Македонија (не Северна, за мене) на Олимпијада 2024! Браво, секоја чест на нашите спортисти, позитивно сум изненадена и горда на својата држава! Храбри Срца Јуначки! Читам некој од нашите бил последен во некоја категорија пливање. Дечко, БРАВО!!! Не си свесен колку сме горди со тебе, горди што светот ќе не знае кои сме и што сме. Да не си го расипам постот, со негативни коментари што беа пишани за него. Како пример, не не брукајте, вратете се дома и сл. Верувам дека не е до спортистите, туку до секаквото вложување на државата за успехот нивни. А, сите знаеме колку е тој државна влог и каде одат државните пари. Сепак, НАША ГОРДОСТ СТЕ! БРАВО ЗА УСПЕХОТ!
Тие што постојано ги критикуваат нашите спортисти, дали се поуспешни во некој од тие спортови или лечат комплекси?
Депресијата е како некое натприродно чудовиште кое носи темнина, и те ѕирка од далеку, од позади ќош, чека погоден момент да те нападне. А темнината што ја носи дава омалаксувачко чувство што те става во искушение едноставно да се предадеш и оставиш да те обземе. Те тера да мислиш дека повеќе не ти е гајле.
И Болт на времето не беше најбрз на олимписки, можда не последен, ама не и најбрз. Па после 4 години се врати ко крал и постави светски рекорд на 100 метри што уште никој го нема срушено ми се чини, до ден денес. Така да ај вие што једина физичка активност во денот ви е да се напрегате дур ќењате на шоља, молим лепо да подзабришете муцињата
Па не мораш да купиш толкав. Кога патуваме со кола, а тројца сме, и долги релации, вода во пластика е смрт. Оти сум мутава не ми текнало да земам термос, ама затоа влечкам торби со ладење
Сакам да кажам дека одамна не сум била толку среќна и исполнета. Нека потрај. Го кажвам вака гласно за да не ме пукни анксиозност. Пошто животот го гледам како ритче. И ако сега ми е многу убо значи сум горе и ќе се истркалам долу. Ако сум горе, ме чека тешко ама се движам кон добро. И постојано така. Кога сум во високо анксиозен период бележам денот во цртички. На горе и на долу за секој еден настан шо ќе ми се случи и како го интерпретирам јас - позитивно или негативно. Особено ова висока анксиозност ја осеќам во среќни периоди оти очекувам да се случи нешто лошо. Ама сега активно се спротиставувам. Сакам да научам да живеам во моментот и да си дозволам да сум среќна сега, а не после да се сеќавам дека некогаш можи сум била среќна. Чуму сеќавање ако не сум го живеела тогаш? Дури и тагата. Во моментот сакам да ја осетам за да не остани после во сенките на секојдневието. Осеќам многу. Чувствувам многу. Сум анксиозна. Ама не си дозволвам да ги живеам и осетам сите тие интензивни емоции како начин да се штитам. Неќам поќе да се штитам. Какво и да е, шо и да е, сакам да го осетам во целост. That's what she said lol. Ама не, сериозно. Ако не осетам се, како да си земам од човечноста. И така.
Значи не е можно колку ми е убаво чувството , си идам дома и пред порта ме чека буквално секоја вечер мачево си знај отприлика кога си идам скрстено така и си влегуваме заедно дома!
Ако ве нервираат комарци во лето, не сте виделе мака со молци. Секое лето стандард фрлам ориз, овес, брашно оти копиленцата некако магично се пикаат дури и во тегли да сеат црви.
Порано се знаеше шо е машко, шо женско. Сеа мажите се посредени од жените, жените ко орангутани со црни раце и нозе..
Читам за пливачот Н. Ѓуретановиќ, овие порталиве го прикажуваат неговиот резултат на Олимписките игри во негативно светло... Реално,за мене успех е на само 16г да ја претставуваш својата земја на Олимпијадата. На негова возраст мнозинството тинејџери игри играат на компјутер или џаболебарат по улиците ноќно време... Затоа главата горе, само труд, работа и упорност, неговото време допрва доаѓа... Искрено горда сум на секој млад/возрасен човек чиј талент и труд блеснува на меѓународни натпревари од различен тип, достоинствено претставувајќи ја татковината ...
Колку помалку вложуваш напори, толку подобри резултати. Ќе морам ова да почнам да го учам бидејќи до сега, од мој труд сите искористиле напредок, освен јас. Со мои (тимски ама на другите не им е гајле) проекти на сите други им понудиле подобри услови. Морам да научам како да давам 50% помалку од себе.