Yass, тоа се бара, life on the wild side! И пица. И лимoнада. И замрзната лимонада / сладолед. И колачи. Зошто кој рече дека не може се заедно?
Затоа што тоа е понижување. Како што кажа некој член, не знам кој беше, зошто мора да ме нарекуваат провинцијалец? Зошто со тоа да си се мајтапат со мене? Тоа јас го сфаќам ко демек ,,ее јас дум од Скопје вие онаму од негде по пустелиине".
Сам си се навредуваш со ова, и мм е од помал град па не го навредува тоа. Па ајде кажи од кој град си, па пример ако си од Битола да те нарекуваме Битолчанецот, ако си од Куманово- Кумановецот, итн...
Да, се навредувам. Сите почнавте да ми се контрате затоа што реков дека Скопјани се дигнати цитирајќи едно чиче на канал 5 кое рече ,,Дошле од провинција, сакаат да возат во голем град". Па што е Скопје повеќе ај не од мојот град од Кичево, ама од Тетово, Куманово, Битола, Прилеп? А што е најстрашно и неговиот дедо, прадедо бил ,,провинцијалец" затоа што вистински Скопјани скоро па да нема, вистинските Скопјани што живеат 100-200 години таму се единствено Турците стара чаршија.
Па и ти ги навреди со тоа Скопјани дека биле дигнати, дека не знаеле да возат, демек во другите градови нема прегазување пешаци или сообраќајки бидејќи знаат да возат? А за тоа контра одење, не знам кој оди повеќе контра, дали ти, или другите членови, и во други теми одеше контра... Инаку да, сите потекнуваме од село и не се срамиме од потеклото.
Јас реков дека се дигнати, не им велам дека се заостанати како што тоа ми го прават мене. Да има и во други градови ама еднаш месечно, Скопје еднаш на два сати. Во случајов вие ми одите контра, не ме оставате да си ги искажам мислите, па мене тоа ако ме вреѓа, зошто упорно три дена пробувате да ме убедите дека не е навредливо? Ако ме вреѓа тоа ме вреѓа, џабе пробуваш да ме убедиш. За други теми најверојатно мислиш во темата за изборите каде не им попуштав на мицјовистите, а ти беше првата што ставаше ,,ми се допаѓа" на секое мое мислење, поздрав.
Па заостанати има насекаде, нема врска каде живеат, има што живеат и во село па не се заостанати, има што живеат и во сред Центар на Скопје, па размислуваат како во времето на прадедовците. Каква врска има местото на живеење со заостанатост? Па за другата тема можеби сум се сложила со твоето мислење, не значи дека и со сите мислења ќе се сложам, и таму имаше каде не се сложувам со некои твои мислења. Ај да не го тупиме... Поздрав.
Епа праша си ги твоите другарчиња членови зошто мислат дека само надвор од Скопје има заостанати па тогаш ќе збориме. Иначе не реков дека треба да се сложиш со секое мое мислење ама не биди апсурдна. Ај најдобро да не тупиме, поздрав.
Мвр, сликање за возачка. Тој што ме сликаше очигледно си има психички проблеми, пошто зема да се истура на сите што влегуваа. Не лев прст, реков десен, ДЕСЕН реков! Пензионир сиромав едвај стои а овој се дере. Влегувам јас, го прашувам дали треба и возачка книшка, бидејќи видов формулари во ходник и пополнив за секој случај. Не ми одговори, само го истутка листот и в корпа. Нормално ми побара лична карта и картичка за да платам, прво по грешка му ја дадов картичката за плаќање и он: ЛИЧНА реков, ЛИЧНА, сите глуви сте денес! Сељачиште некултурно. Ај што името ми го утна па и презимето па чкрташе во тоа тефтерот. Седи вика на столче тамо. Само што седнав чкрап, нит да ме почека да се наместам нит ништо, којзнае како сум испаднала, може мижам. За споредба, кога вадев нов пасош и лична ми се падна многу културна жена која дури и ме праша дали сакам да се пресликам.
Ме нервира што не сум одлучна личност. Две недели се мислам дали да одиме на одмор во Сутоморе, Петровац или Бечичи. Две недели, секој ден со таа мислам сум.
Моите живеат во Скопје 100+ години. И ми се допаѓа кога доаѓаат од други градови и села да живеат во Скопје. Пумпаат цена на мои недвижности и работат по скопски фирми. Градот се богати а со тоа и јас и финансиски и културно.
За некој ден и јас ќе почнам у Бајачки да барам жена што растура магии и бае против уроци и клетви...
Не ми се верува дека се уште постојат жени, значи не многу стари, 50+, срам им е да кажат дека биле на гинеколог, туку кажуваат "женски лекар". Па баба ми не кажуваше така. А ако е машко гинекологот, ќе кажат "машки лекар"? Пи*колог. Дали е табу тема да се оди на гинеколог? А можам да замислам ако отидеме на психијатар/психолог, ќе не направат луди. Затоа се случуваат и убиства, и самоубиства, од прост народ "што ќе кажат комшиите" си патиме. Секој треба да си има и психијатар/психолог, не знам што им е чудно на некои.