Велат дека животот не е розов ,да не е и јас се согласувам но барем малце да си го направиме розов,добро немора да биде толку розов малце да надава колку да не не обземе сивилото .
мислам дека нај прекрасно е она чувство кога ке ја помирисате косата да осетите свежина , мирис на чисто ммм ке полетам до облаци од сите мириси нај убав ми е оној на кој ми мириса косата
А не дај боже да помислиш да си ја испеглаш косата,тогаш и ветер ќе дувне,а може и снег да заврне на сред Септември
Покрај фамилија, среќа, здравје, пари и така натаму љубовта ми е најубавото нешто што ми се случило во животот Have a nice weekend!
Рано сабајле, надвор истура дожд, ја у приватна 19-ка, цела поспана и болна, едвај собрав сили за на факултет, си седам таква пасивна, смрзната и стуткана и одеднаш се слуша: махи махи махи махи маааааааааааааааааахинално! Пампампампарам, парарампампарам! Лееееееееее! Шо да кажам поише... тоа е тоа.
Не знам дали е затишје пред бура, ама мирна ми е душава. Чувствувам спокој, кој одамна го немам почувствувано. Ја нема ни таа проклета болка во градиве. Се чувствувам исполнето. Љубам кога времето го минувам со шолја чај во неговата топла прегратка.
Сабајлево гледам луѓе намќори,лути,бесни.Зошто.Поради дождот. Мене пак ме сметаат за луда,кога ќе речам дека уживам кога врне дожд. Па си велам,што им е на луѓево,што толку им смета. Очигледно некои луѓе само се наводенуваат ,додека други го чувствуваат дождот. И да оној кој не сака дожд не ги сака ни книгите.
Во последно време почнав пак да наидувам на работите од прошлоста,божем што било- поминало ама очигледно не ќе да е така. Пак се ми се враќа како бумеранг,а на никого ништо лошо не сум му направила,незнам со што сум го заслужила ова ама навистина не е во ред.И јас сум човек како и сите други,не можам да го издржам веќе ова,Јас на сите со леб,а на мене сите со камења. Почнаа и пак некои анксиозни напади,што ме тераат повторно на самоубиство,не знам како ќе издржам ама навистина не ми е лесно,а дали и воопшто ќе издржам,немам веќе ни најмала надеж. Ве поздравувам сите и ви се заблагодарувам доколку и вие не ми се потсмевате,не ме осудувате,не ме навредувате и не правите шеги на моја сметка.
Епа пукнете бе неандерталци пештерски! Да оставаш мирис зад тебе кога минеш, или кога седиш да се шири облаче на нешто што не е наменето да мириса или благопријатно шири, во е*ан 21 век, е благо кажано, безобразно! Прифаќам изговор дека секој нема шампони со лаванда, купки со ванила, парфеми и спрејови од светски марки, дека бојлерот немаат можност да биде вклучен 24/7.... Ама основна хигиена бе мајко му, едно сапунче е 12 денари, на пазар ништо чудно и 5 за 30 да ги даваат, ќе се снајдеш и ќе се средиш. И да, имаш алишта за испаѓање, за дома, и за спиење. Не се валкаш по креветот со истите фармерки со кои си го влечел газот по којзнае какви локации, не ручаш со алишта за надвор и си заштедуваш малце на реноме и дигнитет кај луѓето со кои комуницираш. Дека не можам да те сфатам озбилно ако ми зборуваш а ми мириса на крофни. Проста работа, него тоа од дома се учи, не после третина живот поминат како пештерски човек. Па стварно не ми се верува дека кај и да одам мириса на пот, на манџи, на прженици и на немиено и небањато! Аман бањајте се, АМАН!
СДК т.е. да прашам дали успеаа со танцување девојките што играат во позадина ?! http://www.youtube.com/watch?v=B1GA3uLk4SA
Ногу си ги сакам цимерките Која екипа сме! Најучените и најпримерните ама кога сме слободни се смееме како будали.Денеска на пример,онака без причина се сотреме од смеење.Едно време па фризури си правеме.Сите сме школски и се заедно со правиме,а и имаме ногу заеднички работи и исто мислиме.Се знаеме еден месец а како со години да сме заедно! П.С Првиот тест во средна школа-физиологија,оценка-5
Исплачи се колкуу што ти може душата. Потоа избриши го лицето, измиј се, пушти позитивна музика и преправај се како се` да е префектно. Епа не е. Не може да биде. И да се трудиш најмногу, некој ќе ги забележи твоите очи полни солзи кои не си успеала да ги испуштиш и ќе те праша како си. Ти најверојатно ќе кажеш само дека такви ти се очите поради ветерот, и толку. Но зошто да дадеш таков одговор? Можеш да кажеш дека ти тежи душава, дека не можеш веќе да се преправаш. Зошто продолжуваш да се измачуваш себеси? Ти треба помош, ти треба прегратка, ти треба убав збор.
Она чувство кога ке направиш нешто што не треба. Аман бе Срцке,ко че прекијнеш со твоине глупости? Едит: Го напишав постов и го загледав.И тогаш си реков во себе зошто да постојат работи кои не треба да се прават?Зошто воопшто постои нешто што би можело да се нарече срамно,брукално,глупаво,лошо,безобразно? Е,така,Срцка.Веќе немаш граница.Прави што си сакаш.Ослободи се.Ослободи си го умот и срцето.Имам две опции: за секој ситница ке мислам дека сум треснала/направила некоја глупост или пак ке живеам. Велат еднаш се живее,но некои(како мене) си го скратуваат и тоа право. Е,така Срцке. Живеј.
Аман бе, денов воопшто не ми е погоден. Од утрово тргна на лошо и така продолжи. Покрај другите работи, бев и да барам саат за на рака, и како и секогаш ми беше многу голем, имам тенка рака, па не стои убаво. Потоа, направија уште една дупка, па тогаш беше таман. Но, не работеше, батеријата се расипала. Па и грлово ме фати. Дај боже утре да биде подобро. Сакам да заврне, да врне цел ден (без поплави ) , а јас со книгата и тетратките да си седам пред прозор и да учам, убавини. Добро, не делот кога учам . Убаво е чувството кога знаеш дека следното утро не мора да навиваш аларм. Ама пак нема да можам да се наспијам . Ќе се разбудам во 8-9 и натаму нема спиење. Лакот ми е излупен за сите пари, ама ме мрзи да го променам. Сакам да си легнам да спијам и да спијам цели три дена, ама не бива. Добра ви ноќ феминки.
Никогаш не научив да манипулирам со професорите и да се извлекувам кога немам научено (па дури и кога имам!) Ама никогаш! Баксуз бев во школо,и баксуз останав. Несретник сам од малена! Секогаш на испрашување,магично ќе почнат од мене,додека цел клас зборува на час и се дере,а јас седам мирна и за миг ќе си прозборам со другарката од клупа, ќе ме опоменат токму мене,на тестови,сите со тетратки на клупа а јас со неколку дефиниции напишани на раката, ќе ме фатат баш мене,а кога ќе им притреба некаква рекреација,баш во ПМС ме фаќаат да ми играат тенис на нерви И секогаш ќе се задткам,па дури и кога знам,ме фаќа трема и се вкочанувам,јазикот ми се врзува и мозокот ми станува пуст како Сахара. И четврта година лошо ми тргна. Учам,учам,учам,во главата ми рапува Еминем ајма рип дис шит тил мај боун колапс и ми се дере Вера од љубов,навика и паника: Ќе учиш додека не се онесвестиш,па ќе те полијам со вода и пак ќе учиш... И пак,ќе се најде некое ѓаволче и ќе ми ги поремети плановите. Имав една школска во основно која што секогаш знаеше како да ги зашемети професорите и никогаш не успеа да откријат дека таа,всушност,книга не фаќа А кога ќе научеше,ќе се врткаше околу основните информации прераскажувајќи ги со некои „паметни изрази’’. И звучеше одлично. И рецепт за ајвар да раскажуваше така,звучеше како некој научник физичар математичар масон илуминати Teach me,master! Планирам да ја побарам,затоа што вака не иде веќе
Се радувам кога ќе видам млад заљубен пар како еден со друг се надоврзуваат во секој муабет и се смеат од срце. Еднаш сум кажала и пак ќе кажам ептен ми е под ќејф кога ќе видам маж да си ја носи бурмата и кога другите го коментираат и му се потсмеваат демек се 'врзал' доживотно со жената он одговара: бурмата е за на рака,ако не треба да се носи нема да мора и да се купува.Денеска бев сведок на ваков муабет и душата ми се наполни. А нешто што се топам кога ќе видам: е маж ја вози количката со мало детенце во неа а жена му до него со рацете си го гали мешенцето затоа што на пат е друго бебче ахх Абее кои емоции ме фаќаат се потсмевнувам самата на себе и си замислувам како би изгледала јас во иднина Едвај чекам. Незнам што ми е ама во последно време се повеќе во глава ми се вртат некои такви фамилијарни сцени Мама што вика : жив Господ,и само здравје.Господ да им ги наполни рацете на сите за да ја осетат таквата убавина И мамита е срцка не викам не
Се осеќам ко Шазам, ебаго мајката Почнува песна од Ријана, јас си го пеам текстот. Почнува песна од Јашар, јас го пеам тексот. Почнува песна од Сариевски одма ја знам и изигрувам прудружен вокал. Уште од оперине пошто не разбирам и си пеам нешто на мој јазик ко мало бебе Така за еден дел од Гагнам стајл и ден денес одговорно тврдам дека вели „куретооо е народнооооо“ А бе, освен текстови на песни и регистрации на коли, другото селективно го меморирам