Не. Насилството раѓа насилство, често уште полошо од првичното. Имам спомнувано такви примери на форумов. Решението е државата да ги дотера или да ги смени законите. Построги закони што ќе предвидуваат подолги казни. Треба да има и некаква опција со подостапна психолошка поддршка. Дури и одењето кај стручно лице да се направи задолжително во некои ситуации.
Не го знаете? Ама не е и тој крив, тој само си користи. Замисли деца одат, му плаќаат за тој да им фрла со чорапи и со патика да ги удира по глава.
Која полиција кој полицајци во Македонијава.. Кај стигнат нив ги тепаат, лани едно дете полицаец за сламка спаси живот, на болница под апарати беше пола месец, колегите се тргнале на страна, дур стигнала посебната за засилување, овај во безсвест. Али ова е последница од тоа шо е примен по партиски основ, а нее за полицаец, ама станал. Сум за умерена полициска бруталност доколку е потребно, полиција е, не ќе толерира дивјаштво, башка го штити уставниот и државниот поредок на државата и редот и мирот на граѓаните.. Ама полицаец со 60кг не може да биде полицаец, полицаец од само 6 месеци обука т.е 9 се ама има и теоретски дел, не може да биде спремен утре да се соочи на улица со криминалец, бандит, убиец, итн. Имаше една германска емисија "Achtung Polizei", полицајците прави горили, широки колку врата и високи колку една врата. Или оние од Калифорнија LAPD, LVPD, под регуларна опрема од прв степен на безбедност носи полицаец позорникар или патрола со панцир, шлем, полу автоматска пушка во возило обавезно. А тука по обична кошула си се шетаат и капче. Башка се бираат по партиска основа, пријателска и некој ќе подплати, е така нема правилна селекција, наместо да се избират квалитетни и спремни дечки и девојки, тие кој стигнат ајде полицаец, аа овај од ДУИ ајде џандар.. И сум против насилство врз полицајци и полиција. Полицијата секој еден го штити. Не може некој му текнало ќе ги вреѓа, пцуе или се пресметува со службеник. Треба повеќе да се заштитени полициските службеници од правен аспект и да се прави правилна селекција за да се има спремни полицајци подготвени да се соочат со секаква ситуација. BlueLivesMatter.
Колку некои луѓе не заслужуваат деца. Цел ден пуштени сами немаат никава контрола врз нив. Децата некултурни, прости и уште какви не, ама не се тие криви, родителите се. Мама и тато, фала што ме тепавте на време.
Фала Богу не го знам сум имала попаметни работи. А децава шо го плаќаат имаат ли родители ? Оваа гнаса има ли родители? Се ибегано од ѓонија бе... ццц Е тоа да ,ни слика ни прилика се денешниве полицајци една познаничка што се плашела од истрели и прва бегала влезе во полиција ја гледам викам свесна си дека ти треба да спасиш човек од ситуација а не да бегаш ,вика да и се смее... За ништо не не бива...
Ние сме под српска хегемонија од осамостојување. Преку музика, портали, медиуми ни креираат менталитет, мајндсет, однесување. Кристијан Голубовиќ - идол на помлади и постари, каков цар еј. Генерации растени со гранд. На локални, културни (лол) манифестации нашиве се предгрупа на Саша Ковачевиќ. Пушташ тв, турски серии или српско талент шоу со превод. Во трендинг на јутуб одиш, српско (или албанско ради малцинството). Имаме уште неколку соседни земји, но не забележувам некоја голема медиумска застапеност или симпатии кон нив, напротив дури забележувам одбивност кон нивното (истокот можеби по бугарското е повеќе, особено Струмица). А пропо Десингерица, ликов е апгрејд на Цеци, Јелени, Лукаси. Оние кои ја слушаат Цеца се згрозени од ликов пошто бутал нозе во уста, не ради музиката. Имам познаничка која е мајка и имаше некаков критички статус за ликов, загрижена за младината, за децата. Истата ликуша е главна во Борис Трајковски на Ацо Пејовиќ.Да слушала џез и поквалитетна музика, ќе и беше оправдан револтот и статусот. Немаше да пишувам како србофоб ако од нашиот северен сосед ни доаѓаше нешто друго освен тој фолк шунд, ваљда тоа е најлесно за конзумација, особено ако еден народ е со низок iq.
Оф бе, Диџеј Крмак за сиромашни бил најголем непријател на денешнава младина... А ја мислев тоа се нежниве родители шо даваат децата и ним, и на нас на глава да ни се серат само оти јаделе две чушки као деца. Или шо им даваат по цели денови да дремат на копјутери и телефони, само да не ги смараат. Или терористиве, убициве и силувачите, криминалците и крадачите у Влада шо истиве родители ги гласаат и газот пот кирија им го имаат даено... Али не, ние никад не сме криви. Све се чудиме како некој нешто правел, прави и ќе прави, а ние со прстот у газ си седиме. Али ако, малце ни е.
Дали за да станеш познат ЈуТубер, прво треба да си педофил и мањак, или прво треба да си ЈуТубер, па после стануеш педофил и мањак?
Што се смееш? Не сфати. Членот DS10 пиша дека само некој ко Ким ни е спасот. Мислењето е одговор на тоа, не на неговата прва реченица во која го спомнува Десингерица.
Зависи Трагедијаупмм за кого праша? Ако прашува за Ким, одговорот си е во ред, ако прашува за десингерица не убаво сте се разбрале.
За Десигнерица праша, пошо го направила со темни букви. Значи таман си е моето, десигнерица - лидер на северна кореја
Пак не разбра. 1. Десингерица е, не Десигнерица. 2. На кого и да мислеше Трагедија, одговорот се однесуваше на втората реченица на DS10 (на шала аман, па и ова го содржи), не на првата со Десингерица.
Е аман ма ти, шо си толку буквалиста . Земи насмеј се малко смешно е И разбрав јас убаво, ти не разбра за кој се зборува. Кој и да го прочита ова така, ќе помисли дека мислите дека десингерица е лидер на кореја
Се најдовме во муабет со една познаничка на фб пишувавме и викам еве на море сум деновиве и ми вика... А, во што седиш на плажа и во што се бањаш, има таму машки, така те гледаат во бикини...? ........