Sakam da kazam deka site me nerviraat i na site ke im dojde krajot... Stara cekalica si cekala ama nema da umram od cekanje
Го обожавам мирисов на дождот Самата свежина која доаѓа е на некој начин преродување од пеколниве жештини, летен тивок дожд е како шлагот на торта. Невреме како тоа сношти секако не. Едвај чекам да дојди есента и да се чувствува се повеќе мирисот на дожд, зимница а улиците да бидат покријани со златни лисја.
Искрено се надевам дека во лифтов метален пола на пола метро од 1984 нема камера, оти од такви кринџови никад не би се да се опораила...
А прекриена ти е камерата на лаптопот/мобилниот или не си го слушала ти СноуДен? Big Brother is always watching! Шо тајни криеш дубоко у себе Гош? Иначе, на прашање како иде, епа иде... Not another skinny B, not this baby no!
Долго време ми требаше да сфатам дека народот се дели на кучкари и некучкари... љубители на животни де
Eми наравно дека све е покриено, зарем ти сумљаш у мене... Али у лифтов личи ко да нема камера, барем така ја вака окативно што сум пребарала... А у себе дубоко кријам... @INNERBEAUTY...
Оваков е мојот воз на мисли; Прочитав нешто во стилот на "убавината во спомените е што секогаш можеш да направи нови убави спомени". И тоа ме погоди некако посебно, зошто за жал сум носталгичен тип на човек, често размислувам на "старите добри времиња" и често се осеќам како да не сум ги ценела минатите периоди доволно. И тоа ме натера да мислам на мојата декада 20ти години од животот. Специфично ми текна на слободното време, се утепував од гледање серии, играње кантер и читање книги. Е сеа шо е работата; еден психолог еднаш во моите 20ти ми кажа дека постојано сум бегала од реалноста, затоа што сум гледала серии, играла кантер, читала книги. И јас тоа си го "врзав во крпче" и го носев ко товар многу години, малтене до неодамна. Поради тоа што ми го кажа, постојано се осеќав виновно дека праам навидум бескорисни работи, дека си го трошам времето залудно, дека треба нешто друго и специјално да праам. Често се осеќав ко лузер, иако паралелно се школував, работев и заработував, излегував и се дружев, имав врска, патував, апсолутно најнормално живеев, без некои потешки проблеми. Поентата беше дека тие активности според психологијата се бегство од реалноста, бегање во измислен свет. Дозволив да ме убедат дека е така и кога не беше така. Тој муабет ми го сјеба толку менталитетот што дури и ден денес повремено го осеќам тоа чувство на вина и морам да се потсеќам дека океј е да правам ствари што ме прават среќна во моментот само и единствено поради тоа - моментална среќа. Сè уште иам многу работа околу ова, ама океј е, ќе работам, сега е полесно кога знам што сакам, си простувам и свесна сум дека треба да внимавам чии зборови ги прифаќам за вистина. И уште повеќе работа на бидување во моментот, пошо кога друг пат би бил среќен.
Има ли нешто поубаво од шејкгазм од бадеми ореј лешници, млеко , путер од кикиритки, банана, брусница и ладно нескафе внатре?!
Како освежи, е сега се дише полесно Вака да може секогаш да е. Која разлика еј и како ми делува убаво, а не оној пеколот одвратен Ајде вие зимурливите пуштајте парното ќе настинете
Го молам Господ да ми даде маж што не ќе сака да праеме фотосесија коа ќе сум трудна, да ме бакнува на стомак,па цел фб да знае.... Ејмин!
Сакам да кажам дека веќе сум спремна домаќинка за мажење, сакам да се омажам за некој што би ме почитувал и би немал никакви предрасуди.
После 4 години тек се охрабрив за една работа да видам до кај стигнала, која ја избегавав цело време. Секако дека не се ни надевав дека има нешто ново, туку онака само од љубопитство вајда. Се чудам сама на себе како издржав да не проверам толкав временски период, обично многу сум љубопитна ама ете што ти праи скршен мерак и разочарување. Да немаш ниту желба ниту воља. И кој кур ме тераше да се потсетувам на периодот бе.. Не ни вреди да се присетам дека се десило, е до толку треба да ми е небитно, а пак од време на време ќе ми прелета некоја мисла поврзана со тоа. И за кого и за што? За некој и нешто кое реално толку беше безначајно и тогаш, не пак сега. Останете во минатото проклети мисли, не ме прогонувајте.
На тие што им е убаво што залади (невреме што имаше), изгледа кај нив немало штети и поплава, па за тоа така зборат. Убаво што освежи малку, ама не е убаво невремето со огромен број на штети, паднати дрвја врз автомобили, на блиски билборд им паднал врз автомобил. И тоа е убавото? Подобро пекол отколку невреме.
Не пуштам парно. Ќе јадам ќотек дома Три дена по ред беше ужас. Пекол надвор. Вчера врнеше. Освежи малку. Јас стандард..... Проблеми со притисокот.
Најубава е умерена температура, до 32,33 степени... Неколку дена топло, па дожд кој тивко паѓа цела вечер Комбинирано