Само што влегов во зграда, одма намирисав дека уште еден поштен домаќин или домаќинка има исто ко мене пуканки за ручек денес.
Многу добро се осеќам што како матичен доктор имаш можност да пружиш целосна поддршка на семејството што има член болен од карцином и да му помогнеш со совети, известувања освен медицинска должност што имаш секако. Ми иде и да ги гушнам
Ме депримира секој еден апел за помош на некого. Посебно кога ќе видам мали деца ,бебиња па абе срце ми се кине да можам не да донирам ами да ги ислечам сите би била најсреќна. За жал можам само минимално да донирам и да се молам.. А деновиве па се толку чести ,ухх
Двајца старци, преку 60 год. имаа сигурно, исушени, побелени, зборуваа во еден дуќан дека едниот ја бркал жена му од дома, а другиот праша зошто го правел тоа. Зошто многу се здебелила. Откако почнала да плаче, решил да не ја избрка. Бре, што се не држи земјава!
Овде ќе ти реплицирам, да не одиме во таа тема оф-топик. Здравствениот систем е во речиси целосен колапс! Едвај нешто функционира… Се кубури со хируршки сали, апатати за ехо, КТ, МР и најважно КАДАР! Најискрено кажувам, за 5-10 години(ако вака се продолжи) ќе имаме многу сериозен проблем со медицински кадар од секое ниво. Меѓутоа, овде не ги обвинувам само тие на власт кои раководат, туку и нивните послушници и многу голем дел од медицинската фела поради тоа што е штама, ги нема за жива глава. Ретко кој од лекарите со долгогодишно искуство даде поддршка на специјализантите кога протестираа. Воедно, се разочарав шо и специјализантите си легнаа на брашното откако минатиот министер за здравство ги искара. Исто така, пред некој ден, гледав на вести каде матичните лекари се жалат - ќе немало кој да ги наследи, се затворале ординации и сл., а ретко кој МЛ да понуди добра плата! Почетна(и најчесто фиксна) плата за МЛ, шо работи како втор лекар во ординација, се движи од 25000-30000, тек-тук 35000 денари. Се на сѐ, намногу сум разочаран од медицинските работници кои ретко даваат суштински отпор за нешто да се промени.
Како е можно апарат за ЕХО да немаат? Ехо...не збориме за не знам ми ти каква машина со триста чуда него наједноставно ехо, првата дијагностичка процедура при гоолем број на болести Мајке ми. Едит: Јас кога прашував за работа по сите ебани клиники, сите ми велеа девојче ова е државна институција, тешко тука за работа...оЌе. Битно кадар фали.
@Waverly Raven се согласувам со тебе. Здравството моментално ни е на раб на пропаст. Нормално дека останатиот кадар во државно ќе биде исфрустриран. Нема апарати, нема доволно кадар, не се вложува во ништо. Уназад години ни е веќе распад систем. За да се почне со суштински промени мора од корен. И да се тргни непотизмот затоа што семејни стебла го запоседнале клинички. За жал докторите кои завршија не со врски туку со знаење ни ги голтна Германија, а другите заминаја во приватните. Затоа секоја година ќе слушаме колку исселени лица имаме од државичето, ќе слушаме како се намалил бројот на првачиња. Разочарувачки е и образованието. Ќе бараат строгост на матура, а каде е вложувањето на наставниот кадар во подобро образование за нивните ученици. Младите се иднината на една држава, но ние прераснуваме во држава на пензионери.
И мене ми беше желба здравствен дом пред некоја година ама мн јасно без врски не може. Јас не познавам ниеден колега без партија, фамилија, емотивна врска или сл да се вработил на државно А да и според етникум
Во животов најубаво е да си ја тераш својата песна и да не се замараш за ништо друго. И само смирено, нема потреба од бурни емоции. Излади си ја главата, број до десет, ако треба да одлучиш денес, нека почека до утре. Не брзај. Издиши. Пушти си музика. Не се нервирај за глупости, животот е прекраток. Не си ти тој што треба да го менува светот, ако се трудиш да ги исправиш нештата само излегуваш конфликтна будала на која не и чини ништо и сите и се криви.
Шо к очекувам памет од народ што мисли дека лек за настинка и останати вируси се антибиотици и истите ги јаде за доручек, зачинет со аналгетици а за десерт се заблажува со бензидијазепамчиња ставени на редовна рецепта од матичниот на другарот на сестрата или евентуално позајмени од партнерот по пат на братска делба, додека со цел слабеење или дебелеење пие терапија наменета за астматичари евентуално лекарства за намалување на отоци или пак анти алергени, ама во исто време верува дека протеини во прав се ХеМиЈа или евентуално стероиди. ВаТаФак
Земаат брзи кредити, а не сакаат да ги вратат. И прашуваат дали ќе ги бараат на телефон. Не, ќе ве чешлаат.
Ако ко млад те мрзи да праиш добри ствари за себе, што ќе биде на постари години? Не, не, не го разбирам тој менталитет. Да те мрзи да си склопиш оброк, па да јадеш што било. Да те мрзи да го мрднеш газот, да прошеташ. Да те мрзи да поводиш сметка што праиш, иако си свесен дека многу работи не чинат. Не, не, не ја разбирам таа мрза да свесно си штетиш.
И милион години да поминат, притисок од постарите секогаш ќе има кога ќе наполниш 25+ години. Што чекаш? Ние сакаме да сме млади баба и дедо? Ајде, ќе дочекаме ли и ние свадба? Ќе дочекаме ли и ние правнуче? Време ти е, гледај ја Стојна второ чека среќно мажена (инаку Стојна останала бремена на 17 ја земале едвај и маж и се р'ска со секоја втора). Која е потребата од овој притисок? Можеби некој воопшто не се гледа во тој начин на живот. Можеби некој не е спремен. Зошто го "трубите" тоа на некој кој воошто нема моментален партнер??????? Оставете човек да живее во моментот, да прави тоа што го исполнува. Мразам планирање и програмирани работи. Мразам да правам нешто што другите мислат дека морам. Не сум спремна, сеуште го чувствувам детето во мене. Работам, возрасна сум, готвам, перам и сите работи за една возрасна жена. Од друга страна секогаш трчам од паркинг до дома навечер бидејќи ми е страв. Секогаш кога останувам сама дома навечер доаѓа другарка или дечко или јас кај нив, бидејќи ми е страв. Милион работи поради кои сеуште се чувствувам ДЕТЕ и тоа е во ред. Нема потреба од притисок. Секој ќе направи се во свое време и кога е спремен.
Јас не разбирам како може луѓе што се неписмени, прават поткасти и другиве што ги следат им се идоли, па поддршка им даваат за партија, за претседател итн.
Да се смеам или да плачам. Во вода живеат и змии, и ајкули и китови и делфини. Не човекот. Ние им одиме во домот, не они на нас. Сеа и делфини ви засметаа бе. Шо се праите на будали
Да се смееш Феминке драга да се смееш, за да не заплачеш. Добредојде во академскиот свет на возрасните(бонус Балкан едишН) !