И јас мразам облека на горештиниве. Смрт ми е кога за на работа или слично морам да облекувам панталони, фармерки. А дома само по боксерици си шетам и ич уво не ми чуе.
И на тераса излегуваш по боксерки? Јас дома по гаќи и маица се шетам кога сум сама. Кога е многу топло.
Така е, сите сме различни, секој како сака. Меѓутоа има разлика помеѓу сленг и скратени зборови, и примерите на целосно граматички погрешни зборови што си ги набројала. Мене лично не ми е ни убаво нити пак практикувам такви погрешни зборови да кажувам. Да не се праиме морони на сила.
И зимно време да не им одите на гости ненајавени затоа што сушат гаќи. Кој на шпорет, кој на радијатори.
И пак се враќаме на тоа ако некоја шетала во минич и деколте, и била силувана и, пазете, ОНАДЕНА, сама си го барала.... Еј, сама си го барала.... Жена на жена ова. 21ви век.... Да. Едит: Можеби ова требаше да го ставам во скд без цитирање, за да не се отвори трета светска... Ама ај па, може така ќе се исчисти народов полн со омраза....
Ко ќе видам хистерични коментари на форумов ми се одмилува да дочитам, не па ли да дебатирам. Научете нормално да комуницирате, звучите ко недораснати деца такви потпалени као вие да сте единствените нормални на планетава.
Ни лето ни зима. Златна есен и пролет само. Ни ладно, ни жешко. Средината на септември се до октомври мие најубава. Си носиш лесна облека така, пример, тренерки, маица со кратки, ако е постудено пример врнежлив ден ќе си наметнеш нешто. Исто е и со пролет. Во зима ќе се наоблечиш со дебели алишта, да треба да одиш подалеку пешки ќе се препотиш. Во лето на 40 степени и онака се потиш, да не се климиве тешко нас. А башка есента си има и своја убавина. Кога ќе почнат лисјата да паѓаат, па таа една жолта боја распослана по улиците, па некој мирис од некаде ќе осетиш на ајвар, пиперки, луѓе спремаат зимница итн. Исто и во пролет, зеленило, тревата цвета, некои растенија мирисаат поубаво од било кој парфем. Па слушаш звуци од врапчиња, интересно. Не за ѓабе во македонскиот јазик месеците Март, Април и Мај се наречени и Цутар, Тревен и Косар А летото е суша, горештини, секош ме потсеќа на некоја пустелија како Сахара или пак вегетација ко во Лас Вегас. Зимата студена, сето бело, сиво, кога ќе почни да се топи тоа снегот лом по улица. Единствено во зима интересно е за време на Ново Годишните и Божиќните празници и зимските куќни слави, домашната атмосфера.
Кој снег, снегот веќе стана луксуСз. Иначе порано кога имаше друго беше. Да се потсетиме Лето само за Охриѓани и компанија, за нас сиротињите не. Тоа е, живот.
Мај ми е најомилен месец засекогаш. Како љубител на топло време, цвеќиња, зеленило, ништо не се споредува со него. Можиш да седиш/шеташ и на сонце без да е прежешко, вечерите не се жешки за спиење, доволно е само едно палтенце да имаш при рака во случај да е многу свежо. Тогаш најмногу ми е изразена желбата за живот. Есента ми е на ниво подолу, иако во моментов многу ми фали после овие жештини. Ми фали дожд и облачно време, есенски пејзажи, ама кога ќе почни да станува се постудено и денот се помал ме фаќаат некакви депресии сезонски. Лето ми е ок во смисла што можиш да појдиш на езеро/море/планина комотно, но кога немаш можност преку ден пак не се живее од жештини. За зима да не почнувам, the worst of the worst, да не е тој божиќен период ќе е жива депресија: црнила, студенила, превисоки сметки за струја.
Зависи каде. Ние во Германија тоа си носиме и во лето. Иако како дете, па се до факултет обожавав лето, сеуште сакам лето да се разбереме, ама овие температури повеќе ми одговараам. Не можам да замислам како би ми било на 35-40 степени да морам секој ден да се макнам до работа. Овде кога ќе качи над 25 мислам дека се топам. Над 30 искрено преретко се случува. Океј, некогаш знае да претера со дожд, ама да не де жалам.
Зависи за каде, мај во Скопје знае и пеколен да биди. Инаку дефинитивно пролет и есен ги сакам најмногу, иако во последно се ми се чини од зима директно во лето се преминува и обратно.
Викендов е идеален за јога. Ехххх да бев и јас олку опуштена ко Наталија од Јутуб, имаше да вртам пари онлајн. Битно се опуштаме со јога , тоа е тоа , нема збор Му ја покажав и на маж ми , ејј жими мене ми вели, дај бе батали ја курвава , јога покажувала она на Јутуб Маж ми, седи мирен , види види како фино лепо вежба јога