Знаеш шо е најтрагично во ситуацијава? Шо и покрај сите овие ставови и мислења, пак наоѓаат “жртви” т.е. девојки. Воедно, мозокот не можи да ми ги испроцесира овие глупоштини, а не да ги процесира, прифати и се согласи. Оти неретко ваквите, како шо гледаме и се големи фалбаџии.
Братче, од луѓе во брак сум ги чула овие, и мажи и жени. И тука на форумов се провлекувале. Они дур не се омажиле/ожениле и не поделиле сметката за струја, не знаеле што е љубов и поддршка. Дека врска е подебавање, од брак е озбилното.
Знаеш што е со тие луѓе? Трауми и комплекси. Веројатно нив, и жените околу нив, така ги третираат цел живот, па не знаат за друго. Прашањето е дали вистински веруваат дека така треба, или од огорченост само сакаат да затрујат туѓо расположение ширејќи грозни перпсективи.
Непопуларно мислење: Покажување на уредување на стан на тотално небитни луѓе на портали е глупо и сељачко. "Станот го уредивме со млаки бои и комбинирани дезени за максимум импакт." Чекај бе друже, кој си ти и што ми е гајле за станот?
Но женски ум,она е крива,она е преземачка на мажи,он е вол и не можел да не биде завлечен ,височество, принцот на бел коњ .Виновни се и двајцата,но не е фер на едната страна да се препише неверството и мислам повеќе од болка самата сопруга се нафрла на љубовницата, нормално маж и и значи,и коси ќе кубе ќе корне за него ,а таа е гледана како натрапник бидејќи е 3та личност која е вишок
Непопуларно мислење е тоа шо жената го уредила, да го уредеше мажот немаше ни млаки бои ни ништо ефективно да има, един импакт шо ќе го доживееш во него е мирисот на чорапи.
Најубаво ми е филм да гледам сама или со мм, не ми е јасно кога одиме на гости и кога ќе ни пуштат филм, сум отишла муабет да си направиме, ако ми е за филм дома ќе си гледам.
Неколку години наназад му немам некому пишано на ѕид на фејсбук честитка за роденден. Престанав да ги следам тие, па ме интересира дали уште си се практикува тоа
Сакам да кажам, ме изеде срам за тоа што државичкава ние за гревој.. Правам муабет со две личности од Франција, Париз, моја генерација значи ептен доста млади. Вика, Македонија има многу стари и спори возови (мислеше на Титовиот зелен Кенеди со купеата итн). Зошто Македонија нема пари да купи нови, направи нешто, ви фалат инвеститори. Викам, имаме нови кинески возови, но и тие се спори ради тоа што пругата е во лоша состојба Кога им кажав дека од Скопје до Битола се патува 6 часа во еден правец, остаа без зборови, ме гледаат чудно и си поставуваат прашања. Јас не знам кај да гледам од срам Му кажувам дека има пари меѓутоа си ги прибираат во џеб, нашите политичари се криминалци. Викам не знам каков е Макрон (демек) кај вас, ми вика и тој е таков меѓутоа сепак се развиваме, јас одговарам дека тие имаат индустрија како Пежо, Рено, Тојота, итн.. Вика даа, Пежоу, Реноу. Е ние немаме и затоа сме сиромашни (да не речам отепани хахах). Ми кажува, исто така видов доста двокатни автобуси исто како во Лондон (ЈСП мислеше) меѓутоа зошто се во лоша состојба и тие, многу лошо мирисаше внатре додека се возевме. Јас викам е тие се постари ама не многу, не се одржуваат, ми вика знам и во Лоднон се доста стари. Ме прашуваат колку жители има Македонија. Викам 1 милион и 800 иљади, се зачуди, тие знаеле 2 милиони. Вика леле колку лошо што бегаат луѓето.. Париз има 2 милиони само градот, со околијата е 3 милиони. Вика значи цела Македонија е колку Париз и помалце.. Едино убаво нешто викаат дека тука е послободно, има место за сите, за многу луѓе. Имате многу големи куќи, станови. Кај нас луѓето живеат во многу мали станови и еден врз друг (и тие исто). Јазикот е интересен бидејќи е словенски и сличен со рускиот. Знаеше малку руски. На прашањето за Владимир Путин дали франзуците го сакаат, вика не. "Вљадимир не" Тој е диктатор, 27 години претседател. Викам и Макрон е долги години на власт, да ама е само 7 години ама е демократски избран, а Путин не. Македонија вика има многу ниски плати, кај нас високи плати, низок стандард и од економски причини е полесно да се живее.
Шо знам што да кажам стандард македонсли стан, потазе напраен. Поента за на портал не глеам. Демек ја што напраив гледајте ме, чудете се, а тоа пола ствари икеа и пластичарска.
За шо да те јаде срам, или за шо они да бидат горди? Мислам, освен ако не си ти крив за возовите и автобусите, што ништо не си пофатил на пругата од Тито пратена...Ако си крив, стварно срам да ти е.
Па еве влегуваш во дискусија, ти кажуваат како е Франција развиена, ти поставуваат прашања зошто нема пари вашата држава, како да им кажеш дека ние сме 100 години уназад освен да ќутиш хах, како да му одговориш на прашањето. Оние во Влада само за нивни џеб гледаат, а еве вака идат туристи целите со прашалници. Е да во право си, и ние сме криви шо дозволуваме да не владеат криминалци. За се си ќутиме.
Ќе се пофалиш со добра храна. Навистина имаме добра храна, во Хрватска јадев телешка чорба, тоа беше се освен чорба, бистра супа.