Да, но еден факт не заборавај. Повеќе де. Прво за да стигнеш до повеќето дестинации, плаќаш авионски карти. Лефкада одиш со кола, па плаќаш бензин и патарини. Цената на смештајот е неспоредлив со оној во Охрид. Храната е исто така скапа, а да седнеш во ресторан, во некои од оние што си ги набројала, ќе ти наплатат со се гаќи. Плаќаш патничко осигурање. За таму пак плаќаш транспорт, дали метроа, автобуси, итн. Е да Охрид поскапо е.
Колку точно кажа. Не бе, евтино е у странство, сите можат да си дозволат.. И јас го лајкнав постот пошо охриѓани се курчат од секогаш и се ненаситни, факт многу добро познат но и реални да бидеме сепак. Па после Гош вика Струга била боља.. Мало морген тоа, Охрид си е Охрид. Уште охриѓани да чинеа и се супер ќе беше.
само така ќе треба и во Прилеп да се селиш.Нова работа, нови луѓе...Не е иста културата таму и Скопје.Не само таму , секој град си е посебен и ред други работи.
Kako da ti kazham.. Ohrid e i ne treba isti ceni za domasni turisti i stranski. Nadvor od sekoja realnost e da plakjam hamburger nad 500ki.
Сите факти што ги наброја, баш и ја потврдуваат тезата дека е скапо. Охрид не е светска, па ни регионална туристичка дестинација, него ли локална. Али со цените се рамни со истите. А за квалитет да не ни зборам. Ако на македонецот му е поисплатливо да оди на море, него ли у Охрид, ондак не ќе да е проблемот у народот.
Не може да чинат. Филмот ги има удредено во глава. Одам Охрид пред 4 месеци, и ај да паркирам, иди тој редарот ми вика иди по мене јас ќе ти кажам каде. И ај. Слегувам и му викам да платам со картичка. Ми вика не може со картичка, само кеш. Му викам колку треба? Ми вика 200 денари. Го гледам и му викам, колкуу? Аман бе викам шо сторе не баре камион паркирам. И батето ми вика (додуша 50-60годишен чоек беше постар хахах): Абе дете, ОхриТ тие исто ко Монако. Ниш немиТ ефтино. Ни ценовник, ни ништо, од памет цена си кажа. Епа кое ко Монако, затоа ќе дојдам уште еднаш. Не од шо сакав, него од шо морав отидов, мораше некој да вози а татко ми не можеше баш тогаш. Итоа ова не во сезона, да речиш ај сега, ова пред 4 месеци. И јас би за Струга повеќе, пофер се.
Секаде туристичките дестинации се поскапи. Тоа што не е светска, ниту регионална пожелна дестинација е поради недоволната експонираност во светски рамки. Инаку Охрид според мене е преубав град со убава историја, едно од најстарите природни езера, прекрасна архитектура. Не го омаловажувај само затоа што е наше. И има навистина што да се види. Тоа ни е во крв, да плукаме на наше.
Barem da naucevte od Turcite neshto vo smisla za domasni turisti drugi ceni, a stranski drugi.. A ne vie naplakjate ko da sme na Ibica ili Mikonos.
Лесно е да се плука, ама изгледа тешко е јавно да се организира бунт за цените. Инаку, Охрид е регионална прилично пожелна дестинација. На еден српски канал стално го рекламираат Балканот. За Охрид баш кажаа дека србите и хрватите се чести таму. И кај нашиве беше спомнато дека Холанѓани и Турци иделе. Така што Охрид има потенцијал да биде светска дестинација. Само треба да биде подобро одржуван. А, пошо домашните туристи и не идат толку често во домашните градови, и си заслужуваат повисоки цени.
@quattro секако дека раскурчени си се, не знам ни дали некогаш не биле такви. Знаат најубав град имаат, златно езеро, таму ете инвестираат и одржуваат колку - толку и Македончето мора да се покаже какво е на дело, алчноста мора да исплива на површина. Ама Струга шо има жити се? Не знам, не ми е за седење поише од ден два. Споредба нема градот со убавината на Охрид. А крај краева, мора секој ден да се иде на ручек, вечера, да се зима од најскапото? Зборам за тие што идат, а се жалат. Таму нема исти маркети ко и во другиве градови? Плажа ок, мораш кола да палиш или превоз да бараш, пошо далеку е освен ако не си сместен у близина до плажите, па заебанции со кола и трошоци, тоа си стои. Или за лежалки што заебаваат и дигаат цени. Ама сакаш ко господин да седиш, ако нејќеш и не мораш бе, седи на песок. Не ги бранам, таман работа ама што е тоа е и секако кој кај сака ќе си иде, негово право.
Не се локалните дестинации поскапи скоро па никаде, оти живеат од локалците, и цените им се според стандардот на државата. За да има кој да им дојде, и да им ги остаи парите. А не се жалат никој не им идел. Па ние нема да идеме оти е скапо, а странци не им доаѓаат оти не знаат да се продадат. И плус и странците за истите пари на море ќе отидат. И ти у странство живееш, ајде кажи какви се цените. Тука кај мене има луѓе и од соседните држави идат, народ врие, али цените по ресторани, маркети и знаменитости се исти. Дури има и дневни и дводневни туристички карти за 20 до 30 евра, со слободен влез у сите знаменитости, па и бесплатна чаша вино у ресторан. Има и дневни возни карти. Затоа и грото германци маваат локален туризам, не само преку лето и зима, него и за викенди. Исто и ја, одам си ја прчам за исти пари што ќе излезам тука кај мене у град, само ваму на езеро. И те молам не фаќај на патетики за нешто што не е ни тема на муабет, неам живци денес. Ние македонците и светско чудо да иаме, оти си неаме поим од бизнис и само глеаме дубара да напраиме, пак нема ништо да постигнеме.
Па да, ќе одат луѓе од странство шо би можеле да си дозволат такви цени. А Македонците нека се бањаат у базен на лето.
Тоа тие менталитет наш македонски никаков. Да можеме сами со себе ќе се изедеме. Ми наплаќа 200 денари за паркинг еј, уште ми вика Монако е ова. Ни ценовник, ни фискална, ни данок, ни ништо. За јадења не коментирам, на кој колку муе длабок џебот нека јади и пазари кај сака. Јас зборувам за ова другово. И плус не само ова, им наплаќале и на Канео за влез во црквата да ја видиш. Боже сачувај.. Ако сакаш да се молиш на господ, ќе си платиш хахах, протестантска работа. Струга можеби нее нешто, освен Дримот ама па пофер се луѓето, поефтино е се колку толку. Не знам, еве може да грешам ако бил некој скоро и таму и таму нека кажи. Али јас би за Струга. Е баш Струга тие ко Монако, брачата возат фрчат коли од по 200-300.000 евра таму и пак и пак е поефтино се и пофер се иако е мешано населението и македонци и албанци и други.
Па поголем бунт од тоа никој да не ти иде, има ли? Да понудат домашните градови квалитетна услуга, добра организација, настани и асални цени, и те како ќе идат луѓето. На лажна реклама чоек ќе падне, али само еднаш ќе се заебе.
Луѓе пред некоја година имаше се жалеа некои, рандом човек им наплаќал МОСТАРИНА. Плаќаш да го поминеш мостот. Не сум сигурна кој беше мост ама мислам оној накај Канео, попрајте ме ако некој знае. Па тоа да фатиш да го џитнеш у езеро значи.
Во поглед храна, од тие што ги набројав ќе се согласам дека се поскапи од Охрид (освен за Истанбул зошто е во глобала поевтино од Охрид, и за Индија зошто не сум била, - местово го ставив затоа што ми излезе на гугл во што е светски познато да се посети, а е помалце од 20€.). Моментот е: со оглед на тоа дека Охрид за цела сезона има обрт на странски туристи колку што некои светски дестинации имаат на дневна основа исто толкав обрт, цениве охридски се далеку од реални. Не е работава за плукање, или "ако не ви чини не идете" или "кој ти е крив ако не можете да си дозволите" туку фер да си кажеме и за нашето таму кај што нешто не е ко што треба. Ко бев мала се сеќавам, ние што не можевме да одиме на море, одевме Охрид, сега испаѓа кому му е скап Охрид нека си оди Грција. Јас не дека од инат го пишувам ова, мене многу убав град ми е Охрид, само штета што забегаа со цениве.