
Не внимавам цела година на исхрана и физичка активност за на лето да иам beach body, туку за на раат да јадам сладолед и да пијам пиво.
Два вида се отровни кај нас - поскок и шарка, само на ист род припаѓаат (Vipera) Од некои неотровни па лошо е ако при каснувањето пренесат некоја бактерија па добиеш инфекција. Ја не дека ги сакам нешто многу само ете, се чудам на двојните аршини
Никогаш не ми беше јасно како може мојата коса да е толку специфична, секогаш разлетана, секој прамен на различна страна, многу многу тенка, нескротлива, и сува и мрсна, не држи кога ја пеглам, не држи ништо - не важеше ниедно правило или шаблон за неа. Стварно многу грда коса. Еден random понеделник во мај открив дека имам локни. И тоа баш убави. Буквално од прва ми се направија прекрасни, со ефтин регенератор и пена, не знаев дека можам да изгледам вака. Знам дека сум луда, ама пораката од ова ме направи многу емотивна. She just wanted to do her own thing, додека јас пробував да ја направам нешто за што никогаш не била наменета. И така. Изгледа дека откривањето на вртена коса е клучен дел од 20тите на една девојка.
Еве лето е веќе и стално читам по групи како самохрани мајки бараат поевтин смештај во Охрид или Дојран да го однесат детето. И ми текна на муабетот дека државата треба до полнолетство да финансира фамилии што добиле повеќе деца одеднаш како оние со инвитро што добија деца и си добија плац од општината. Па еве си се прашувам дали повеќе вредиш ако случајно со тебе се зачнат појше јајце клетки него ли само една. Супер за овие со 4кава, туку шупрајме со тие деца што ништо не добиле оти се единци? Ќе поттикувале наталитет... Ене ни отворија нов медицински факултет па здравје гинеколози од таму ќе ве пораѓаат.
На тема љубов, модерно дејтање, итн... Ништо што е а) за тебе б) вредно за имање нема да мораш да го добиеш, дефинитивно не задржиш, на долги стази поготово, на сила, со агресивност, его игрици и (квази) манипулации. Она што Е, ќе си дојде и тече природно. А да, и козависност и болести, како и повторување патерни (поради его/нарцисоидност, односно сје*аност у мозок/од трауми од детството или претходни искуства) НЕ е љубов. Така значи. Спојлер: . На некои не 1,и 10животи не(ма) да им се доволни за ова да го сфатат а ма добро.
Сдк напишав поема за момчиња со малечки .!. Момчиња Во тандем јавате евтини моторчиња Доцна во ноќта избива вашиот синдром на малечко .!. И кога со вашите евтини моторчиња Јавате по пешачки патеки Патеки на кои пешачат пешаци Патеки кои не се за лудо возење на моторчиња И да ги вртите нагло покрај пешаците И да го кревате моторчето на едно тркало кога ќе се доближите до пешакот Да знаете дека имате синдром на малечко .!.
Јас па не можам да сфатам како може да бидат самохрани мајки кога таткото е жив. Една таква "самохрана мајка" си доби стан од социјалното, ја имаше и во проект куќа со Кристина Арнаудова, едново дете е од друг, со него била во брак и се развела, второво дете и е вонбрачно од друг. Додека аплицирала за социјален стан, и пишала и на Кристина, и потоа и пишала дека го добила станот, ама не знаела како да го уреди, па и помогнаа и за внатрешно уредување. Се жалеше како не можела да работи, немало кој децава да и ги чува, а да ја видите со нокти, средена, нашминкана, дотерана од глави до пети, не ја знам лично, туку преку едни пријатели. Во емисијата глумеше дека нема, па не се дотерала толку. Како е можно на работоспособни да им доделат стан? Секоја година по одмори, а некои не можат детето да го однесат до парк.