Никогаш не сфатив зошто, оние шо ќе заминат од државава во потрага по подобар живот, имаат навика по социјални мрежи да ги величат и воспеваат дури и најмалите, најбанални детали од татковината. Односно, стануваат најголемите патриоти.
И јас тоа го мислев баш вчера. Има некоја психологија тука. Можеби е некоја недостиг, меланхоличност по земјава, каде имаат многу спомени од животот, од детството. Не сите се преселени од што сакале да се преселат. Некои државата ги избркала. Можеби така го артикулираат гневот што морале да се иселат од земјава и да се оддалечат од блиските тука. А некои веројатно и само се прават курнази од дистанца. Го гледаше видеото со бетика? (линк)
Isto taka jadat se so treba i ne treba za Evropa, a velichat Rusija.. Hipokritizam pusten na najjako.
Националности не се заслужени и избор а државјанства се привремени и променливи. Затоа не ништо не ми значи народноста и државата кој и да е.
Кај сретнавте такви Јас сите што ги знам ,а еве и овие на форумов е доволно д аги читаш ,плукаат све во државата.
И јас сите што ги знам и сум слушала што се иселиле само плукале на големо по државава, а ја величале државата каде што се доселиле како најсовршеното место на светот. Ама тоа е, пред народот мора постојано да држиш слика на среќен живот, не дека не можи да им е убаво, но секогаш ги криеме помалку убавите работи кои се неизбежни. -- Инаку не знам зошто толку многу ми се допаѓа бруталистичка архитектура, особено оваа типична за источна Европа. Многу ја сметаат за депресивна, мене ми дава чувство на мир и носталгија, иако никогаш не сум растела во такви згради. Колку ми е mood кога ми излегува на reels со песни на Молчат Дома.
Па депресивна е реално. Еве и низ Скопје тие градби што се такви масивни, чудни ми се и грди, ладни некако, морничави. Во социјализмот биле сигурнo интересни дека невообичаени, тие и сеа се многу впечатливи и уникатни, не викам не но сепак има нешто депресивно во нив. За во хорор филм совршени се. Посебно ако се осамени, запуштени и неодржувани. Веројатно интересни ти се па затоа и те привлекуваат. Во топ 1 најгрда градба во Скопје ми е зградата на македонскa пошта. Како вакво нешто може да е убаво на око? Естетика нула според мене.
Поввеќето што ги знам и заминале, секојдневно пуштаат слики од седенки, журки, скари и сл... Толку ора овде немаат изиграно колку во германиите. Се на асталче се и за орце фатени.
Ее аман, па на вас и да ја плукаме не ви чини и да ја величиме не ви чини . Шо да правиме? #прашањекоемемачи
Никој не заминал од Македонија од што сака, заминале поради никаквото здравство, образование, менталитет, итн...
Па да ми чинела Македонија, немало ко мува без глава да избегам од неа. А такви патетики као Македонски друштва, па прослави на празници и слави по хали, веење Вергини, пишување по групи Поздрав браќа Македонци, дали некој може да ми пополни документи за детски додаток, па запишување деца по Македонски паралелки и одење на матура у народна носија може тилот коа ќе си го видам само. Мене тука ми чини, ми се свиѓа организираноста на системот, и тоа што грешките се исклучок, а не правило. И ги поштуем Германците шо никад нишо не им чини, и увек цркаат - оти затоа и имаат, и следат и поштуваат правила и ред.
Мене па многу ми е убава оваа естетика. Иако е спротивност од она што обично сакам (шаренило, светли бои и сл). Баш таа зграда ми изгледа многу јако, типичен брутализам. Вакви згради сепак биле правени најпрво од практични причини, да можат да живеат што повеќе луѓе, не да изгледаат убаво. И ден денес се стварно издржливи. Ама не знам ете, ми има некој вајб што навистина ме привлекува.
Се приклучувам на клубот што познава иселеници што само плукаат по Македонија и ни се чудат зошто уште не сме размислувале да се иселиме. Со потсмев гледаат кон нас и ако некој нешто им возврати одма коментари "овие па патриоти глумат нешто". Дојде време да е срамота да си млад човек што има првичен план да остане во државата каде е роден и каде му е цела најблиска фамилија.
Манифестирам твојата храброст да се префрли и кај мене. Возачката моја 6 години фаќа прашина, многу голем страв имам од возење.
Затоа што колку и да си далеку, тоа е твојата родна земја и народ. Затоа што ти недостигаат спомените создадени во неа. Затоа што земјата не е крива, копитари со години ја уништуваат. Државата е за никаде, татковината е прекрасна. Јас сум некаде на пола пат. Горда сум што сум македонка, националист сум, но плукам по оние што ја доведоа државата до степен да се прашуваш што несреќа си имал да живееш таму. И сакам да го запознаам своето дете со нашите традиции, сакам да се запознае со македонска музика, сакам да знае од каде потекнуваме. Нема ништо лошо во тоа да си горд на своите корени. Исто така, уживам кога ќе се собереме македонци, со македонска музика, скара и увезена ракија. Си наоѓаш спокој дека не си толку далеку од дома.