Луѓе како говедава што кршеле реквизити во детски парк во Центар треба да лежат затвор. И да им стои таму вечито во досие. Или чукни ги дебело ама дееебело по џеб. Имам и порано кажано, ако во едно општество не знаеш да се понашаш цивилизирано, туку ко недолечен од Бардовци, не заслужуваш никакви бенефиции од тоа општество. И гајле ми е што биле деца. Дете во мозокот нема моторна пила да понесе со него од дома. Овие се тешки дивјаци.
Да, се сложувам, поготово со болдов. Првиот знак на човечката глупост е немањето срам. Втората, давање била каква релевантност и внимание на првото. Или што убаво пиша @Feminka22 пред некое време:
Кои деца овие накај 20 годишници ми личеа мене. Јас сум за ќотек онака доаѓа полиција прво ги крши од ќотек после прашува зошто. Ние сме само за оној од Кореја чинам беше,со таа рака на ти ја скршена. Тогаш дури ќе дојдиме до некој ред.
Евеј се последиците од тие секташите ко десингерица што ги слушаат децата. Точно, само некој ко Ким ни е спас.
И ја сум за ќотек. Надвор не можам да излезам без да видам гнасни дечишта, машки, да се понашаат безобразно и да провоцираат. Родителите во денешно време се неспособни и не ме чуди што вакви дечишта уништуваат се што ќе допрат. А да ги видиш у тоа фаците, грди ко дрво, уште се курчат и прават девијации. Страшно.
Девијантно однесување секогаш постоело. Не е тоа одлика само на денешните родители. Јас не се сеќавам во моето детство да имаше здрави лулашки некаде. Разликата е порано што пример имаа редари поставено на јавни површини. Ама сега се перат пари ако наново направиш лулашки. Така да проблемот е пак системски. Ако поставиш редари, нема да има вакви проблеми. Сакам да кажам има поедини родители кои растат деца, а притоа не треба ни да се размножуваат првично. Не генерализирај цела група на ,,нови" родители.
Ќути, страшно, страшно. И таа младина, некој ја расте и воспитува ваљда, и утре нели, ќе има можност да се размножува и има старателство над деца и идни генерации бе. Пак, тоа погоре од Феминка, да не ја цитирам пак. Евентуално да се самоцитирам нели.
Абе ако сакате земете и утепете ги и децата и родителите, они може ќе престанат па после нови ќе дојдат. Се е џабе додека нема закон во државата. По една камера да се стави и кога ќе ги фатат од снимките, да ги одерат една голема парична казна на родителите а децата малку на одмор во малолетнички затвор па да видиш дали така ќе праат. Нашле село без кучиња и нормално оти така ќе се понашат. Гледат и учат од постарите, оти и постарите исти гомна праат кога знаат дека нема закон.
За сѐ ли е чаре? Најстрашно е што ваквите млади и нивните родители најгласни се на тема патриотизам и промовираат етноцентризам.
Скраја да е патриотизам за младинава зборам ред и култура се нема тешко нас по15 17 год трева пушат продаваат поише на апарати у кладилница него ли фудбал да се игра кошарка не е битно
Сите сакаат брзи пари се стремат ти кажав на криминал не адектватни работи само самите сме криви денешниве мало деца по 5 год горе доле цел телефон знае дс го користи и глупости гледање ако ги остаиш не внимаваш ја со томиџери израснав
Да том и џери ти даде семејни вредности и те научи на култура. И јас имам растено со телефон и компјутери ама не одам да кршам детски игралишта
Сеа прам муабет со една другарка, мажена едно 6 години. Леле, зар можно е? Не ми се веруваше. Ми кажува мамин син бил он. И го типува детето и ајт јас заминав да возам точак и в парк ќе одам. Ти еве шетај си со другарката ти и со малиот. Пошо таа е од село, имаат нешто за работа, он си идел таму на релаксација, ништо не помагал. Идел демек као само за детето да си играло со другарите. И на крај пак дојдовме до заклучок... Тоа е ТИЕ СЕ САМО МАЖИ. И ова ти е баш маж од 40 години. Не знам поќе шо да мислам за машкиов род. Се само бегаат од обврски. Ма, да не генерализираме. Секој е различен.
Нема врска со семејни вредности ине зборам за кршене и ја ко бев мал и тогаш се кршеше тие шо беа фаци а сеа се никој и ништо муабетот ми беше зашто не уживаат во своето детство во склоп со своите години него други мисли и работи праат се менјаат времињата многу побрзо него ли ние деца ко бевме