Да бев јас златна на место на полицаецот немаше возачка да видиш уште еднаш. Со бебе била, па ај да ја пуштиме. Ој прочитај малце физика и ќе видиш зашто нагло кочење или несреќа има многу полош ефект кај бебе него кај возрасен. Место да вози највнимателно, поспоро баш оти има бебе, дотичнава сигурно се карала па затоа 20 минути ја држеле Spoiler Иначе ќе кажам тука. Кај бебињата нели главата е голема во однос на телото. И при судир главата многу поголем моментум (залет) има да летне напред. И дури и да не удри во ништо напред, од самото залетување може и потрес, може и недајбоже внатрешна декапитација да настане. Али добро, госпоџава е сигурна дека безбедно вози.
Како да му се објасни на странец што е с'клет и промаја. И дека промајата и ладен бетон се број еден виновници за болест.
Промаја-Draught. Е с'клет ни на македонски не можеш да го објасниш. С'клет-можеби anxious. Дефинитивно јанѕа е најлегендарен збор. Ме јаде јанѕа
Некои мислат дека за нив не важат закони и правила. Пред некој ден во Кам ги слушав пред каса. Маж и жена (изгледа пријатели) си се жалеа како пајаци им ги дигнале возилата. Мажот паркирал возило на паркинг пред зграда во која тој не живее. Уште луто раскажуваше зошто некој од таму му викнал пајак иако овој му го зел местото. И јасно е зошто. Жената му се жали дека паркирала во некоја мала уличка пред туѓ двор, па се чуди како успеал пајак да ѝ ја собере.
с'клет (саклет) = anxiety, unrestfulness, unease, etc. Но, Billy туку мисли на концептот, на навиките на размислување, на културолошкиот момент, a за тоа ќе му треба многу објаснување.
Гинекологија е буквално наука за жената. Тоа што преку 250.000 жени во Македонија немаат матичен гинеколог е малку позагрижувачки отколку тоа кој како го вика.
Замисли твојата земја игра на Европско првенство, рамо до рамо со моќни репрезентации и ти место од срце да идеш да навиваш, одиш таму во униформа од терористичка организација и карти и знамиња на Голема Албанија. Пак нека е мАкЕдОнЧеТо криво оти биле угнетени и обесправени
Епа тоа е, затоа што им е срам, не ни одат редовно на "женски лекар", и срам им е да кажат гинеколог.
Многу сакам луѓе шо си ги признаваат грешките и накрај почнуваат да веруваат во некој и го охрабруваат за да постигне уште повеќе во животот.
Nah, не е тоа тоа. Секој јазик си има свој "шмек" што не можеш да го преведеш на никој друг јазик, освен ако не го знаеш и си го живеел. Иако зборот "с'клет" е уствари турски збор, ама добро, поентата останува.
Се согласувам за шмекот на различните јазици и неможноста сосема веродостојно да се преведат зборовите... Siklet, на турски! Еве, за тие што ги интересира, нека стои тука.
Вајбот кога после тренинг во 9саат навечер си пазариш овошје и зеленчук ноншалантно, зошто имаш тезги и пиљари што работат цел ден. Убавината на 21ви век.
Бејб, don't get me started, Слушај да ти кажам сеа, имам другарка нели, епа на другаркава биФшите почнаа да и се усељиваат во непосредна близина, зграда, соседна зграда, небитно,... Па сеа ти види. Значи зборот ми е односно, која бајачка би ја препорачале?