Видов некој пост од атлетичар колку било тешко да се квалификуваш да трчаш на Бостонскиот маратон и викам чеј да видам баш колку е време (не оти некад ќе го трчам де) И гледам ова Шо, овие небинарниве автоматски послаби се од мажи или шо? Ами сите 344 рода кај се? Хепи сум шо глупостиве уште не стасале тука. Или дај да ги прогласиме ВизЕр и сите спонзори на спортски настани трансфобични и измислени-родо-фобични.
Јас сум нулта позитив (0+) и немам проблем со комарци еве, не ме касаат, ретко некој, еве летово ќе помини немам никакви траги ни убоди ниту ме има каснато, а ме нервира тоа шо се досадни и напнуваат кога ќе почнат да ти вртат над глава ко авиончиња Многу се лоши тоа шо се најголем преносител на болести.. мали суштества а големи штетници.
Годинава мене и комарци и муви више преку глава ми се дојдени. Мувите не касаат ама немаат осет, јас ги бркам тие пак идат и тоа на место баш кај што најмногу иритира, на пример на малото првче на нога...
Како иде времево и како читам некои теми, се повеќе сум убедена дека луѓето повеќе ги погодува раскинување со партнер одколку смрт на некој близок
Ниту сум крупна, ниту се потам многу, ниту сум нулта крвна група па каде и да одам ме касаат. Јас па знам многу постари што нон стоп пијат алкохол па комарец ги нема каснато.
Ме нервираат луѓе што кога ќе објават слика ја споделуваат на стори уште една недела секој ден после тоа. Значи секаде ми излегува сликата ре-објавена 100 пати. Ја видовме, уживај. Не мора секој ден да ни ја споделуваш. Уште во микро што не ми излегла. Лајкови ли збираат не знам ужас.
Инаку изгледа малку бедно кога излезени во парови секој втор збор на некоја е како едвај чека да ја запроси дечко и да остане бремена иако темата на муабет не е ниту 3% поврзана со тоа. Исто во женски муабет што го спомнува дечко и наместо ЈАС користи НИЕ. Под 1. не ти е тоа муабет за пред сите, ако ти се брза на само ќе му кажиш а не пред сите на човекот да му ствараш притисок дали купил прстен, дали штедел пари за стан, не му била реновирана собата требало мебел да купите итн. Под 2. од гз не те удара затоа што си напорна. Под 3. немаш живот.
Море арно шо напраиле, оти почнаа да се занасаат да тужат оти не им давале у женски спортови да учествуваат... Се чувствувале дискриминирано...
Јас сум се од горенаведено освен алкохол пијам еднаш во 2 недели, но и кога излегувам, комарец ме нема каснато летово.
И така седам со една другарка на кафе, муабет овоа-оноа. И ја слушам, како е восхитена од нејзината директорка, ајде да ја наречам така. Како она била многу модерна, какви прстени носела, како секогаш била убаво нашминкана, секогаш нови алишта. "Не е се до тоа. Кажи ми како те плаќа? ", ја прашувам' " Па, не сум осигурана, така само одам на работа по 4 саати...." Жено, Божее. Битно е да е дотерана и сл..
Обожавам кога ќе се разбудам со јака главоболка и ќе сфатам дека воопшто неам спиено поради болката. Добар почеток за добар ден. Пред да заспијам си размислував; кога правиш добри нешта за природата, помагаш за одржување на планетата. Колку ситни и да се нештата, големи се бидејќи се залагаш да штитиш една планета. Планета која е дел од огромен универзум. Ете те тебе таму некаде во универзумот, на некоја си планета, правиш колку можеш да помогнеш. Си се родил ко човек, дел си од постоењето на тие битија на таа планетичка. Исто така, ако имаш дете, придонесуваш да живите битија познати ко луѓе, продолжат да постојат. Како било, колку и да е краток животот, дел си од човештвото, и колку и да си малечок, дел си од универзумот. И тоа е неверојатно. И колку и да мислиш дека постапките ти се безначајни во големата шема на работите, сепак се многу значајни. Привилегија е да постоиш. И одговорност. Па битно е свесно да се трудиш да допринесуваш што е можно поквалитетно и попозитивно.
Работи на кои што многу често размислувам: 1. Живееме во симулација.. секој ден е скоро ист, се прашуваме каде отиде неделата, месецот, годината итн. 2. Free will - the supposed power or capacity of humans to make decisions or perform actions independently of any prior event or state of the universe. - Колку забораваме дека имаме опција на сопствено размислување и право за што било, за секојдневни ситуации - ко еј да бе МОЖАМ да го направам тоа.