Види за млекото во прав немаш проблем, ќе си јадеш фета, треба да е поефтино само, ова другото со расипано млеко шо го враќаш назад нема да има ист квалитет плаќаш нешто шо не добиваш, а за последното зреењето не е законски зашто може да фати бактерија консументот одат на ризик и изврзани се да не ти цртам. Ја моето си го кажував ама продажбата си ја врши тој и неможеш да се мешаш. Иначе да по книга се им е по стандарди ама у пракса е друго
Најбоље е даде да си имаш градина и сама да си произведуваш, најголем причинител на болести особено ракот е храната. Широко е да не должам не е темата за тоа
Па ќе си ставаш ѓубре од животни и топ ќе ти биде Инсче у глобала кај нас добра е нема толку загадувачи со тешки метали итн
Да не прајме муабет и за присуство на афлатоксин во млекото. Ќе откријат, ќе повлечат една серија и толку, никому ништо. Ни казни ни бутур.
А тоа нема ни да откријат тоа е сосем друга тема, па и присуство на резидуи од антибиотици па и од антибиотикот се добива лошо сирење ехее така ако земеме долга е нивата Си се запрашала ли некогаш како во млекото откриваат а во брашното никогаш
За млекото ко шо знам стандард е да се мери АТ зашто габата што го создава токсинот најчесто се закачува на сточната храна, па токсинот се исфрла и преку млекото на животното. За житото веројатно други се стандарди, немам појма.
Јас читајќи го мислењево излезена од 11 до пред малку: Можеби, само можеби, некои луѓе имаат обврски и едвај го нашле и тоа време, ко едноставно седиш на кафе под сенка и си муабетиш не е дека на сонце се печиш цело пладне. А и не ми смета топло време толку. ¯\_(ツ)_/¯ Се смеам малце, не е дека ме погоди, мене ми е убаво пошто убаво си поминав.
Е па супер. Битно да не ги труеш тие околу тебе што не сакаат да излезат. Испиј коктелче едно и за мене хехехе.
По парче? Јас последно 7к кантата ама не знам колку парчиња има за да напрам ваква математика. Од продавница ми се грди сирењата па исклучиво од фарми земам(е) веќе години. Ама никогаш не размислив зошто се такви и дали секогаш биле оти секогаш сум имала опција за "вистинско" сирење. Едино "скапано" (мувлосано) и бри земам од продавница.
За килограм. Јас плаќам 550 ,земам дирекно од бачило. А за достава до тука да не правам муабет ама вреди, вкусот е незаменлив
Како ме нервираат овие германскиве програми, сите прикажуваат филмови од праисторијата и се е синхронизирано на германски. Ама до толку е лоша синхронизацијата шо кога улогите на актерите ќе се повредат и офкаат, ми се чини дека слушам порно филм. Мм повеќе пати има дојдено да ме прашува шо гледам оти и он истото си го има помислено.
Нз шо ќе прајме со понижување на колеги.. Иаме колега 2006. Кажуваат дека зборувал како ПЕ*ДЕР, ко немало да цркни, го имитираат како збори, потсмевање и сл. Тој кутриот исплашен.. Уште ваква тортура му треба. Фала Богу што е од дома, иначе овде.... Не бе, за нас само атомска бомба.
Јас неможам така да го научам, пошо ем шо глупи филмови даваат ем и за никаде е синхронизацијата. А англискиот така го научив, ама па они имаат предобри филмови.
А да отвориш ти една тема, како треба да си праиме сирење? Инаку од расипано млеко баба ми си праеше урда, ама млекото беше изворно не од тетрапак. По сите стандарди ќе умреме сите Сегде
Ако немаш када? И када со топла, ладна или млака вода пуните на пеколов? Обожавам потопла вода ама у када да седам на температуриве не ми иде некако што знам. Туш е друго, брзински и готово. Е да, се слагам, убаво би било. Ама на никој не му е гајле во реалниот живот, па да сака да го промени тоа, со чест на исклучоци. А воздухот, водата? Како да ги смениме и прочистиме нив и да бидат 100% здрави? Коа некој ми збори за живеење потполно здраво у денешно време... Не те разбираат они, знам како е. Што издржливи ќе беа бе и да не им влијаат лошо горештиниве, од каков материјал напраени се? Ама не сфаќаат и дека играчки си играат, штетно е Сонцето, па и температуриве не делуваат баш најдобро на организмот. За џабе вајда не апелираат да не се искача у најжешкото? Посебно коа немаш потреба ниту обврска некоја. И каков 19, тоа и после 20 - 21 ч е уште спарно, не се дише. После 22 најубаво. Огромен хејтер сум на вакво време.
Мене ми се допаѓа како се тука синхронизирани. Многу научив од нив. А за англиски и шпански да не праам муабет компрендес?