Во право си, ретко има луѓе, ретко кој знае за човечки емпатичен однос и да се биде генерално добар човек.. Море и општо има гајле им е за родители за се , освен за нивната свадба ..
Друг пример. Поврзан со тема свадба. Девојката инсистира да прави свадба, а нејзините едвај крпат крај со крај. Таткото невработен, а мајката вработена како хигиеничарка во училиште. И плус... Брат и сестра средношколци. Родителите и кажуваат дека немаат пари за свадба, ама неблагодарната ќерка инсистира на свадба. И родителите се задолжија по роднини за да и го направат ќеифот. И со години ги враќаа долговите.
Иста ситуација со една познаничка, нејзините немаа, таа запна за свадба, земаа кредит и направија, таа за неполни две години се разведе, а нејзините уште го враќаат кредитот.
Еднаш годишно мајка ми правеше дроб сарма. Многу пати ја имам гледано, процес беше тоа. Гадничок некако, но резултатот , кога ќе излезеше од рерна, па уште црцори, а веќе ја сечеме на коцки, делиме меѓусебе и додаваме одозгора кисело млеко, божанствен беше... Епа решив да ја направам, по сеќавање....нормално, наместо јагнешки црн и бел дроб, пилешки ќе ставам,што има везе....помнам дека се ставаше многу млад кромид,малку оривче, зачини, се вари, па запекува, јајца, ова она....па на јутуб нели има да ми пропомогне, креативност, личен печат, мора супер да биде.... Ее, не беше....беше грозно. Бидејќи некои нешта се совршени просто и треба да ги испочитуваме како такви. Класика. Си постои рецепт, па по ред. Си постои довршеност, заокруженост, било да е кулинарски специјалитет или можеби уметничко дело. Не мора секаде да паметуваме , поправаме, менуваме, егоцентични ли сме....
Тие земале кредит. Овие не можеа ни кредит да земат. Јас не можам да разберам.... Ако немам пари нема да правам свадба.
Не сме, како да ти кажам а да не пметувам ама другиот пат пробај со јагнешко дропче. Иначе можеш да си менуваш да си правиш по твој вкус, кога си можел да си го донесеш на маса можеш и да го направиш како сакаш да си го јадеш. Немам мерак на дропче ама како ти е опишано се лиги ми потекоа
Ни јас веќе немам мерак Си го расипав сеќавањето. Поентата ми беше дека не треба да се "поправа" нешто што веќе е совршено ...
Излегувам од зграда, и комшиите полнат кола до даска за на одмор . Мажот и жената искарани, . Двете дечиња уште со црвени очиња. Кој оди така на одмор? Кој живее така несреќно? Знаат ли дека тоа е несреќен живот? Или само децата знаат?
Тоа е 95 посто од македонци, ќе купам ајфон макар и леб јадел. Глупави станавме живееме за комшијата не за нас
Сите живеат така, караница е нормално.. мада и да си покољан и да не ти чини ништо, ти тераш бате “деца имаш” “ мораш за нив” , “ што ќе правиш сама”
Па нормално. Како така да не те види Трајанка дека си била во елитен ресторан. Ако може она, можеш и ти. Па ако треба јади дома леб и маргарин. И после ќе вртиш по телефони да бараш пари на заем за да ги платиш сметките.
Ама важно на одмор ќе одат. Секој македонец мора да се испокара пред да оди на свадба, слава, гости, одмор...