Сакам да кажам: размислете темелно за вашите приоритети, желби и потреби на долгорочен план за 5, 10, 15 години. Размислете за изборот на партнер, дали ќе е добар партнер и одличен родител. Размислете пред да имате деца и каков живот ќе им создадете. Размислете пред да растурите своја, но и туѓа фамилија. Размислете пред да ги сметате децата за возрасни, размислете пред да ги ставите во средина - помеѓу татко и мајка. Размислете пред да ги ставите ВАШИТЕ приоритети, желби и потреби ПРЕД приоритетите, желбите и потребите на вашите деца. Им посакувам на овие деца да излезат од хаосот кој најблиските им го создадоа, им посакувам да имаат убав живот полн со среќа.
Тоа дојдеш од она, ко ќе родиш, треба да заборавиш на себе, прво детето па ти. Ко ќе имаш деца,ќе заборавиш н себе. И ете ти.
Инстаграм, а највеќе тик ток како им влијае (да не речам им го пере мозокот) на лугево, како им наметнува површни и извитоперени вредности тоа е страшно и ми иде да се обесам. Проблемот кај мене настанува што треба да комуницирам со тие сограѓани во моето секојдневие и да глумам дека се е океј, а толку сум против. Ако не одиш во насока во која се движи толпата, многу е тешко да се опстои... Дај бе нека не удри еден огромен метеор и да ослободиме простор... Недела е, мора да удри егзистенцијална криза, проштевајте
Не. Никако да заборавиш на себе. Не ми беше замислата таква. Туку создаваш живот, се ново и си среќна сега, а децата ги нема во приказната, па уште и криви испаднаа затоа што избрале ,,страна". Оставени кај несоодветен родител, жал ми падна многу затоа го напишав текстов.
Нц. Од плави само ќе мине Ди Каприо заради талентот, другите тешко. Аиии сега ми текна на Тамара кога стоеше до него и таа глупана фора дека е обратно. Зошто вакви тешки глупости ми дојдоа во ова време..
AмА АкО ИмА СеКсУаЛнО ОбРаЗоВаНиЕ Ќе СтАнАт дЕцАтА ГеЈ And other hilarious jokes you can tell yourself
Па ќе станат знаејќи кој стои позади агендата На мајка ти и татко ти не им требало СеКсУаЛнО ОбРаЗоВаНиЕ
Навистина сакам да знам што се наоѓа во главата на кучево пред зграда што го тера да лае од 22-06 секоја вечер како претплатено. Нахрането, напиено, со место за спиење, со прегледи на ветеринар итн ништо не му фали. Брату, осет те молам. За ти да јадиш ние треба да одиме да работиме утре за да ти купиме. Дај цени барем малку тоа што го имаш не се лигави.
Кученце е во гените му е да лае, ви ја брани зградата цела вечер, а може и нешто го плаши навечер. Ѕирни некој пат ако не ти е страв да видиш што го вознемирува.
Вие женските што се жалите мали цицки сте имале, не знаете колку сте благословени бе еј, вистински среќнички. Па маани ќе си наоѓале, комплекси ќе имаат.. Вие сте во подобра положба, јас да ви кажам дека е така. Што сакате си носите, дури често ни градник ви е потребен, нема што да ви тежи, да ви смета и нервира. Ви текнува некој разголен фустан или да се стегнете у некој топ, гајле немате, го облекувате, костими за капење исто, кој модел сакате, тој, не се замарате. А ние? Бар ние кои сакаме се прибрано да е и да личи на нешто. И природни ако ни се, не силикони кои се цело време подигнати. Имајте прво поголеми па ќе ве прашам што попрво би избрале, ако можевте. Љубомореле бе.. На што? Мажите баталете ги, и онака гз поише преферираат ама небитни се, најбитно е вие како се осеќате во сопствена кожа. Јас не знам како функционираат жени со прееееголеми, кои бајаги се надарени машала, и моиве ми сметаат и си викам колку боље ќе беше даска да бев. На топлово посебно тоа доаѓа до израз. Колку глупо е што колку и да слабееш, ако ги имаш, пак ќе ги имаш.