Не се сите, може и друг да ти се падни златен ама тој е со посветла златна боја и без код а овај баш баш златниот е со потемна и код Е сеа ако имаш таков, огласи го, ете почнаа и за коли трампа да прават Ама тоа е ризик Ќе дајш 500 евра на цел пакет и замисли го нема златниот со код А вака ќе си го купиш па можиш да го препродајш за поскапо и така да врти парата Нее наградна ова, не даваат награди, како тренд е нешто. Има и кај вас, ама не си во тек, слабо тик ток гледаш Еве во Австрија 10.000 евра оглас https://www.willhaben.at/iad/kaufen...-harry-potter-vt401-mit-k-stempel-1769960176/ Германија 5.000 евра еве купи си Имаш и од 40.000 ако сакаш хаха https://www.kleinanzeigen.de/s-anzeige/goldener-harry-potter-kinder-joy/2838565424-234-4830
Луѓе, јас го имам златниов Хари Потер, на заебанција го купив киндер јајцето, еве го го гледам сега стаен во кутијава со џиџи миџи. Дали сериозно можам пара да напраам од него, дајте кажете, ќе се честиме кафана
Во право си, рака на срце, но не користам јас никакви апликации, нит тик ток , нит инстаграм , затоа и не сум у тек што е таму популарно, ниту сум у тек кои личности на тие апликации се познати. Јас сум скроз забегана со мозокот во Јутуб животот и моментално за викенд шема со мозокот сум во Тахити Си бил ли ти на Тахити ? И јас неам одено таму, велат убаво било ......
Каков златен Хари Потер, далеку е од злато кое вреди нешто. Еден имаше кај нас објавено и тоа чисто на мајтап, оти во Купи Продај на Фејсбук колку што објавуваат вистински и сериозни огласи, толку објавуваат и без врска, на шала. Така беше со Хари Потер. Дури немаше ни цена, нормално. И после него, почнаа други да го објавуваат. Златен, аха.
8 имам, 2 дадов. Јас берам играчки (страшно се хиперфиксирам ако ме бендисат играчките), ги берев Киндер Натунс, старите Хари Потер фигури, новите, Животинско. Толку не е редок Златко (оти златен) шо имам поќе Златковци, а уште немам одредени други ликови.
А зошто не работиме само 6 месеци во годината, а другите 6 да ни се одмор? Во животот треба да има баланс.
Објави го на ebay или amazon кај нас тешко дека некој ќе го земе, мада пробај си по групите не губиш ништо
Давам 150е, цената не е фиксна, може да се ценкаме на пазарски начин. Ако не ви одговара, одете тамо кај шо ќе ви дадат повеќе
Дали ова со продавањето на златниот Хари Потер е некој социјален експеримент? Без никаква иронија прашувам затоа што не знам што е фората. Објаснете ми
Денес, после повеќе од 2 години, седнав на возачко седиште. На паркинг вртев кругови де, ама многу сум горда на себе со оглед на тоа што имам сериозна фобија од возење и имав напади на паника само кога мислев на возење. Се решив да превземам нешто во врска со тој страв. Потреба ми е да сум самостојна и плус криво ми е 4 години да ми фаќа прашина возачката. Не иде. И така 2 дена правев EFT tapping и медитации. И се осудив. Се надевам ќе се опуштам до крај овојпат.