Горда сум на тоа дека сум млада, способна и капацитетна личност, со здрави и морални вредности! Се поретки сме, ендемски вид ќе не прогласат за некоја година....
Сакам да кажам а и воедно да прашам... Случајно паднав на муабет со пријател од друга вера (не е битно и несакам никој да потенцирам) пријател, кој што би се рекло на мравка не би газел ми вика дека државава ке била голема албанија, заради корист се кажувале тие шо не се македонци дека се, и дека сум била една од ретките шо сум кажувала со гордост дека сум македонка и слични детинести муабети од недозреани (шо според мене се). Муабет од особа во дообри зрели години. Јас ВТФ.... Прашањето ми е до Македонците, за друг не ме интересира.... абре до толку не си се почитуваме самите? До толку сите други се подобри и по се од нас?! Шо е проблемот со нас, меѓу себе шо се касаме и некој трет величиме несвесно, а некои не ни се до глужд шо би се рекло... Значи живеам во град каде што доминира македонско население, да не бидам грешно сфатена. Шо е проблемот со луѓево наши ? Освестете се и почнете од негде !!! Ако има некој нормален одговор би сакала да слушнам. Фала. Непотребни коментари и не ми се од полза. Зошто сме ретардирани бе луѓе? Изгледа вистинска е онаа на Гоце.... НЕ познавам друг народ кој што повеке страдал од предавствата на своите синови- ИЗРОДИ!!
Субјективно согледување е на околината на гледачот... Во моја околина најчесто среќавам претерано самоуверени и најпаметни и најспособни "националисти".
Луѓе секакви има, не оспорува никој и не можи сите да сме исти. Нити нарцисоидноста не чини да. Ама изроди шо не се почитуваат сами за некој од улица да генерализира за цел наш народ! Да се запрашаме!
Кукавицитеја наведуваат главата ко ќе ве видат,не ни ве поздравуваат вопшто. Немаат ни храброст да ве погледнат в лице, а камоли да речат едно здраво и како си. Кукавиците немаат образ.
Традиционално, секое лето го гледам "Blue Crush" (2002). За да си го наштимам вајбот за летото ко шо треба!
Деновиве се е во знакот на фудбалот, фановите од своите држави се облечени стриктно во дрес и така шетаат низ град. Хрвативе денес се почесто ги среќавам, секако според дресот одма се распознаваат. Со едни застанавме на бош муабет на улица и од нив следеше прашањето. Како е могуче да ги разбираме ние македонците они ко зборат, а ако ние збореме македонски они ништо не не разбираат. Маж ми многу се лути и он со хрвати збори само МАКЕДОНСКИ, како шо вели : ако не не разбираат, заеби, и ние нив не ги разбираме На прашањето : за кого ќе навивате утре ? Јас си кажав : Јас сум за Арсенал, тие ми се во срцето без разлика што првенство се игра сега. А маж ми бидејќи е фан на Рома до смрт, он останува да навива за Италија. И така, секој у своја шема, дресови на сите страни по улиците. Колега од работа беше ептееееен израдуван што го сретнам Мбапе , ми вика, лелел ми даде лајк со раката. Фудбалерите на Хрватска, Франција и Чешка спијат во ист хотел Хиперион , тој е одма до главната железничка станица и сите патишта водат таму, се обезбедено со полиција од сите страни. Фудбалерите од Португалија спиеја во Штајгенбергер Хотел, па наравно Роналдо педерчето мора во најскапиот хотел да спие. А од другите држави , пример фудбалерите од Италија, спијат во хотелот The Westin, тој е блиску до Зоолошката тука во Лајпциг. И тоа сакав да кажам, муабетот ми нема врска со тоа што сум најголем фан на Арсенал, еххххх колку ги сакам , тоа си е мојот тим There is only one team - A - R - S - E - N -A - L
Не биле изложени никогаш на нашиот јазик. Не слушаат наша музика, не гледаат наши филмови. Плус српско - хрватскиот бил службен во Југославија и поради цел тој influence ние ги разбираме. Иако, многу луѓе и не знаат да зборат српско-хрватски иако мислат дека знаат, и тоа го увидуваат кога ќе отидат во овие држави. Од друга страна, ние не ги разбираме Словенците. И они не не разбираат нас, ама српски разбираме и двете страни и сум претпочитал да го користам со нив. Нема ништо лошо ако знаеш јазик плус да го користиш, битно да се разбереш. Што би дал да можев да ги видам некои фудбалери во живо. Пример Сака, Деклан Рајс... Салиба. А, и да сум таму, да ја почуствувам еуфоријата.