Пошто сите сте овде на куп да го прочитате текстов до крај. СЕ ПЕНЗИОНИРАШЕ ЛЕГЕНДАРНИОТ БИТОЛСКИ БИБЛИОТЕКАР ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ, КОЈ БЕЗ СИГНАТУРА ЗА МИНУТА НАОЃА КНИГА ВО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ПРИМЕРОЦИ - Сакам Да Кажам (sdk.mk)
Lorddddd бабиве на Балкан не се нормални со нивните коментари. Кој има ниска самодоверба, препорачувам да избегнува по секоја цена.
Од утре шетам со телефонот залепен на чело, баш да видам дали е во тоа решението на мојот проблем Ццц мрднат народ, ако си стока,ако сакаш имај и вонсериски телефон ЏАБЕ ТИ Е… Јасно???
Имав колега, најновиот iPhone го зеде, а бе секој ден висеше на прозор да го слика зајдисонцето. И дирек на стори. После почна со теретана и така.... Па ко дојде таа од ЧР, па и онаа си зимала ист. Па филмој, припаѓања, па насмевки, па па.... Шу да ти кажам, јас сум копиљ за нив, со Honor x8 5g.
Е срно де јас иам 14-ка и шо со тоа. Господ за јацата го фатив. Искомлексирани нарциси се тоа, им нема помош.
Муабетиве... Колку години сте, 14 ипол? Ама и ти сакаш да се пофалиш, признај! Да идеш на 16 - ка, да побрзаш одма да го купиш штом ќе искочи, нема смисла со стар да шеташ. И сигурно сите проблеми би се решиле. Пробај, па сподели дали ќе биде така.
Зашо ја Бриџит? Од кај тоа? И Бриџит нели тука е !? Никако ја не можам со неа, единствена си е таа и оригинална.
Не ми беше целта фалењето,туку само направив споредба со мојот телефон и мојата скромност наспроти постот на @GirLove Ако ги решам,одма имаш шо сакаш од мене. Фала на советот
Појма немам каде е, ако е со нов ник, не знам подмладок си и ти ај па и ти прифати комплимент не скокај одма ете, ми се допаѓа дека си кажуваш сè така во лице, затоа реков како Бриџит
Прв пат пијам млака вода со пола цеден лимон, за некоја минута лимон ипол со 100 грама краставица во блендер со литар вода. Да видиме какво чудо ќе се случи.
Нема да се случи никакво посебно чудо. Само ќе се освежиш и хидрираш. Феноменален пијалок за освежување на овие горештини.
Поќе од јасно треба да е, кога некој човек ќе ви рече : "Нема да бидам тука ( во смисла нема да сум во градов)", едноставно не сака да знаете каде ќе оди. Па и уште се осудуваат да прашаат бе, луѓево.... "Каде душе? Каде ќе одиш?" И претходно сте му објаснале да не ве викаа "душе, срцке и сл." Не знам жими се, чаре за ваквите кажете, со збор не се разбираат. Игнор не пали, им кажуваш дека не сакаш со срце, душо да ти се обраќаат и пак истото пак
И јас летово пијам ладна вода со лимон некогаш цеден некогаш парчиња - доста освежително и добра замена за кафе (барем сабајлечки)
Шо им е филмот на сестрите од Органџиски што се сликат со новороденчињата прилепени врз нивните нашминкани лица? Како не им смета на мајките, еве не знам
Просто неможам да се изначудам на бројот на жени кои се разведуваат и кои се заглавени до гуша од кредити шо биле подигнати за да му го уредат дувлото на господинот. Се прашувам само дали македонските мажи се толку неспособни да уредат дом без помош од жена, или знаат добро да манипулираат со тоа шо своите пари не ги трошат а ја оставаат жената се да купува?
Обожавам скроз рамни и кратки нокти, најпрактични на свет ми се, подолги ме нервираат. А почна па сеа да ме нервира нивниот изглед, и да сакам да пораснат. На подолгите, зборам нормална природна должина, без додатоци, твои, природни повеќе стојат лакови, посекси е цела рака некако и не ми се верува дека ќе дојдеше денот да посакам да пораснат побрзо. И друга работа, прегрдо ми е коа ќе видам излупен лак и стои така со денови, може и недели. Многу неуредно изгледа. Секунда работа е да се избрише, така што неам време не треба да е изговор.
Или па ако некој ти каже имам работа, имам некои обврски…скроз некултурно е да прашаш каква работа, какви обврски. Ако сакале да ти кажат, ќе ти кажеле.