Со ладна се бањаш? Првпат слушам женско да сака со ладна. За бањање со топла обавезно морам и во најжешкото. Не е за настинување, туку навика ми е и топлата вода ме опушта. А за седење на топло и без клима збор нема - У М И Р А Ч К А Летото како годишно време е најпреценето и погрешно се доживува. Пекол е у права смисла.
Мм бањат по шорцеви, маица и бос сред зима на тераса пуши цигари, а има затворена просторија кај да пуши цигари.
Значи сеа да треба да бирам маЖ доаѓам со тефтер на дејт ,прво прашање: Сакаш клима во лето? -Не - Следечи!
Дали некој продава златен Хари Потер Спојлер: XXX со код И дали ќе се снимате за ТикТок трендот Give me my money
Поарно да немаш никакво дете, него ли да имаш некое што ќе ти дојде дома нарендано со кашкавал од Десингерица.
Ќути дури не почнал вака со торти или пак дека на балканов може и со нешто помрсно, на пример некое прасе од фурна
Пред точно да видам како му е прекарот на овој, мислев нешто Дегенерица е. Не сум била у право...ама сум била.
Ме дупна ѓаоло да се фарбам, па може и да ја скратам косава. Ако цмиздрам утре на форумов да ме прашате колку ми било досадно на скала од 1 до 10...
Јас не верувам во промаја. Сакам да ми дува ладно во мене. Никогаш не ми станува ништо. Ама затоа не се гушкам и бакнувам со луѓе. Ок освен една.
А што е фрката со тој Хари Потер ? Ако може инфо не сум у тек , али најсериозно поима немам шо се дешава оти терам некоја моја шема со скроз друго.
Киндер јајце играчка е со ликот на Хари Потер, го има во маркетиве па дури и во Зегин хахах. Е сега има шема на него какви карактери т.е играчки може да ти се паднат, најважно е да ти се падни Златниот Хари Потер со код на него VT401. Бидејќи тешко се паѓа, како што беше порано албумот со сликички од фудбалери па тешко се паѓаа е сега ова е слично на него на некој начин. Овие што собираат колекции нудат од 500 евра па нагоре само да го имаат златниот Хари Потер со Код. Е сега ова малце ги претера границите како маркетиншки трик зошто инфлуенсериве го изрекламираа и си го зедоја данокот и влезе во тренд. Се продава и на amazon, ebay.com од 500 еур нагоре, еве и кај нас секој втор оглас е или продавам или купувам Златен Хари Потер со код. Глупости живи, некој тренд е фактички. Пример одиш купуваш киндер јајце од 60-70ден, ако ти се падни овај златниот со код можеш да го продајш и над 500еур
Оние кои трошат толкава сума за такво фигуриче се нетокму. Има подобри начини и причини за трошење на парите.
Е фала за објаснувањето. Па друже, за 500 евра ќе си купиш цел пакет со Киндер Јајца и ако ти се падне тој златен Хари Потер ќе го продадеш и ќе ти се вратат назад парите Тука нема таква наградна игра сега за сега.