Па во описот на профилот кај жената стои дека вежбала јога и ќе ни покажува како треба да изгледа тоа истегнување и јога уметност. Јас го сфатив како модерна јога и затоа пуштив да гледаме Не знам веќе какви времиња дојдоа, сега и ти со твојот коментар ме ставаш на мисла да се двоумам за јога
Јас обожавам лето, не сакам никогаш да заврши. Самата помисла дека е веќе август и се приближуваме кон есен и зима, ми ствара ненормална депресија. Мразам џемпери, дебели блузи и палта. За шалови и капи да не правам муабет, сакам да ги исфрлам од употреба пошто ми ствараат с’клети огромни. Мразам дожд и ладно сиво време.
Толку години сум на форумов, ниту име памтам на некој, ниту заменки, ниту кој е дупли профил, ниту која членка со маж и имала кавга пред 3 години… Ништо не ви бега, алал да ви е.
Па знаеш тој вицот ( а уствари и не е виц) Жената може ќе заборави каде ја паркирала колата ама точно ќе и текне шо си кажал на 12.04. 2005 во 13:15 часот.
Останувам сама дома - огромна скачка ми влезе преку прозор. Останувам сама дома втор пат - гуштериче мало пред влезна врата во заградата (имав шанса да го убијам, ама немав срце да го направам тоа, па само си продолжив понатака). Останувам сама дома по трет пат и како станувам од спиење гледам во ходник на паркет мало гуштериче. И во таа секунда ми иде да врескам, да пискам, и да барам помош, ама сфаќам дека сум сама дома и дека само може да си направам поголем проблем ако го оставам суштеството живо и дека ќе треба да ја започнам големата преселба на народите и да му препишам на гуштерчето и стан и куќа и се. И во тој момент сфаќам дека сум препуштена сама на себе, ја земам најблиската домашна влечка и со сета сила го гаѓам гуштерчето и така два,три,четири, пати ударам со влечката за да се осигурам дека е мртво и откако сфаќам дека this time i did the job the right way, добивам паничен напад затоа што истото тоа мртво гуштерче сеа треба да го соберам и да го исфрлам надвор. Замислувам крвовици под влечката, па се опремив со маска, со ракавици, со метла и се припремав едно дваесет минути за да го решам проблемов. Успеав некако фала богу, и не беше така грозно како што замислував, ама сепак беше језиво. После тоа едно пола саат џогирав и дезинфицирав и еве сега седнав да ви се пожалам. Не знам како ќе спијам вечер, ама не е можно секогаш кога сум home alone да ми се случуваат вакви ситуации. Сега на пола саат ќе дежурам пред влезната врата, иако нормално дека направив барикада, ама начисто се истрауматизирав човече.
Најгрозните луѓе кои ги имам запознаено се оние кои гледаа со презир кон љубовта... Замисли да си дошол до пола од својот живот и да немаш поделено љубов?! А да имаш мислење за се и сите... Таа останала трудна за да го задржи оној, оној сто посто е геј, ама ја лаже дека е стрејт, се крие со неа, онаа е за парите со него... итн... а ти?! Ти што правиш?! А мислиш цел живот дека луѓето созреваат...
Буквално пред 10мин утепав еден гуштер, не беше баш мал, стигнал до дневна соба дури, отворено на тераса ми беше, можно да е ради времето што е нестабилно да бараат потопла средина. Затвори ги сите прозори во секој случај да не ти дојдат повеќе. Чим си го утепала, немаш зошто да се плашиш.
Скроз! Или кога ќе почнат вака онака овој/оваа како се омажи кој ги зема, па се сакале, па не се сакале, се варале. За сите се знаат а не можат партнер да најдат и да изградат релација некоја. Многу ме нервираат такви луѓе. Јас почнав веќе да им викам: па бар некој сакал да ги ожени тие девојки.
Што побогу може гуштерчиња, скачки и други мали животинчиња да згрешат некому па да чувствува потреба да ги убие? Разбирам страв, ама како стравот од животинче од 5-10цм би натерал човек да убие безопасно суштество, не разбирам. Па дури и за пајаците кои некогаш ќе ги соберам со правосмукалка ми е жал, камо ли друго животинче... Ова моево мислење можда е непопуларно, ама ИЧ не ми е јасно.
Не, воопшто не станува збор за никаква сатисфакција. Напротив, се гнасам од тоа. Многу. И заради тоа паничен напад добив отпосле. Едноставно морав да го направам тоа, бидејќи немав друг избор, освен да го оставам да си шета по куќава и да ми пренесе разни болештини. Жалам, се чувствувам ужасно, не сакав да го направам тоа, ама немав подобар избор.
Не сакав лично тебе да те нападнам, да не ме разбереш погрешно, затоа и не те цитирав. Некако општоприфатен став е да се убиваат животинчиња а мислењето твое само ме потсети да пишам. А за болештините... Не се пренесуваат баш така ))
Немав појма дека гуштер пренесува болести,сум читала биле корисни, јаделе инсекти и други штетници. Не би се осмелила да го тепам или бркам, мислам дека е роднина на крокодилот и нема шанси да го утепам. Еднаш го имав, на одмор, го оставивме да спие во спалната (со надеж дека нема да излезе одтаму ). Ти си жено супермен.
Илинден? АСНОМ? Дечките што кружат на интернет и не знаат што е тоа се јаде ли? Е на оваа тема сакам да зборувам, не е срамота што не знаат срамота е што имаат 5ки Историја, запишуваат факултети и завршуваат. А не е битно воопшто што не ја знаат Историјата на нашата држава. Побитно е зошто одат во Крушево да пијат? Побитно е што им даде оваа држава на нашата младина, на нас какво воспитување? Дај ви се молам ми се гади на секое стори СРАМОТА да читам. СРАМОТА е за нас како народ, нација, ние така ги учиме и воспитуваме, средината ни е таква. Кој револт ми е па уште читам коментри од маса на луѓе што едвај напишале коментар
Сосема те разбирам. И мене ми се случуваат овие работи. и јас иам многу голем страв, ама од инсекти. Ете сношти во кујна ми влегол голем пајак, па кога земав една долга метла кога почнав да мавам на зидот, па и вратата од балконот си ја отворив за ако дојде кризна ситуација - да бегам! Го испомајав зидот, пајакот падна на масата, па почнав на масата да маам со сета сила. Ем се наежував од гад, ем од страв во исто време. И дали го распарчав цел или побегна, незнам. А пред неколку месеци или лани беше, пајак ми помина на 5 цм од ногата, па кога вреснав, па од страв и стапалото ми се укочи, цел саат неможев да го помрднам. Тешко нас.