До Охрид да стигнеш од било кој дел на светот ти треба превозно средство, зависно од каде доаѓаш - блиску или далеку. Еве пр. да не си од МК, можеби ќе ти треба авион, патничко осигурување секако... Ако мислењето ти се однесува на: домашни vs странски туристи, тогаш да за домашни испаѓа поевтино, а за странски поскапо. Меѓутоа суштината е во цената на БРОДОТ, а не целото летување.
Не е ова малку контрадикторно? Што е реално уствари? Ако живее градот од туризам, тоа е. Ако се цените во супермаркет исти ко во Прилеп и локалците не мора да платат данок во крв за леб и млеко, јер туризам (ко што е случај на Хрватско приморје) тогаш е сеуште во ред. Никогаш не сум била со брод на Канео, ниту на Плитвице сум била за 45 евра по човек, ниту лежалка сум плаќала по 30 евра и пак не можам да се пожалам дека не сум била на одмор. Плаќаш за доживувањето, не дека е задолжително и секој да мора да го праи. Мислам стварно, може и 100 евра да биде, ќе знам дека сум побогата 300 евра денес, пошто не сум ги потрошила на кајче на Охридско
На муабетов за цените 1090 ден 2 пици, пиво и кока кола. Тука мојата пица (празна ) е 310 У Грчка беше 8€ ја Охрид си го глеам ко дома, затоа некад ми се лудост цените
Што знам со оглед на тоа што е во Македонија, да беше пониска цената може повеќе луѓе ќе го платеа доживувањето, пример покрај холандски пензионери, ќе имаше повеќе интерес и од страна на србите и македонците што го посетуваат Охрид. Не дека сега нема, ама многу македонци не би платиле толку многу за брод, ама со задоволство би се возеле ако е поевтино. Па пак би имале заработка охриѓани. За поскап секогаш бил нијанса поскап од остатокот од Мк баш поради тоа што е туристичко место, ама ако некогаш било 200 денари по човек возењето, сега 6 пати поскапо, каде е логиката? Инфлација не е толкава, трошоците за живот се зголемени, но не дотолку, градот е ист од памтивек, што е тоа плус за кое би требало турист да плати? Или од ко почнаа со tui да им носат холанѓани во Охрид, почнаа да се занесуваат со 300% маржи, изгор смештај и по ресторани уште вода од чешма точена и мраз по коцка не почнале да наплаќаат. Еве некој што учел туризам нека каже, дали е рационално, мене лично ми се нереални некои цени. Еднино, цените за лежалки биле 250 денари една, ајде и тоа е поскапено, ама не можам да кажам дека е изгор, за 500 денари имаш две. И тоа дупло поскапено од некогаш, ама ајде, тука споредба барем не можам да направам со морињава што ни се поблиску, пошто на море се од во просек 15€ две лежалки (речиси дупло повеќе од Охрид). Ама па од друга страна, тој хотелот во Охрид што го имаше по портали и им наплаќал плус за лежалки на своите гости со пендрак би го мавала газдата. Кој лаком паметњакович, браво. Излакомчени се, не дека местото и порано не живеело од туризам. А за задолжително, ништо не е неопходно, па дури ни самото одење на одмор.
Кај мене не е така. Влезници за се се изгор скапи и за се се наплаќа, чак и паркинг кој е релативно скап, а не смееш да паркираш кај ќе ти текне. И со картата гратис шипак ти идеПријатели беа, платија 400 евра за два дена само за сместување. И тоа беше најефтината варијанта. Не е баш така ефтино. Во ресторан цените се исто така високи. Во Македонија за истата цена ќе се најадеш, тука ќе мезиш. Превозот поскап. Не, не е исто, ама ич. Овде за 10 дена одмор за двајца ќе ти требаат повеќе од 2000 евра, и тоа е малце, земи сместување, превоз, да прошеташ некаде, да јадеш. Со тие пари во Охрид, што ќе напраиш. Ете ти ја математиката. За локалците се живее, ама да си туриста ќе го оставиш бубрегот на излез. И за тоа данок ќе ти наплатат
Охрид лани беше преполн со туристи и со надминување на очекувањата. Годинава исто. И не е толку скап колку што се милува да се пишува,Скопје има понадувани цени.
Нема врска тоа. Ти ќе си дозволиш да отидеш на таа плата, ама и во Охрид ќе си дозволиш на македонската плата. Тебе ти изгледа многу, затоа што си била, плус ти е на дофат. Ама да стават во друга земја некоја атракција налик Охрид, со душа ќе ги дадеш тие пари, пошо секако ги имаш. Него пошо е наше, очекувате беспари да ви биде. Колку имаме ние знаменитости што се бесплатни, но запуштени. Вака веројатно ќе го одржуваат, а тоа кошта. Плус летна сезона се оди таму, во зима од што да се живее. Дури и во некои афрички земји, знаменитостите се скапи, за локалното население дури прескапи, а заработуваат уште помалку од Македонија. Некои не можат да си замислат да отидат, а тука им се. Така да, сосема е во ред едно место како Охрид да заработува од туризам.
Одев на времето кога беа поокеј цените, и тоа 10 години по ред. Сеа не одам веќе зошто за горе-долу истите пари одам на море. Не очекувам да е бесплатно, очекувам да е многу поефтино да летувам на езеро дома, него ли на море во странство.
Не е исто. Поскапо е. Ако земеш истото во Охрид и Грција да го правиш, нема ич да биде исто. Затоа грчиштана кај нас пазаруваат. Лежалки прво спореди цена. Храна во ресторан, колку пати излегуваш во Охрид, колку во Грција. Колку е таму бензинот, колку кај нас. Е сега ако носиш чушки у гепек и идеш у мај, поефтино е од Охрид у јули.
@MarigoldA кај мене слаткарата и водата од чешма почна ја наплаќа, без мраз. А нит сме туристичко место нит бутур. Ново нормално, нели Сдк. Арф> Циф. Ама кој не знае, или кој нема на располагање ќе верува и дека Циф е супер. Го сакам Арф во поштенското сандаче
Кога бев Германија пред две години, се зачудив кога не ми донесоа вода со кафето, па јас ако сакав да ми турат во чаша, а не да купувам шише, мораше да ја доплатам.
Електролити што пред месец дена ги земав 260, ене ги на 330 ги дигнале. Како што реков еднаш, изгледа и пролив да те фати е луксуз.
Мило ми е што се "припитомувам" и еве си разговарам во пораки со една девојка. Подолго време бев подивен и претпазлив, се надевам дека нема да се жижнам како десетици пати претходно...
Ама неспоредливо е искуството на море со езеро. А ресторан ко ресторан, и ваму и таму може да ти е или добро или лошо искуството, па да вреди или не вреди тоа што го плаќаш. Јас у Грција идам за морето, што дома го неам. Па логично би платила и повеќе.
Во ред е луѓе. Никој не мислам дека спори оти морето како море е подобро, воздухот е подобар. Си има свои благодети, кој вика дека не. Но, од друга страна да земеме да ги споредиме вака како места, грчките летувалишта на кои најчесто идат нашите граѓани, а тоа знаеме кои се нели и Охрид како град. Минијатурни селца кои за воља на вистината ги средиле и дотерале да личат на нешто, кои се големи улица или две улици и се вртиш у место, и си на релација апартман - плажа - уличките низ селцето, ако си таму стациониран сите денови, пошо трошок е да се шеткаш наваму натаму, као мислиш колата на вода иде или едноставно немаш таков луксуз, не си со кола, мораш автобуси/комбиња да фаќаш. Наспроти град, кој не е ич голем но има повеќе што да видиш и каде да прошеташ. Некои и не се толку по водата и плажата, туку сакаат само да се прошетаат, издуваат, да сменат воздух, кој како си милува, така. Па така се си има свои позитивни и негативни страни и на кого кај му одговара таму се решава да иде. Ме нервира значи, многу ме нервира што дел од народот плука ко пообичај, само и само ради тоа што е наше и ништо друго не го интересира. Не му е ниту дојдено толку и до цените и скапотијата. Е овие и ја би ги дерела и тоа со мерак, ако се решат да стапнат некад. Spoiler Нит сум од Охрид, како што мислеше Старк за Арабела, па затоа да ги бранам, баш од Струга иам потекло по едната баба, па глеате Охрид го бирам пред Струга и покрај се. И им љубоморам секако. @ArabellaStarfall очекувам попуст за смештај и други поволности, нема смисла ако не ни дадат, го утепавме од промовирање и фалење. Коа го неам станот више... Вака мора да се снаоѓа чоек, тоа е.
Затоа што си заситена и дека ти е дома. Не дека Охрид е помалку убав или езерото е помалку вредно од море. И јас немам ни пола процент нешто охридско во мене, но ми буди убави спомени. Барем не е умрен како повеќето градови што се низ Македонија. А за да не биде град на духови, кошта. Што друго ќе прават охриѓани ако не туризам. Секаде се е замрено, индустријата е сконцентрирана во Скопје, повеќето работни места, се. Никој не те тера да одиш, но не го минимизирај Охрид наспроти уличка со таверна и море во Грција.
Сакам животот да успори, да забави. Сакам мир, тишина, кафе без телефон, журка без план, вечера без слики од храна, прошетка на недоговорено, ноќни возења... сакам да одам на плажа и да пијам пиво и грицкам сончоглед. Сакам наместо телефон да читам книга или играм карти. Може и судоку. Сакам да носам кратки панталончиња без да се замарам дали имам целулит. Сакам да носам блузички на одмор без градник, бидејќи и нив му е одмор. Сакам да не ја чувствувам цела напнатост и негативна енергија меѓу луѓето. Сакам да не живеам брз живот. Сакам село и планина. Сакам скромно. Сакам да шетам во држави без да кажам на сите и без да постирам. Сакам ж и в о т, онаков каков бил пред некои 30 години.
Па не е еден тон, него ли до литро ипол макс, и ако стаиш ладна вода и плус мраз, стои така 24 саати... А колку е поладна, толку поише ја пиеш.