Од сега бакшиш и во бутик, и во маркет. А зошто тие не ни дадат нешто гратис на секоја голема сметка?
Се надевам нема овие од администација да почнат да оставаат кутии за бакшиш. Таму најголемите Каренс работат па замисли не оставиш.
Од аминистрација тие треба бакшиш да ни дадат за сите претрпени нервози, несреќи и отепани минути во чекање од животот. Со чест на исклучоци, ништо во мене не буди агресија како кога некој дреме на шалтер и ништо не работи.
Поарно да му платат на некој и да им прави стресови во тој месец дена, неголи да си се трујат со *сомнителни* капсули.
Веруваат дебели мрзи кои не сакаат со гз да мрднат да подослабат малку. Нека гледаат утрински емисии од оние со јавувања во живо секој ден, стресови ќе имаат колку им душа сака. Е сега дали ќе ослабат или ќе завршат на друго место ќе покаже времето
Истите тие кои мислат дека бајачките и гатачките ќе им ги решат проблемите наместо тие самите да преземат нешто.
Ниту еден дебел човек не сака да е дебел, колку и да пробува да смени нешто, едноставно не може. И сигурно тие "дебелите мрзи" имаат некоја причина што станале дебели.
Има да, и од болести и од терапии, ама има некои и што си кркаат и гајле немаат, не внимаваат на исхрана воопшто.
Овоа не е само у Мк и во Де е исто.Шпионите добиваат поголеми плати,омилени се кај шефовите,добиваат поголеми позиции итн.Мислам и самите шефови без вакви не би знаеле ништо, вака овие се им кажуваат. Мене ми се одвратни.
Ама сигурно не си се сакаат такви. Дебелината не е луксуз, туку повеќе би ја нарекол болест. (Не сакам да навредам никого, сакам да речам дека имаат поддршка затоа што знам како оди тоа, и јас сум се борел со дебелина.)
Никој не сака да биде таков, знам многу што се борат со дебелина, ама даваат се од себе, знам дека кај некои не е ни од храна, знам по мене, јас бев премногу слаба, не сум се борела со дебелина, и од стрес се поправив малку, а не јадев, ама познавам и што гајле немаат, си јадат мрсно, чипсови, благо, сега мора да се јаде, не може да се трпи, ама со здрава исхрана, едноставно на некои метаболизмот им е таков, мајка ми и една другарка се и сешто јадат, и благо, и газирано пијат па слаби се. Порано јас бев таква, не внимавав, јадев се и сешто и слаба бев, не дека и сега внимавам, ама леб не јадам, многу ретко, благо па скоро воопшто не обожавам. И јас те разбирам тебе и сите што сте се бореле со тоа, дека дебелината не е од јадење само, може од терапии, од стрес, и тоа е болест. Извини ако ме сфати погрешно.
Ама од стрес може и да се поправи, зависи. Ама дека некој ќе ослабне -10 килограми од капсули и чаеви, тешко.
Ми текнува кога пред години прв пат пиев Розе... Идевме кај бившиот у стан, ќе сме готвеле пилешко со кикирики и ќе сме имале секси тајм, yeah right... Седнавме да јадеме, една, две чашки, биднаа скоро две флаши, вака као нишо не ми беше, си лапрдавме со саати, и коа станав, само се вратив рикверц на столчето... Он кутар умре од смеење и ме стаи да си легнам, и не знам шо тајм имаше после тоа, али секси немаше... Ок, имаше утредента, али не беше тоа поентата... И така, коа пијам Розе, строго у контролирани услови под надзор на стручно лице, да не се брукам по народот.
Не значи дека ако си го стаиш г'зот на Инстаграм си јака фуфа или ако ги покажиш мускулите. Особено ова последното важи за мажите. Тешак је овај живот инфлуенсерски...... Арно имаше едно клипче на Инстаграм. Сега не се оди на психолог и психијатар, туку се праеш инфлуенсер, си стаиш атрибутите на изволте и то е то. Си собираш срциња.
Дечко = личен шофер фореверрр Пред да ме нападните положена сум 8 години веќе и возам, ама passenger princess сакам да сум
Нема што да се браниш, кој те нападне за ваква глупост има проблем со себе си. Ја неам положено и сите дечковци ми биле лични шофери, и уживаат во тоа