Епа секој како си сака, како си има желба, еве јас не сум со две, не сакав, ако треба негде да се потпошам со цело име и презиме ееее. Има некои презимиња што се подобри само машка верзија, зависи и од презимето.
Помодарство е. И моето и тоа со - ВСКИ на крај. Како не му текна на некој овие 10 години уназад дека некои презимиња се подобри само машка верзија, зависи и од презимето.
Ако му се љутите на некој што не ви честитал - нова работа, роденден, веридба, што год - на социјалната мрежа кај што сте споделиле вест, закажете си веднаш сесија кај психолог и разговарајте кој ви е проблемот. Луѓето имаат право да бираат како ќе ги користат социјалните мрежи и имаат право да ги користат различно од вас. Не проектирајте само затоа што другите луѓе имаат различен начин на правење нешта, или во превод, не ви љубоморат само затоа што не ви честитале таму и тогаш кога вие сте очекувале. Луѓето имаат право да бираат како ќе функционираат во својот живот. Не им кажувајте на луѓето што да прават само за вас да ви задоволат одредени желби и очекувања. Честитање во живо е апсолутно максимално подобро отколку честитање во коментар на пост на социјална мрежа, макар и да е многу подоцна тогаш кога ќе се видите.
^ po to se gleda dali nekoj ti e prijatel ili samo go poznavas vo zivoto. A istovremeno ti se praj prijatel.
Времево е лудило, 50 степени жешко , ко преживи причаче. Ах колку мразам жешко време , паднат ми е и притисокот, да си ставам чаша кока кола.
Жешко време чини само дур сум на море, вака, жешково ништо не ми значи оти до 7 сатот сум ко в затвор дома.
Си мислам, болна бев две недели кога ме фати грлото едвај попушти дури деновиве и арно шо не сум вработена, па да се разболи човек два три пати годишно кој ке ти дај боледување бре? Како издржуваат луѓево свака част, не бев јас за ништо да мрднам освен да поткаснам и лекови да земам и назад в кревет...
Блиски пријатели подраго би ми било да ме израдуваат со добра вест во живо додека се дружиме, или барем преку повик. Не мерам пријателство преку лајкови и коментари на социјални мрежи. Баш тоа ми е и поентата, ете нè има различни со поинакви перспективи, не значи ако не функционираме на ист начин дека не треба да се почитуваме. Не треба да си замеруваме и да се лутиме зошто поинаку сакаме да правиме. Премногу значење им се дава на социјалните мрежи.