Уште еден генијалец заборавен од државата Полицаец од Ресен сам ковал монети од по 2 евра, илјадници завршиле на Косово Spoiler: XXX
Тоооо сестро златна. Намерно тебе те тагирав , оти знаеш убаво да доловиш. Прашањето мое беше што правиме со децата ? Од кого учат тие малолетнички и се снимаат да ни покажуваат Јога на Јутуб ? Мајка им ли ги снима и ги учи така да се снимаат ? Што се дешава со младината ? Одлично ме сфати ти со првиот мој пост каде една возрасна жена покажува јога и замисли не само она, илјадници и тоа не е забрането , ехееее има и клипчиња од блиску не само задникот и предницата , се разголено се гледа, јас мислев дека си има посебни страни за такви работи , а не очекував дека баш на Јутуб ќе гледам голотија. Арно ама во вториот мој пост веќе ситуацијата е алармантна и затоа реков да се јавиш на каса со твое размислување што правиме со децата ? Како не им е срам малолетнички се снимаат и покажуваат јога . И после ќе имало манијаци. Кој е крив ? Од кого учат младите ?
Знам , ќе испаднам и јас затуцана ако ги искритикувам младата генерација. Ете се чудам и немам објаснување што се дешава со младината што се снима така.
@Herrera ја те сфатив шо ти беше зборот ако нешто ти значи. Шо да се каже, оде светот у три лепе мислам тоа горе долу на сите ни е јасно. Децо покајте се времето е близу или така нешто. Ај ја идам да го барам темјанот, па да испаѓам. У меѓувреме, од неќна кога пиша за Ноа ми текна. Еве малце да се размрдаме. Ај Добро Утро!
Пред 5 години престанав со фотографија, тоа е една моја страст што никогаш не згасна, уште помалку гори во мене, едвај како жарче заборавено, ама тука е. Налетав на профилов: https://www.flickr.com/photos/sassysmoore/, и ми се разгори малку повеќе, такво задоволство ми дадоа фотографиите, женава успеала да го фати "духот" на секојдневието и убавината на животот без грандиозни и луксузни доживувања, на најубав најспокоен најпривлечен начин. Светлината, боите, атмосферата, деталите. Одлично.
Ти си многу мека на зборови, не можам со тебе. Јас барам форумџики што не се толку меки ко коментираат и точно знаат да се искажат на форум колку и да не звучи фино. Сигурно си приметила и сама, некако сите ко исплашен германец си траат, глас да не им се чуе , село гори, баба се чешла, НО сета среќа има по некоја погласна форумџика што се издвојува од толпата. Уффф, одма ми текна на Bridget, baba Rada, buba4e89 , премногу ми фалат , они беа од мојот калибар.
@Srckata28 серијата е буквално феноменална, како што кажа чај за душа, неосталгија! Извини на тагот, ама морав да пишам
Дефинитивно го доловува животот/ мисли/чувства на еден тинејџер на реалистичен начин.. Главната актерка ја видов и во новиот барби филм, и ме врати у минатотот …
Песнава. Како ја повторно гледам, после секоја епизода различна песна си потпевнувам. Морам да си направам некоја плејлиста со вајбс на серијата и што ќе ме потсеќа на ликовите. Инаку да, многу ми беше мило што беше вклучена во голем филм како Барби, заслужено.