Кога некој ќе каже купил телефон викаш честито со здравје да го користиш само, не мора да кажеш зошто ти не купуваш скапи
Џабе се расправате со нискоинтелигентни луѓе Кои се знаците на ниската интелигенција и менталната ограниченост? (според руските психијатри Ганушкин и Токарски) 1. Личноста не се сомнева и не ги испитува нештата 2. Нискоинтелигентната личност не разбира иронија. 3. За нискоинтелигентен човек постојат нешта кои не смеат да се зборуваат и да се прават. 4. Нискоинтелигентната личност, според психијатрите, не е морално созреана 5. Нема критичко размислување. 6. Нискоинтелигентната личност е со затворен ум и тесни хоризонти.
Сдк дека маж ми е чудо од човек и дека и на мишот дупката може да ја најде несакајќи. Секогаш ама баш секогаш кога ќе се договорам со него да се најдеме некаде, обично пред некој маркет или трговски, одам јас и чекам тамо како забегана, му се јавувам "ајде бе кај си, јас сум тука веќе" и овој ми вика " епа ти кај си и јас сум тука". И се вртам јас уште толко, него го нема, се караме по телефон, а забеганиов отишол да ме чека на ЗАДНИОТ ВЛЕЗ. Па побогу, кој чека на заден влез ебате, како ги наоѓаш тие задни влезови, јас и да барам неможам да ги најдам.
Да ти предложам помфрит, за кога ќе решиш да се почастиш барем да вреди - Levant, East Gate. Само кога е помфрит во прашање сум стрвна, друго шо сакаш јади пред мене немам гајле. Кога сум гладна прво на помфрит помислувам. Ај и пица со четири сирења можи.
Пренервозна сум. Ај овој Меркур ретрограден нека заврши веќе еднаш! Денес дознав колешка пак ќе поднесувала оглас во фирмава, но директ ќе биде вработена, не преку посредник ... Ако е вистинита информација инстантно одам на место за подобра плата. После толку закачки и заебанции од нејзина страна срамота би било. Итно давам отказ ако е вистинита информацијава. Буквално ми го уништи денот во период кога конечно почнав да се прилагодувам и стекнувам искуство за long run. Втора ситуација од такт што ме извади, а ми текна денес, храната во рестораните/баровите е со ужасен квалитет. Вчера во Bella Vista нарачав панцерота и луѓе мои, тоа личеше на СЕ само на тоа не. Препржена ко мекица, и згора на тоа внатре филувана / нафукана со варена пилешка салама како онаа за 100 денари од кам, со жими млечен кашкавал, но без грам кечап, сол, ни оригано. Само формата панцерота, другото факен одвратно. Не знам каде има добра храна низ Скопје/Центар? Еве дајте предлози за нареден пат кога ќе седнеме да знам? Soul Kitchen ги бива ли? Ако да, таму ќе седневме, но чистеа внатре, не беа достапни во моментот дека недела.
Пица се дешава, помфрит не обично, ама сега ми се јаде и помфрит. Фала ти за ова Патко. Кармички ти си крива ако утре јадам помфрит да знаеш.
Soul Kitchen и на кеј и во East Gate сум седнала којзнае колку пати, и на двете места секогаш сè што сме порачале било превкусно, е единствено еднаш еден бургер (во ресторанот на кеј) беше утнат, онака ок ама не е тоа тоа. Јас за ништо не ги менувам.
Моментално сум во оваа фаза од животот Maybe I don't know what my goal is, but I will achive it Ми треба некаква победа во животов моментално, макар и ситна да е, ама победа да е
Три саати пред да излезам за на работа смислував рецепти што ќе вечерам на работа, за на крај да заборавам да јадам, али да не заборавам да испијам пола литро црно пиво со колегите... Па тие уште и се чудат ништо не ми било. Алооо, работиме у кујна, се потам ко гуде, ем си го пијам со лезет, ем и вие сте Балканци, не ми се прајте поштени демек не знаете дека ни држи гзот... Али ај, битно внесов калории и витамин Б... И убаво си поминав на работа.
Второ кафе ( Now he’s thinkin’ ’bout me every night, oh Is it that sweet? I guess so Say you can’t sleep, baby, I know That’s that me espresso ) во 3 часа будна. Не би рекла нов рекорд ама цела вечер сум спиела прелесно, па станвав и се думав дали се успав. Поминало само 30 минути. И така. Наново, лесен сон, по 30 минути зашеметена се думам дали се успав и каснам. Ајде утре една обврска помалку ќе издишам еден ден. Ама само еден ден. Интересно ми е дека често коментирам за all in or all out менталитет. А јас го имам. Или не прам ништо и се маринирам во досада. Или прам се и не можам да издишам. Кај е балансот girlie? Кај е добриот квалитет на живот girlie? Опрај се.
"ДАЈ БЕ У КОЈ ВЕК ЖИВЕЕМЕ!" Стана изговор за се и сешто, и за курвање и за изневерување и за пијанчење и за дрогирање. Све е отидено у три лепе.
..а длабоко во себе сите бараат љубов наспрема тоа што немаат баш што да понудат. Доста трагично (за нив).
Честитки , се наоѓаш на вистинкото место кај што сме собрани се нервозни на фемина Некоја помалку, некоја се стега па во поблага форма изразува нервоза , а некоја со слаби живци ко мене, ни 5 ни 6 , гадна на зборови 100 % , нема лабаво. Ја знаеш онаа, ко се нервира некој и ќе запали цигаре да смири живци. Јас никогаш во животот не сум запалила цигара и сум СТРОГО против пушење, ми смета димот од цигари и одма главата почнува да ме боли. Па тој критериум ДА НЕ ПУШИ ми беше еден од битните кога бирав маж за брак. Чисто да се надоврзам на муабетот дека оние накурчените палат цигари, една по една, за да смират живци. Е тоа го нема кај мене иако ЛЕСНО можам да се изнервирам и да почнам да пцујам и пак да се смирам. Нема шанси во себе да држам и да вријам, ма јок
Сфатив дека е време за промени во мојот живот. Првите чекори преземени, ќе биде подобро. Самата одлука направи да се чувствувам подобро. Утре почнува процесот, ќе трае долгорочно. Сфатив дека заслужувам да се чувствувам подобро во врска со себе. Долго време бев заглавен. Време е да направам некој чекор напред. Да не бидам толку инертен. Ќе биде добро.
Никако неможам да сфатам во кој филм се продавачките по бутици кога користат англиски зборчиња пример one size.. yess.. или sizes: S M L...боже сачувај па ви пишам од профил со македонско име и презиме, која е потребата?
Што е со луѓево, и онлајн и офлајн што на девојки во врска им кажуваат дека љубовта во врска е небитна, дека дур не живеете заедно и немате деца, ти си за него "некоја што ја легнал двапати", дека дур не ти ја држи раката при пороѓај, не може да осетиш што е поддршка, дека секоја може да ја ебе, ама една ќе ожени на крај. Дека утре да ми биде нешто, може и треба сосема нормално да тера во животот јер пак, само ме изебал трипати, не сум му била жена. Дека неверство во врска е сосема нормално зашто АГЕН, не сум му била жена. Стварно вака ги гледате врските?? Грозно, исто како вас.
Стварно така ги гледаат врските, грозно, типично за безбожни или за "божни на хартија" жители на Планетата. Прво да затруднела па после ќе ја земел господињот, за потоа крштевки и години фрлање кеш по икони... Всушност, врска и не е баш препорачлив чекор за брак или за семејство ама ај, кој како сака. Но, кога сме кај љубовта, да си кажам мое мислење, со извинување што тоа го пишувам како реплика: Кај што има материјализам и алчност — нема љубов.