Или ако не бидат мирни на гости дека ќе ги вратат дома. Ама ова беше порано, во наше време, сега децата и да се качат на маса на гости, родителите не реагираат, мува не ги лази. Со чест на исклучоци.
Такви гости не примам дома. Маж ми ми викаше дека не требало да реагирам. Ама си доби следовање. И сега не смее да писне.
И ова е точно, ретко кој е вистински родител, сите се смеат како е слатко се додека не падне на глава, или као 7 годишно вртиши пентари или моментот на неучење на основна култутра него дете е.. аха важи
Или изговорите кога нивното дете ќе направи некоја беља.... Ништо страшно. Дете е. Е па сестро златна, така може да се однесува кај тебе дома. Ако сака и на таван нека се качи. Кај мене дома нема така.
Јас пишував во друга тема за тие децата немирни, мајкава си грицкаше семки и не реагираше. Потоа кажа "деца, се кај мене ѕидот се е со дупки". А бе тебе цела куќа нека ти е со дупки ако сака. Е не знам што правеле за ѕидот да биде со дупки.
Така де, ако не ти е воспитано и БОЛНО поши и настинка ќе течат е малце кашла нос тече ништо страно, чувај си го дома нека се качува на глава на баба и дедо и нека им кашла
Еднаш ми дојдоа гости кои беа настинати. Кашлаа и киваа. А тие гости беа деверот, јатрвата и двете нивни деца. Откако си отидоа го подбрав маж ми. Оттогаш не идеа болни.
Никако мозоков не запамтува кој месец колку дена има, дали 30 или 31 и кои месеци се тоа Добро освен за февруари што знам дека има 28 или 29 ако е престапна година. Да не видам на календар или да не ми каже некој стварно појма неам, не се зезам. Толку работи памтам и што треба и што не треба, ова никако значи, не ми фаќа кликерот ич за ова. Сто пати сум се трудела као да запамтам и не.. Веќе не се ни замарам, коа не иде ама зашто па да не иде се прашувам и што е толку комплицирано?