Ова е Македонија Нина, биди реална. Кога ќе имаме доволен стандард можеби ќе прекинат овие муабети, до тогаш ќе ги слушаш. Навикни се. Обични муабети меѓу луѓето. Не викам дека не се кажани и поради љубопитство па дури и завист но обично ги интересира луѓето, чисто да видат дали би можеле или не истото да си го приуштат. Не можеш да ги смениш луѓето а, твое е како и дали би им одговорила.
Затоа шо сакаме да знаеме дали можеме и ние да си приуштиме да одиме таму?!Или па ќе одиме, па да знаеме како е?! Ти на одмор коа одиш, на слепо одиш, со 100 евра у џеб и без смештај, или се интересираш шо како? Ако толку ви смета да ве прашуваат, ондак не кажувајте дека ќе одите.
Добро принцови и принцези, знаеме дека вие од АјТи не ви се битни цените и живеете ко Буржуазија, остајте нѐ нас сиротињите да му мислиме дали е скапо или не.
Си го ценат луѓето трудот..Да не треба кога ќе останат без пари да се молат и да живеат од милостија?Не знам што е спорно тука? Или не го сфатив постот ко што треба?
Остај ја во нареднио пост се курчи како испод чест било ако разговараш за одмор дали е скап или евтин.
Значи не ги можам scam страниве што изникнаа во последно. И сами се издаваат, еве Што порачуваш VS што ќе добиеш. Првата слика лесен материјал, ликра, комплициран крој, а вторава сатен од пазар не купувајте глупости.
Прво и основно, никој од нашиве мајстори не плаќа данок, тоа ти се некаде 500 денари у старт украдени од државата, второ, ако немаат приходи други, можат комотно да аплицираат за мал милион типови на помош. Трето ако се “невработени“, здравственото им го покриваме ние. А да не праиме муабет како 5000 денари е сосем нереална цена за поправка на чешма, па ни на запад не се наплаќа до толку.
Овие се меѓу поокеј, бидејќи сепак сликаат Колку страни само уште полошо од слика а продаваат. А нема шанси да сликаат. Ниту па враќаат пари ако бројот не е добар. Особено откако научија за тоа стандард број? Како може да е стандард? Тој одговара на М/Л. А има броеви под и над тоа
Тебе па што толку те трогна фактот што данок не плаќале да ми је знати!!? Ти за себе глеаш,туѓ живот живееш?Остај тоа,утре они нек му ја мислат,битно ти да спиеш мирно навечер.... Па треба и да се огледате на нив алооооо,за ништо помалку од тоа да не прифаќате работа..Било каков хонорар...Е тек тогаш нема да кукаме како не стига за леб,како ни е скапо за одмор,дали бил скап или ефтин хотелот,како сме немале пари и други жалопојки...Ама овци..на велико.....
Јас сум провинцијалка, имате среќа шо сум мажена иначе ако ви дојдам во Скопје, сите мажи, дечковци, вереници и швалери ќе ви ги украдам.
Јас па баш мислам дека не само за пари се прави муабет кога се збори за одмор. Се прашува буквално се и сосема нормално е, за некоја дестинација за која се заинтересирани. Каква е водата (на некоја плажа), дали е чисто, дали е погодно за деца, какво е јадењето во некој хотел, колку е далеку плажата, и меѓу другото и колку кошта. Ама изгледа само на последниот дел се обрнува внимание, небаре ако ве прашаат вие ќе треба да им ги дадете парите за да одат на одмор.
Спојлер: Провинција - офф За темата со "провинцијалци", до сега кога се спомнало то, без исклучок, било со навредлива конотација. Зато "одма се палиме" на темата. И ако не можите да сфатите зошто после сите објаснувања - дел сте од проблемот. Ако сакате да гледаме на гравчиња во кој контекст го зборате - дел сте од проблемот. Нејсе, јас сум секогаш за земање на силата на глуп и деградирачки збор назад. Така да јас сум горда "проста" провинцијалка. Сакам да кажам дека ми се ближи времето до одмор и ментално веќе сум оптегната на плажа. Шетам низ градот. Ја "осеќам" енергијата. Пијам коктел. Јадам чоколадо со вино и смокви. Морам цел куфер да наполнам овој пат со чоколадото. Ментално сум распуштена. А за она со одморите. Имаше моменти кога не знаев одмор да закажам и луѓе ми помогнаа со муабет да наоѓам поволни работи пошто јбг не сум богата и јбг не ми е цел на работата во животот 10 дена одмор. И среќна сум да споделам кај најдов ефтино и убо за друг истото ако му е во буџет да можи да си го дозволи. Ко, никако не ме повредва ако кажам. Ништо не губам. Едино некој можи да добие. But hey, that's just me.
Младите луѓе, генерации,овде во Македонија, лакомат и жедни се за големи плати и функции, а празни се во главите, мозокот слабо го користат.. Мој заклучок, секако чест на исклучоците.
Повремено мора да праиш чистка. Чистка по дома. Чистка на апликации. Чистка на телефонски контакти. Чистка на профили по социјални. Чистка на луѓе од животот.
Фала богу дека ќе им го бркам гајлето, зошто јас да плаќам даноци и да допринесувам додека тие ја цицаат државата од 6 различни цицки? Да се огледаме? Па они не поправаат на комшиите, туку на наши луѓе тука. Утре некоја баба со 20,000 пензија да го викне, викаш треба четвртина пензија да и ја земе за една чешма? Или ако нема пари бабата кој ја шиша, нека и тече. Полошо нешто од нечесни пари нема, и стојам цврсто на тоа, и сите вака нечесно што пробуваат да инкасираат на незнаењето или неможноста на луѓето, ќе ги плукам и јавно и приватно.