Животот е прекрасен и вреди да се живее. Секогаш постојат моменти кои ќе останат длабоко врежани во срцето на еден човек. Насмевката е најубавата шминка на една девојка.
Според она што гледам, слушам и читам, на добар дел од женската популација паметот им е сконцентриран на рецепти за јадење, прости математики за на пазар (собирање и вадење), и кога ќе размислам, се повеќе сум убедена дека некои едноставно не се за она поучното туку за она простото, рекла-кажала кое се обидуваат да го презентираат со еден многу лош и катастрофален хихириху хумор бидејќи за друго не знаат и не се ни обидуваат да дознаат, попрво грците ќе ни дадат 12ка на Евровизија отколку тие да се сменат кон подобро. И, многу ми е незгодно кога ќе видам жена со титула која е така опасно облечена и нашминката, што помислив Тори Блек лично дошла по грешка на научна конференција, а ме убива туѓиот срам кога ќе отвори уста и следи само потврдување дека Шекспир од шестар не разликува... донекаде и ја оправдувам бидејќи памет од такви како неа не се ни очекува. Жена која не кренала ништо потешко од маус и добро се снаоѓа единствено во овие дисциплини не е паметна жена, а јас понекогаш сум едноставно изморена од обидите да ги прикривам изразите на гадење од лицето додека слушам разговори со длабочина изразена во милиметри. Ме интересира каде отидоа оние луѓе со кои можеш да зборуваш со часови во взаемен восхит и без никаква желба да се разделиш? Се изгубија, или се губам само јас?
Не би можела да живеам во невидливи решетки, макар и да бидам чувана како кралица. Затоа не знам кој е повеќе за жалење? Дали оној кој живее во невидлив кафез ,или оној кој го чува клучот? Човекот не е човек, ако не е слободен сам да одлучува за своите постапќи, без разлика дали се работи за жена или маж. Бракот и врските не се ропство да се разбереме.
Не ја отварајте душата на промаја, ќе си ги настинете емоциите. Oдбирајте ги внимателно луѓето кои ги пуштате во вашиот живот. сдк, внимајте на кои луѓе ја отварате вашата душа. Некои као да ве жалат кога ви е тешко, а кога ви е арно нив како да им е тешко... Чисто колку да си кажам, без лице правење, пријателството е важно, само кога не е лажно.
Имајте убава Сабота, прошетајте се! Ви посакува Беки. П.С. Таа веќе се прошета, се извалка и си помина убаво.. ама кога се врати, си помина... не толку убаво. Следен пат, ќе си знае што ја чека кога ќе се извалка.
*Подобро направи го она што го мразиш а мораш порано, подоцна нема да сакаш кога ќе сфатиш дека правилата се за прекршување. - Dreams.678 Ужасен ми е деновв, обично саботите ги користам на најможен разумен начин. Може и стварно не требаше вчера да идам.. А стварно зашо отидов? За после да тагувам дека морам да се вратаам аа а? Епа тоа е, мора.. Хм, не сакам бе несакаааааам. Оф, да не постоеше школово, сеа ќе си водев безгрижно детство, ама и тоа шо викаш, па и неписмени не бива.. Ех, подобро друг пат да не идам, за да не се нервирам коа ќе треба назад. :geek: Или па, да ја средам најдобро шо можам собата иии, коа ќе си дојдам убаво да ми биде. . Тоа е едно посебно место, незз, толку го мразааам, а толку го сакам Хм, ОК! Ќе преживеам и дома.
Довербата мора да се заслужи со години, а не да се подари. За жал, за некои тоа е само бескорисен подарок.
Година дена како помина за ден и средба со мајката и таткото толку работи се случија неубави и една најубава која ги преминува сите тие лоши работи што ги доживеав и преживеав. Кога се случува нешто ново сакаш тие личности кои биле до тебе во секој нов чекор да бидат пак до тебе,ама ете возрасна лиЧност стануваш и одиш сама напред во животот,напред во предизвиците пред тебе. Цела година дена раблти се случија без да ги имам мама и тато до мене,да ме утешат,искарат,охрабрат и тн...... Задовона сум што ми се случи најубавото за цела таа година МОЈАТА ХРАБРА ќЕРКА Утре со господ напред идам за мак возбудена среќна радоста после година и 2месеца ке ги гушнам мама и тато а тие едвај чекат да ја запознат внуката. Е па мили мои посакајтеми убав пат и со добро да стигнам а моето следно пишување ке биде од дома МАКЕДОНИЈА!.
СДК .. јас спремна. Видно вознемирена, расеана, вцрвенета, треперам, се тресам бре! Комбинација одбрана, намирисана, а тој во воз. Во стомакот некој вид на војна се води. Добра музика, демек за опуштање. Е, ај нека ме опушти. А, и дома се` е спремно и по дома се чека тој саатот. 2 тробици, исто толку и куфери, ранец. ‘Потстанарот‘ ќе ми оди во Странција. Денес традиционално направив чај од боровница. Да го одбележиме денот. За мене официјално почна и Фликсоназе перидот од годината. Се гледаме во Јуни, тогаш завршува!
Ти не си ти, ако шеташ или седиш во автобус со слушалки на уши и притоа не влезеш во филм како да сe наоѓаш во некој музички спот, со разлетана коса од ветрот, патем можеш и по некоја фаца полна со емоции во склоп со песната да направиш...
Имам толку многу чувства, а толку малку покажувам од нив. Многу сум чувствителна. Ако осетам дека некој друг е тажен и јас се натажувам. А не покажувам. Никогаш нема да се разберам. Секогаш кога треба усно да изразам како се чувствувам ми е тешко и не го правам тоа никогаш. Зошто е толку тешко кога чувствата искрено се кажуваат? Почнувам и не можам да се искажам и запирам. Станувам како затворена кутија. Што човек ќе бев? Изгледам како за ништо да не ми е гајле, а се грижам и се повредувам, и тоа многу. Не плачам, а ми се плаче. Се смеам и кога не ми се смее. Не покажувам чувства, а ги имам.
Едно вакво + добра книга + ќебе... Ама воопшто не сум расположена за ладно+жешко ( влегување и излегување од кафич),гласни музики и нафурани луѓе....И оваа недела ќе ја пропуштам журката во градов..едноставно не сакам вака...ни работа,ни пари,ни дечко,ни асолни другарки СДК почнав денеска да одам во едно приватно училиште,гооолема благодарност до газдарицата која воедно ми беше наставничка мене...вчера ми се јави и ми кажа дека денеска ќе почнам со спремање на 1 дете...само што ги заработив првите 100ден За плаќањето за октомври ќе видеме.....Како и да е...минимално,минимално... Фала Господе ! И сега ми фали...онаа најубавата поддршка....машка
Сакам да се глупирам, да се смеам, да се сеќавам, да пеам на цел глас, да бидам со саканите, да излезам и да одам се додека не ме држат нозете. Сакам да танцувам по патот на животот.
Драга Математико,(пуста да останиш ) Се мислам каде би ми користело во живото:икс на квадрат па тие ипсилон во дропки па чудната голема тројка шо се пиши така клинесто,па то пи чудото шо и во хемијата го има(сегде си вмешана вегета една вегетосана!)Види вака,јас не сум терапист.Сама решавај си ги проблемите!И смачено ми е да ти го барам твојот екс.Прифати го фактот дека е готово.Терај напред,батка
Добро бе жени, свадба не е крај на светот. Друга се мажи, ти одиш да честиташ. Не да си кралица, не да слабееш 3 недели по тој повод, не да потрошиш пола плата на маж ти или полошо, пензијата на свекрва ти, за да купиш фустан, чевли, шминкер и фризер. И нормално накит за тоа што останало. И жити се, зошто, о зошто, носиш виолетов или жолт фустан и твојот брачен партер го заебуеш у корен СО ИСТА БОЈА КОШУЛА? Ко маркирање територија, ко да си одговарате, демек тој е чешлето во твојата коса, твојата чанта што треба да одговара со чевлите, твојата тока на венчето?! И затоа тој кутриот личи на Кире бананамен или како да се сминал од јоргован... Зошто не можеш да трепнеш од вештачките трепки? Зарем мислиш дека твоите далечни роднини на свадбата кои ги гледаш само на свадби и погреби ке доживеат ренесанса од тоа колку си се сменила откако си се омажила? Дека веќе не си дете и не ти течат мрсули, туку имаш и вештачки трепки. И зошто бре жено цело злато е на тебе наредено, и твоето кога онаа змијана свекрва дојде да те побара за снаа и кога те нареди ко злато да не си видела, и она од кумата и од мајка ти и она кога те кршевале па баба ти ти го дала? Па светиш ко југословенски лустер. Сигурно ке викаат сите на колку богато место се омажи, па и златен заб имаш,а не знаат дека тој ти е во знак на извинување оти белиот ти го скрши оној во жолтата кошула. И зошто, оф леле, носиш сандали со хилахопки, па пртите надвор ти излегле на пајдушко, цела си се запотила, на мустаќите капки имаш, и после неколку саати, фрлаш штикли и боса скикаш на циганчица? Да не случајно во близина се крие твојот учител од играорна, па браво ке ти каже? Па биди дама, мајка му стара. Па не си оди со пола трепки паднати од пот. Не сакаш да бидеш третата најзборувана фаца на свадбата, после невестата, мајка и или свекрва и (со клише фустан и заповеден тон) и ти. За мајката и свекрвата на свадба, роман ќе пишувам. Честито нека им е на младите, ако прават по втор пат свадба, горенаведената нема да ја викнат. Затоа на 10, 25, 50 години свадба има малку луѓе покането. Момчето и невестата ја изгледале снимката од свадбата пред пак да канат гости.
Значи никад нема да бидам среќна,никад,никаддд,никаааад! цел живот ке си живеам како проколната,на моменти се прашувам што ли сум му згрешила на Господа па за да живеам вака,преку глава ми е веќе