@Adidas888 , @DS10 Ади, не разбираш, па и Десетче го збуни. Дали треба да ти/ви нацртам? Во мислењето е јасно за која реченица се однесува, плус го има емоџиво . Значи, треба да ти/ви светне дека е шала.
Е арно, важи. Знаеме дека е шала, ама ти изглеа не разбираш од шали. Како и да си мислела не е битно, туку како е напишано е смешно .
Порано да станеш полицаец требало да исполнуваш услови,соодветна висина тежина,претходна проверка од службите каков си како човек,последново и за поштар да станиш се проверувало.Покасно се воведе средно полициско .Таму во интернат,ред и дисциплина ,после 22 часот клуч на врата.Во училиштето предмети за стекнување на вештина за самоодбрана и совладување при отпор. Полицијата беше за пример и почит.Навечер полицајци редари. Во 23 часот како девојка ,патрола ме застанала додека одев пеш до другарка,се грижеа за наша безбедност. Откако се се исполитизира,најголемите тепачи на избирачки места станаа полицајци и први другари станаа со познати дилери. А оние што вистина заслужуваат и ја сакаат таа професија ги елиминираат уште на обука,за сметка на другите.
Колку е само болно општествово во кое живееме.Да јадеш и да си принуден храна од сендвичари кои ќе те отрујат. Имам нива, следниов период ќе посадам за мене зеленчук кој ќе го искористам за поздрава исхрана.
Хахаха да за него прашав ,Ким знам кој е ама се ми е страв дека ќе го згрешам Ме изнасмеавте најважно ,денов како ми беше посран .
Сакам да кажам дека не сфаќам машки пријателства (генерализирам, нормално). Скоро сите шо ги знам машки пријателства, ретко се различни. Се запознале рандом во основно и станале другари и од тогаш дури и кога се свесни дека некој е токсичен за нив не смеат да се скараат од лојалност. Ко yaaay, имате лојалност I guess? Вака од страна личи како стаж да берат, чиниш пензија ги следва. Забележав дека исто одбираат за кој тим навиваат. Еднаш "интервјуирав" на темава и сите одговори беа дека еднаш ко дете гледале утакмица, татко им навивал за нив, и тие победиле и од тогаш се за нив. Па чак никогаш не победиле пак. Ваљда и за овај стаж и лојалност следва пензија. Не знам.
Се будам во 08:00 со здрвен врат и не можам да мрдам од болка, па не можеше да ми почне денов подобро. Денешните домашни обврски се одложуваат за подобри денови...
Ako nekoja izgleda deka e ispolneta vo zivotot: ima kariera, pari, ubava e zgodna - zosto begate od nea? Alo, i taa saka da e sakana, mazi. I taa saka da mozi da se odmori od idiotot shef, od nervozite i od glupostite sekojdnevni. Ako e pametna, demek vas ke vi kazva shto da prvite? E dotogas ke ima armija mazi koi se 30 +godini i za koi nema zeni na svetot Ima, ama ne dovolno neispolneti pa so vas da se.
@macencef кариерата е измислен поим - но каде што секогаш секој се враќа кај нејзе (било жена, било маж) откако ќе сфати дека нема како да ја задоволи спротивната (најчесто ненаситна) половина т.е дава максимум ама безобразлукот кој постои во добар дел од другата страна прави да биде така. И на крај сите по кариера, ама никој со никого. Оти мора да работиш зашто ќе ти рече „мрза си“. И обратно. Мора да носиш пари, мора да имаш секогаш пари во тебе. Да не зборам па како немањето работа го смалува човекот емоционално, пошто нели без пари денес не можеш да појдеш ни до заболекар, ниту да задоволиш најосновни потреби.
На мажите им требаат очигледно празноглави идиотки, што ќе можат да ги контролираат, ќе им ќутат, ќе им готват, ќе им перат и да им ќутат, да не им презборуват. Да бидат финансиски зависни од нив и да им бараат пари. Тие да не покажуваат емоции и да немаат обврски, само напрај дете и остај и го на жената, тие да си одат по други жени или да си излегуваат со другарите. Ергени сакаат да бидат, вечни. И секако да им биде прва. Неговата жена не смее да била со друг, не дај Боже со ДРУГИ. Ако жената не е задоволна од мажот и замини по друг, одма народо, таа к рва, расипница, златен чоек го остава со децата. Ако е обратно, тој е ЈАКО МАЖИШТЕ. Шо ако ја оставил жената со две деца.
Читам какви совети им се даваат на идните студенти. Прашуваат за јазик, а добиваат одговори за медицина или математика. Јазик ќе си учеле на курс.... Или одредени членови кои форсираат само нешто за што само тие субјективно мислат дека е просперитетно. Ако некој си го сака она што го учи има поголеми шанси да стигне онаму каде што сака отколку некој кој се форсира да учи нешто што не го привлекува и кога ќе дојде време за работа, цел живот да мизерува со тоа што не го сака. На една земја им се потребни сите. Ако никој нема на македонски затоа што не бил просперитетен, јазикот е загрозен и му следи изумирање. Ако некој не се грижи за историјата, на еден народ му се заканува обезличување и исчезнување. Ако никој не се грижи за земјоделството, на еден народ му се заканува недостаток од храна. За сѐ си има причина зошто да го има. Во денешно време ги гледаме последиците од „нема просперитет во тој факултет, пиши се на тој и тој“ и забележуваме презаситен пазар на кој најмногу се успева со партиска книшка. Некој мора тоа да го менува. Ако има обезличени генерации зад кои не стои никој и не ги поддржува гранките во кои има недостаток, нема да има и напредок. Навистина во земјава нема многу опции за развој кога се работи за одредени гранки но тоа не значи дека мора така да остане! Па младите се оние кои треба да го менуваат светот, а не да се учат на молчење и веднење глави. Или „запиши се медицински, сите со медицински отидоа за Германија“. Чекај малку... Ти како возрасна личност го кажуваш ова па после се буниш зошто немало кој да те лечи? Па преиспитај си ги зборовите, договори си се со мислите што мислиш и дали тоа е најсоодветниот совет кој треба да го дадеш на еден иден студент. Знам, не е дека не знам колку е тешко да се турка и турка и турка и да нема резултат, ама замислете наместо еден да има 10, 100 луѓе кои здружени ќе ги исправат главите и ќе се побунат против она што се случува! Особено е тешко во помалите места, ама затоа тие што останаа сега прават огромни пари на оние кои се иселиле во странство и сега им ги бараат услугите бидејќи во странство се прескапи Слушам професорки како коментираат дека немале веќе ни кому да држат часови. Луѓе, по помалите градови порано имало 30-40 ученици во одделение и по 5-6 одделенија. Сега одвај има по 2-3 одделенија и тоа со по 10-15 ученици. Училниците зјаат празни. И знам, сѐ знам, не е до нас да ги исправаме политиките и да се чувствуваме како избркани од сопствената држава ама нареден пат, пред да пишете нешто на млада личност која има цел живот пред нејзе, не мора првиот збор да биде „не се запишувај на тоа што сакаш бидејќи го Германија нема што да правиш со таков факултет“.
Што е полошо од времево? Да се возиш на времево во автобус без клима, додека е гужва и минимум 10 од тие околу тебе последен пат се одмиле минатата година. Значи...се отрув.