Сакам да кажам дека е многу тешко да го гледаш тој што го сакаш из дубине душе како слави Валентајн со некој друг. Тешко е разликата во годините да те спречува да ги искажеш чувствата, какви и да се. Тешко е оние 7 метри кои ги делат нашите прагови да ти се чинат како илјадници милји во моментот кога знаеш дека неговите мисли лутаат некаде далеку... Многу подалеку од мојот праг, од моето срце... Но и покрај се честит празник на вљубените парови и на оние вљубеници кои вечерва утеха ќе најдат во виното и солзите..
Роднина да не те фати на слика кога слика Не дај боже Абе убав, не убав, свиѓал, не свиѓал. Се оди на фејсбук
Бесплатен превоз за пензионерите и во недела. Мислим, шта речи? Избори се ближат, пензионери по автобуси ќе се нижат. Нека си купуваат гласови. Никогаш не ме интересирала политиката. Ама со усул бре малку! Што е ова? Па смачено ми е веќе од омаложувањето од страна на пензионерите. Цело време ние омладината сме неарни, неспособни, неамбициозни, невоспитани, глупави, користољубиви. Само тие се тие најпаметните. Да уживам додека сум во средно, кога имам бесплатно образование. После кога ќе треба да се оди на факултет... ќе ме бричат секој ден. Поточно не мене, туку моите родители. И секако моите нерви, ќе бидат бричени. А после тоа, за работа, не е битно младите дали имаат. Дали си седат дома со дипломи. Битни се пензионерите. Најискрено ме заболе, одоздола па нагоре, дали бил Митко или Станко на власт. И на кого може да му се верува, а на кого не. Ама навистина преку глава ми е. Секоја чест на оние прибраните дедовци и бабички. Жал ми паѓа, солзи понекогаш ми одат на очи, кога ќе видам некоја бабичка натоварена со вреќи, а нема кој да и` помогне. Ама оние што секој ден ми одржуваат лекции и што ради нив доцнам во школо, што се обидуваат да си договорат рандеву по автобуси... да, да! И такви сум видела. Уште во шест наутро ги гледам насобрни на автобуска, како на марш. Да фатат ред на лекар, групно? И крај! Моментално не ми се сите овци на број. Молим до крајот на денов, никој да не ме чепка.
Едноставно морав.. Otvorilo mi se vec više puta, i mada svaki put uredno nešto poželim, želje mi se baš i ne ispunjavaju. Negde je zapelo. Možda se ispunjavaju nekom drugom? Ne bi bilo prvi put. Nema veze, ne ljutim se. Dobre su to želje, šteta bi bilo da samo tako propadnu.
Ќе ви раскажам накратко една историја на кучињата во плен за Симона(јас секако) и шо до ден денес се прави... Си бев некаде 5-6 годишно девојчиште и ми текна ај кај баба на село ќе ом и ќе си поиграм со кучето вит да нејм Џони(не оној Џони Далавера на Гулабица,друго Џони)...Отидов јас така стросана и оп ќе си игра малечката Симона со ’’другарчето’’ Џонка Никаквица Кучешки....само шо влегов во дворот!Оп како месо на мечка кога ќе му даваат за да денца на циркус,така Џони со брзина на светлината се бркаше со мене како недоветен така збеснат..можи грда му бев во сурато,па збесна кучево Ко ми ја зеде јадранката(дека тогаш лето беше,сонце ме грееше,ама тој ден исто ко да не ме грееше),ко зеде да ја јади,џвака-абе буквално исто како кога јас да земам чоколадо или некакво месо така лапам како прв пат да гледам,е така милиот ми Џони ми ја изеде јадранката до пола и фифти сакаше да си ја делиме...половината шо остана му ја зедоа и..шо да речам..Бог да прости,вечен му контињер (и Џони умре после една година две ) И така поминаа години од тогаш,после некаде 7-8 години се бркав уште пет пати со кучиња и фала му на Господ ете жива сум денес И тоа е многу фасцинантна историја...како Римјаните ко се тепаа со оној Ханибал на слонот качен,така јас водев кучешко-симоновска војна која сега е во пауза заради турските серии изгледа можеби седнале некаде кучињава и гледаат турскиве серии и така не ме меркаат...нека гледаат таму Татко и синови,Сулејман Величанствени,Малечка,средна не знам каква невеста,Ништо или се таму тие квизовите само мојот живот да си го живеам на раат Денес ако се појави куче шо ќе ме засака,го частам секој со по 1 МИЛКА чоколадо ете така 1,2,3 фала пријатно
Ако си среќен, конечно после толку време, не се радувај. Животот ти спрема шлаканица, да те врати во реалноста. Биди среќен еден ден, утре ќе е лошо, многу полошо. Ама ќе биде и добро, од добро на подобро. А кога се стигне до најдоброто пристига лошото, ни се смешка. И сето тоа се повтара, повторно и повторно. Again and again until we die. Еден ден си горе, другиот си долу. А јас на овој ден само сакам да има некој до мене, само да знам дека сум сакана. Да гушнам некој, да пиеме вино и да ги имаме тие долги досадни разговори. А потоа, да заспијам во негови прегратки. Да се вратиме во реалноста.. по осамена сум од било кога, затоа го мразам овој ден. Браво Џенифер, експерт си за рушење на сопствено расположение.
Денеска животот ми дарува една нова шанса,за нешто поубаво. Ќе пробам да ја грабнам шансата и да се потрудам да не ја изгубам.Можеби ова е почеток на нешто подобро.Па да,всушност таков е животот.Полн со шанси и изненадувања. Mood:Happy
Знаете за оние хорор приказни, отишол на операција за слепо црево се разбудил со ампутирана нога? Епа, да скратам долга приказна, денеска кога си го бранев кучето во борба со друго куче, јас излегов уапана. За секој случај, ај да се јавам на лекар, кажувам по телефон што се деси, не сум повредена ама имам исекотина на кожата кај коленото да не ми треба некоја вакцина. Дојди во два попладне да ти удреме нова тетанус. ОК. Одам во два, ме вика сестрата да влезам. Јас соблекувам палтото и она ме прекинува. Чекај не се соблекувај веднаш, пап тестот гледам не ти е на ред до септември, да си поправиме муабет за симптомите прво што те тераат порано да дојдеш. - Кучето не ме уапа таму ма сестро, на коленото ми е . Ми стави вакцина, се смееше како ненормална, ја поздравив со се гледаме во септември. Она вика супер, а јас тогаш ќе извадам шприцот да те вакцинирам. И смешно е ама не е смешно, на човек страв да му е што муабет се дешава откако го успијат. На оваа бубрег и вадиме денеска? Вози ја на десно крило сала два. Аааа не чекај чекај, вратете ја навам, бемка и вадиме. Упс
Ја само Трифун поштувам. Пошто Валентин,ден на вљубените,и кога ќе раскинеш,пак виното е тука.Значи Трифун anyway. Како и да е,a nice day today.
Некои работи неможеме да ги контролираме,неможеме да се соочиме со нив,незнаеме како да реагираме и постапиме. Па баш затоа ова авантуристичко и долго патување кое поминува како за секунда се нарекува живот. Навистина чудно,времето се мери во години,месеци,недели,денови и часови. А сепак ние го чувствуваме како да поминало за секунда. Мојата мајка вели ‘‘ Mојот живот пола помина,а како вчера беше кога те родив,ти веќе стана голема девојка,но секогаш ќе бидеш моето мало детенце‘‘.. Искрено чувствувам како и мојот живот бргу лета,кога се навраќам наназад во годините,во мојот скромен и краток живот,многу работи ми се мешаат. Што и кога се случило,но тоа е мојата историја. Кога сме веќе кај историјата,сите сами си ја пишуваме сопствената историја,сите сами одговараме за нашите постапки и кажани зборови. Се што се случило пред некоја секунда е веќе историја,некои денови и моменти неможат да се вратат. Камо да постоеше временска машина,да можевме да се вратиме во времето,да ги поправиме работите што сме ги згрешиле,тогаш се ќе беше прекрасно,животот ќе беше совршен,но ќе настанеше и голема мешаница. Сакав само да кажам дека зборовите многу болат и печат,а некои зборови толку можат да те израдуваат па и да те летнат до небото,а толку многу напишав...
СДк дека ми здосадија сликите по фејзбуков од вино чаши као демек мнооогу љубов ... бла бла .. па добро бе на саканиот не мора да чекасш да дпојде Валентин да му подариш нешто... а сега што е оваа ??? ДОбиле некоја ружа букет , и ајде на фб штрак штрак ... потоа свеки од романтични вечери и незнам што ,.... а што не ставите слика од коа ке завршите после вечерата што правите ... барем да знаеме кои пози ги правите ... еј сфашта лигуши невидени ... Чувах го онаа најинтимното за себееееееееееееееее.... не мора да знае цела јавно( предвреме им се извинувам на феминките кои веќе ставиле слики од нивните вечери и подароци ..... Spoiler И јас добив подарок, .... патем не го сликав .....
Периодов ми е многу досаден, ама ете денес денов убаво ми почна. Другарка ми за св. Валентајн ми направила поклон.. ми купила чоколада, земала се намачила кутрата нацртала наша слика. Каква беше таква важно од срце беше. Утре сум на свадба. многу се израдував, ми се игра ми се пее, одвај чекам. Највозбудена сум бидејќи ќе поминувам низ неговиот град ај се надевам ќе си го видам симпатијата. Барем да му кажев.. море ќе фатам по улица ќе му поминам, ако е таму шок че го стрекви. :geek: Видов како паѓа ѕвезда, си замислив желба. Може да претпоставите која е така ? Добра ноќ, убави сништа. Ве гушкам.
Само што го заспав брат ми,читајќи му ја книгата Агата Мистери и тој во моите прегратки заспа. Сеуште ми текнува,кога му менував пелени,кога го хранев со кашички(добро не јас мама,јас се плеткав таму како свекрва некоја )кога наместо вода викаше та,се сеќавам на тоа кога прооде,се сеќавам и на неговиот трет збор,дада,толку милно го изговори,се сеќавам и на неговото прво запче,па кога плачеше,ако имав 7 години,се ми текнува,во последно време многу работи од минатото ми се вртат низ глава.Кога помина тоа време,а сега веќе тој оди на училиште,почна да го бара лап-топот,за да гледа цртани на него,иако не му дозволувам,мал е,не сакам уште од сега со тоа,има време од 9 години нека почне и јас од тогаш почнав. Ако порасна и сега не ми вика,ајде дадичке те чекам,да ми ја раскажеш,Снежанка,Црвенкапче(така ги викаше он ) и многу други приказни,а кога ќе му речев не можам,велеше дека не може да заспие,доколку не му раскажам една,па сакала нејќела му раскажував и ми викаше дека јас најдобро ги раскажувам,подобро од мама и тато,и сега вечерва јас го замолив него,да му прочитам нешто и да го заспијам,сакав да се потсетам на тоа не толку дамнешно време. Ти порасна,но за мене ти засекогаш ќе бидеш моето мало братче. Душо моја,срце мое си ти,сега веќе не ме ни гушкаш,голем се правиш,ако ако кога ќе те фатам да те гњавам нема каде да бегаш. Те сакам,знам дека знаеш и ти кажувам по 503423981 пати на ден,ама навистина те сакам...
Ноќва Вчера Завчера Претходниот месец И тој пред него и оној по овој после: Ми се шета! Ми се работи! Ми се пие! Не ми се спие! В куќи не ми се прибира! Ми се смее! Ми се вришти со луѓе! Самa не ми се останува! Ми се вози во такси со прегласна музика и шофер кој знае да молчи како верен пес ми се вози од Скопје на жолто до Скопје со црно прешкртано со отворен кров и флаша вино во рацете во три сабајле. Со прегласнa музика низ ветрот ми се плаче! Ми се смее гласно во истовреме! Ми се вришти без луѓе и насамо кога градот спие. Ми се кружи низ Скопје послем. Ми се јаде снег. Ми се оди на лозје утрината и ми се лижат листови од кокиче. Ми се оставаат сите пари што ги имам во моментот ко под икона под неговото стебленце. Mи се моли пред него Ми се клекнува ѓоа радост или благовест ќе ми донесе. Ми се моли на колена со очи затворени ѓоа не се тоа листови ами реинкарнирано ангелче. Ми се пишува со кажи прст на земјата легнат потем. Ми се пишуваат најубавите работи кои жена може од маж да ги чуе. Само не ми се зборува за мене со никого! Само за мене не ми се зборува. Само за пештерата во градиве не ми се праи муабет. За срцево! За малите бели црви сите со ликот негов кои роварат во него внатре. Само за тоа не ми се прави муабет. За црвите кои ријат во срцево со очи како неговите! Сите до еден! Само за срцево мое не ми се зборува мене. Или за него... Исто е.
Имам огромна желба за трчање. За трчање на кеј зборам. Штета што оваа желба ми се појавува само во доцните часови кога нема апсолутно никаква логика да се оствари. За да ја потрошам енергијава некако почнав да си разигрувам низ дома на house music. Се надевам дека нема некој комшија да ми се појави на врата со изговор дека не може да спие заради музикава
Што е тоа што ве тера да носите евтини кучурајски од вештачко крзно елечиња? Мора да е тоа некои си ваш рурален ген што вреска евтинасум-амамислам-декасум-јакацуца. Еве не знам како да ве објаснам, а друго е што е сооооу ласт сизн!
Занесен од Љубовден заборавив дека е викенд,а јас се спремив за на работа нцццц,бев малку со друштво пиевме вино,и им викам морам малку порано да се вратам,утре сум на работа,сега ми текна дека е сабота,тоталка сум значи Пс значи во подсвест ми е влезена работата.
Инфантилни верувања дека се живее во демократско опшество. Секогаш кога ќе помислам на тоа дека некој е убеден во истово ми се крева коса,ми се реве и ми се дува машето од смешки. Факт е дека сме марионетки,зборувам глобално! Демократијата е запишана само во книгите и си стои таму,бел ден не е видела.Или само изговор за уште поголема прикриена контрола
Кога и да се уклучев на форумов имаше активни теми. Се чудам и си велам каде се луѓево, што им се случило? Па после ми текна. Еј да беее Сабота ееееее!!!
' Незнам што се случи. Пробувам да заборавам на се што поминавме, пробувам да ги заборавам сите заеднички моменти, пробувам да не се сеќавам на твојот лик. Но зошто како некоја сила повторно да ме враќа на тебе, а несакам. Не сакам да се вратам кај некој што ме повредил...не сакам да продолжам да бидам твоја игра. Ме отфрлаш па се враќаш. Како да продолжам да бидам со некој кој ме бара само кога ќе посака. А ми викаш дека ме сакаш, каква е таа љубов проклета. Ти не си свесен колку ме боли секој твој муабет, секое одбивање, а како будала неможам да се откажам. Зошто? Зошто е тешко да го прифатам тоа, и да се откажам, зошто тоа ми е тешко? А ти подарив се, љубов голема колку небото, искрена душа и очи само за тебе. Зарем јас не заслужувам да бидам среќна?'