Ллеелееее, ваква шанса не се пропушта ајде за ТЕА ТАИРОВИЌЌЌ на 12ти јули мислам дека е, че гори цел Прилеп!!
Грешиш. Ти викам сељачко понашање може и од град некој што е да има, не го негирам тоа, така е. Зар малку ги има такви кај нас без разлика од кај се. Ете, гледате како се палите. Кој се лупа у гради жити се? Не сфаќаш џабе.
па очигледно зборот е навредлив и имам слободно време да се расправам и кажам два три збора како стојат работите.
Зависи како гледаш на тоа и кое значење го сфаќаш. Нормално и намерата на другиот која му е. Убаво си кажа @Feminka22 ниту шиптар ако речам ниту провинцијалец не значи дека по автоматизам мене целта ми е да го навредам чоекот. Ама кој како сфаќа. Сте се научиле дека мора да подразбира навреда тоа, а не секогаш е така.
А зошто ви е тешко да кажете битолчанец за некој што е од Битола, или велешанец, кавадарчанец, охриѓанин? Дека нели, и тие сепак се од некаде, добро не од метрополата сКоПје ама пак се..... Од гратчиња дее... Зошто? Чисто ме интересира.
Знаете дека неколку теми за истово се затворени, токму поради ова што сега се случува? Само се нижат навреди и никогаш немало никаква конструктивна дискусија. Затоа, ве замолувам, не продолжувајте во истава насока, нема поента и на крајот ќе се изнавреѓате, ќе следува бришење и банови. Ако имате нешто неповрзано со ова да си кажете океј, во спротивно не продолжувајте.
Ајде нескопјани нека биде новиот збор, може? Да не се вреѓате вие надвор од Скопје, додека ги вреѓате луѓето од соседните градови, а па да не праам муабет за како ги вреѓате луѓето од локалните села...
Не е точно дека луѓето од другите држави воопшто не се делат на граѓани од главен град и провинција. Ама, знаат да го тргнат тоа на страна и да се обединат во битни моменти. Ние не знаеме и поради тоа првиве можат да нè зафркнат во сè.
Да не чекаш 26 јули, можеш да гледаш BRICS games кој се од 12 до 23 јуни, над 4500 учесници, над 50 држави што учествуваат, се повеќе наликуваат на олимписки.