Тоа "потребен е 8 часовен сон" е толку буквално сфатено и од лаици и од доктори и од сите, а правилото како да си наспиен е слично, ама не е исто. Се осеќате некогаш утепано после 8, а супер наспано после 3 саати? Епа џабе си спиел 8, 9 и повеќе саати ако си се изнапил алкохол или си се прејал тешка храна или па си легнал прегладнет. Или спиеш во непроветрена просторија или имаш мука со алергија на грини, прашина па ти се затнуваат синусите при спиење и тоа ти отежнува дишење и исто така пореметува сон. Спиење на грб или друга лоша положба е исто така убиец на добриот сон. Мозокот си има и свој распоред при спиењето то ест минува низ циклуси, секој од неколку фази и секој циклус трае околу саат ипол. И ако спиењето се прекине сред циклус, исто така ќе се осеќате утепани после будење. Така што покорисно е да се има здрави навики при спиење па кога не можеш 8, и со помалку да функционираш, а не ко ебан да си сабајле, ама битно си спиел 10 саати.
Милион примери имам за ова. Од најмали ситници до големи работи. Точно е дека среќата има огромна улога. Пример: оди другарка по документ - завршува веднаш. Оди другар по истиот документ - завршува веднаш. Одам јас по истиот документ, работите се комплицираат (а сѐ исто, буквално) и во неколку недели одам на секои 2 дена (така ми кажуваат) ама има проблем и на крај кога го зедов, веќе не ми ни требаше, ама тоа си повлече низа други проблеми кои ми се создадоа заради немање на тој документ. И некој се осмелува да каже дека во целост сами си ги креираме можностите или ако само некој се осмели да ми каже дека е до мене................ Секако дека нема откажување! Ама...
Океј е да си интроверт, да уживаш во времето поминато сам со себе и да тежнееш кон соло активности. Ако така се осеќаш најсреќен. Не си делулу, ниту бегаш од проблеми. Не си чудак, ни лудак. Само го правиш тоа што те прави среќен и спокоен. Океј е.
Да ме извините ама не може на секој дожд и ветер, да имаме паднати покриви и гранки, поплави. Немаме ние ни монсуни ко на исток таму што имаат ни торнада од по 300+ km/h. Општините или кој год да е задолжен, дали чистат шахти? Дали кастрат дрва и сечат некои што се ептен стари и исушени? Да претпоставам, не. И кој смее да гради куќи од мочка па летаат покриви и оџаци ко ништо?
Јас мислам дека беше плоча. Плоча која стои на бетонски стубови консолидирани на екваторијалната рамнина меѓу северниот и јужниот пол. Поголемиот дел на плочата се наоѓа на јужната географска широчина, пардон латитуда и напоредник кој се протега на 30 степени јужно од земјината екваторска рамнина. На оваа географска ширина сонцето е видливо 14 часа и 5 минути за време на летната долговечница и 10 часа и 13 минути за време на зимската кратковечница. На 21 декември сонцето се наоѓа 83,83 степени на небото, а на 21 јуни тоа е на 36,17 степени. А 70% од водата извира од непознати извори зошто циментото е трд материјал и за стубовите потребно е 3 лопати ситна рекарска песок, 1 лопата цименто и 1 канта вода да добие хомогена смеса. А сонцето исто така е плоча односно се наоѓа под земјината плоча и е фактички еден вид како подно греење иако го гледаме над нас високо но само ние така си мислиме во нашата имагинација а всушност е подно греење. И на крајот можиме да заклучиме дека планетата е плоча со подно греење. *некои научници плутон не ја сметаат за планета