Само што бев сведок во продавница девојка купува две бомобњери за некој повод, продавачката едвај чекаше да излези девојката за да го коментира следново: "Значи да знат дека имаме уште поевтини бомбоњери ке се изедат живи" За малце не си одлепив ама ај си велам кој е таков цел век таков ке си умри. Значи то лицемерие, то гнасномерие ги помина сите граници...
Што убав бил животот кога не ќе споделуваш се со луѓето. Дефинитивно, не се помага секому. Нит па се отвора душата. Поарно на некој непознат дај му помош, давај добротворно. Што луѓе ќе сме не знам.
Еее ова е искреност, а не како некои ( не сите нормално)тука на форумот што потајно им е криво што не заминале а не признаваат. Секоја чест
Добро утро, добар ден , кафе , мафини и слободен ден Ме мрза да си го барам мислењето , па само ќе се надоврзам. Се сеќавате на групата Dreamcatcher , баш на форумот тогаш ја коментирав нивмата песна Odd Eye. Е истава група има нова песна, едно 10 пати подобра од таа, за жал овој форум не е за гејмери , ниту пак специјално за К POP , ама јас си терам моја шема и ќе си дадам за слобода да ги испофалам. Браво, каков хит , моментално додека го пијам кафето, гледам видеа со реакциите на песната од страна на други Јутубери, сите се со зината уста, наааа олкава Да , да, песната е полн погодок и вистински хит. Гитарите си го прават своето, браво Fight for justice, rise up Интрументалката човечееееее , паѓам на газ @Ketchup , друже, се губиш на форумот , за жал само јас и ти слушаме корејска музика , па се надевам наскоро ќе бидеш активен. Мора да ја чуеш песнава , мора, мора, мораааааа
И детенце може да си направи само појадок, и тоа убав балансиран оброк, а сè уште има возрасни луѓе шо чекаат некој друг да им слугува. Као, нема оправдување. Заеби воспитување, и заеби размазување, и заеби како те научиле, и заеби како си навикнат. Ако си возрасен, треба да бидеш способен да разликуваш што е добро, што не е. Без разлика како твоите те учеле. Пошо си возрасен и мозокот ти е целосно развиен. Треба да си свесен дека не си дете и да знаеш дека има подобро функционирање од тоа млитавото, мрзеливо, разлигавено. Као, како не ти смета да друг ти прави нонстоп работи што можеш сам? Мене у его би ме погодило, ако ништо друг. Као, способна сум сама себе да се гледам. Ако нонстоп друг те гледа, значи не си способен. Како тоа не ти смета? Да си возрасен, а неспособен за мал милион секојдневни нешта, а да имаш функционални раце, нозе и мозок? Као, не сакаш да стоиш цврсто на свои нозе? Горделиво? Самостојно? Стварно, ама сериозно вистина не го разбирам овој феномен. Го анализирам и рефлектирам, и се замислувам себе си таква, и не можам да разберам. Намерно да се праиш неспособен, глуп, помалку од тоа што си. Екстремно чудно.
Понекогаш се прашувам што ќе биде со нашите деца? Дали ќе успееме да израснеме присебни и скромни деца? Гледајќи ја оваа младина, како завршува средно, им купуваат Ауди, БМВ или нз ти што и лудуваат. Се вработуваат за 40.000 и велат дека нив не им треба факултет, пошто не е вреден и немало што да се научи таму. Губење на време и пари. Ми се деси случка, во минатата работа, како колега ми кажа за еден негов школски што учеле заедно и ги имал сите петки, се вработиле исто и зимале исти пари. Џабе учел и се трудел. А, истиов ми кажува за како е голем верник, одел во црква и сл.. Имав доста колеги што ги потценуваа и им се потсмеваа на колегите, како џабе имале факултет или џабе учеле средно , и ако биле и тие паметни ќе завршеле само средно и ќе земале плата колку нив. Се прашувам, дали се толку во право колку што мислат дека се.
Инспирирана од поткастот што го поставив и тука пред некој ден за тоа како денес во модерна цивилизација живееме оддалечени од нашите природни човечки инстинкти, не дека и претходно не сум се бавела со размислување на оваа тематика, ама се запрепастив(буквално, со тие зборови) колку секојдневно ако не и секоја минута од денот имаме напад на нашите природни инстикти. Ова се главните кои успат и ги "нормализиравме" (додај по желба) : Живеење одвоено од најблиските И "индивидуализација", успат и прираст на осаменост, која додатно можеби има удел во прирастот на анксиозноста и депресијата #(Што. Е. Тоа.) Храна(?) Отсуство на движење и физичка активност (Што) понастрана од природата, и постојано во заѕидани 4 ѕида (дома- работа, работа-дома). Евентуално тераси на кафичи, ресторани, кафани,... (Постојана) галама, поготово за оние во градски средини Значи постојана, која не престанува и навечер и влијае на (нарушување на) сонот Екстремни температури и поместувања на сезоните " Магични" екрани во кои се ѕвериме по секој ден и кои ни влијаат меѓу другото на растот, развојот на мозочните клетки, и (отсуство) на вниамието и фокусот(на вистински битните ствари во животот на пример? ) За економската (не) стабилност и (не) можноста да секој има свој дом и кров над глава тек да не почнуваме Дали сме ние сеуште "луѓе" уопште?
На луѓево му бил многу напорен денот, ако иделе на фризер и на козметичар, па на кафе. А од работа на Р не знаат. А бе нема галје, ги начукале 32 години, пари од мама и тато, не му се работи бе..зошто? Браво еј Јакооо. Боже, држи ме подалеку од вакви, жити се.
Извежбав дојдов дома, пуштам радио, седнувам на стол палам едно цигарче, опуштен максимално и почнува- Metalica the unforgiven. Добро бе животче добро.
Крстарење низ охридско до Св. Наум, 20€ по човек. Meanwhile, брод на Лефкада, 10€ до Порто Кацики, 12€ до Егремни. Спојлер Крстарење со брод по Босфор, Истанбул за 200 турски лири (5-6 евра) Спојлер Каналите низ Амстердам со бродче за 14€ Спојлер Влез во Таџ Махал, 12€ Спојлер Влез во Колосеумот во Рим, 16€ Спојлер Ова чисто го постирав ако некому му требаат идеи кај да оди наместо Охрид да го дерат.
Ќе дојде тука некој турист од Јапонија, Кенија, Сомалија, и слични ми ти земји, ќе поседи некој месец и пола јазик ќе го научи јазик да го збори и наши песни и цела кујна и историја ќе ни ја знае и све. Само браќава наши се котат ко зајци со години тука и имаат и државјанства и работат во државни институции и се лечат на државна сметка, а не знаат да гукнат македонски.
Секој ден читам апели за помош за семејно насилство или за пари. имам комшии шо ако не прекинат да пијат или да се дерат. Флашата од глава. Мамицата алкохоличарска. Од 11 денски секој ден