А со пента е кајчето, или? З0 евра е дневна карта да се возиш у брод на два ката од Германија шо поаѓа и застанува у сите градови, и плус у Австрија и Швајцарија, и назад... И после немало туризам. Па нас не не бива за бизнис бе, ние глеаме буквално само да украдеме, не да заработиме.
Лани бев Охрид. Во локалите близу стариот дел и шеталиштето на неколку места цезар салата им беше 500+, порција стек исто, пилешки прсти можда 600 и кусур. А којзнае и колкацки порции се. Буквално прво гледавме мени што им стојат надвор пред да влеземе, да не нѐ обричат на суво. И едвај најдовме асално кафанче за еден ручек. (Стар чинар, ако некого го интересира) Мислам ако е до локацијата, многу ме интересира како се "троши" кејот или глетката према стариот град па ја доплаќаш
Не се нормални со цениве... Ма да од увек Охриѓани не биле арни у глаата со цените... Еве ја ќе си признаам, у Охрид два пати имам бидено, еднаш у основно екскурзија и еднаш за некој први мај... Али затоа Струга, ја обожавам. Сто пути боља од Охрид. Моеш таму да си седиш, и да идеш еден ден до Охрид да прошеташ и назад. И едит : многу сакам у Дрим да се бањам таму близу центарот на шеталиштето со ракчињата. .. И да јадам у Свети Никола, да се дотерам за у Версус... Да идам у Радожда, да се качам до црквата, да јадам топол леб навечер од пекарата... Тоа беа времиња, коа кампувавме у Ливадиште...
Зошто Македонци со приватни профили со малку следбеници - што укажува дека се претежно фамилија и познаници - упорно на сториња и постови пишуваат на англиски? Ако има некој тука на форумов што практикува така да прави, дај нека каже зошто.
Јас планирам да одам во Радожда. Ако си за, доаѓај. Па ќе пуштиме слики на форумов. Народот гледа поевтино да помине. Баш гледав цени за во Охрид. Кога ќе направам споредба, поарно до Грција да отидам. А за хотелите ич да не пишувам. Дали Охрид или Струга, цените се оган и пламен. Е после се чудат зошто нашите не идат кај нив.
Ај ко глупа да прашам вака Како рачунаш колку собен ти е станот? Оти ја цел живот знам дневната+спалните. А ми излегуваат рандом огласи, навеле демек три соби, а тоа рачунаат сосе кујната или купатилото
БАХАХАХАХАХА тогаш само си праат филмови, дневна плус соби е, двособен е дневна со спална, трособен дневна со две спални итн.
Секако дека дневната и спалните се рачунаат само. Тие се заебаваат изгледа намерно, и купатилото соба е а? Ок. Ќе се спие и престојува и таму, шо е проблем. Простории се секако ама не и соби. Ходникот го рачунаат? Тогаш 6 собна куќава ни е, и трпезарија и кујна и ходник, аа и еден мал простор за складирање и тоа може соба да биде, значи 7 се. Боже сачувај. Едит - 8, купатилото не го броев. Шо им е бе?
Еве јас. Затоа што имам пријатели од државата каде што живеам и користам англиски како универзален јазик за да ме разберат сите. Додуша објавувам еднаш на две години и не ни пишувам долги текстови, ама тоа што е постирано е на англиски.