Не ми смета во таа смисла дека мене ме тригернува но имам лош впечаток за личноста што постира и форсира материјално. Инаку секој сака да гледа убави работи, патувања и сл. сигурно тоа ми е поубаво да гледам отколку трагики но тоа е друго али баш стан дека си купил е апла фалење со материјално.
Објавуваат што сакаат, а после стануваат полесна мета на крадци или локални оговарачки. Битно се пофалиле.
Во последно време само ова ми е на ум многу добро го долови и фала ти уште еднаш што ме потсети. Се изгубиме и отуѓивме ради ова, и самите сме си криви и зависни. Замисли тоа време да го посветиш на нешто вистинско? Дружба со родител, пријател, роднина, внуци, баба-дедо - макар и со себе (хоби,спорт, прошетка). Колку тажни станавме се фрустрирам. Фејсбук избришав одамна, инстаграм нотификациите ми се на мјут, се трудам да отварам 1-2 во денот максимум, на другарките им кажав ако е итно само на вибер порака или повик. За постирање не ни коментирам, ништо немам објавено со месеци, стори не ставам, слики испобришав фоловерс само луѓе што се знам и познаници. Ама никој не следам ни познати ни типс трикс чао! Малце назад во реалноста и винстинското. Со мали чекори се трудам да го искоренам, а тоа колку ќе успеам мислам дека ќе се навратам на темава за некој месец. May the force be with us!
Јас па мислам дека се плитки, површни, не им љубоморам Имав такви, одамна се избришани. Зборам за обичен народ нели.
Исто. Никогаш не сум објавила со намера видете ме чудете се, туку тоа ме исполнува. Во периоди кога 90% од времето сум депресивна, макар и до соседниот град да прошетам се осеќам жива. Плус сакам естетски убави работи, процесот на обработка на фотографијата, бирањето, се тоа ме исполнува. Ги сакам и пријателите кои споделуваат шетање конкретно, ме инспирира, не ми ствара негативни емоции ако во моментот имам пари само низ прозор да гледам. Не знам зошто се осеќам како да мора ова на сите да го објаснувам само за да не го сфатат како фалба. Некогаш објавувам и memes (јутро кафица је спремна ), најмногу интеракција има, ама сè нешто да промрчат. Имам еден reel и ме зафркаваа, почна спотови да снимаш. Ми беше непријатно, а сега истите имаат цели профили со видеа.
Имам посебен, јавен профил за фотографија, со која веќе некое време немам време да се занимавам, таму повеќе таков тип на фотографии објавувам. На личниот полабаво. И разбирам што ми кажуваш, иста сум, и себе се сликам но најмалку, повеќе е околината, што ми се допаднало и што на крајот највеќе за себе го чувам, времеплов на животот ми е.
Јас моментално немам. Ама кога ќе имам ќе имам оти сама без ничија помош сум успеала. И тогаш нема да се кријам, баш напротив, ќе си бидам горда на успехот. И нема да постирам за да се фалам за други, туку за себеси да се потсетам дека се што е имам е благодарение над деноноќно бдеење над книга и многу, многу работа и труд.
Иначе да се надополнам, веќе не се замарам што мисли и кој мисли за мои слики. Пролетта се здебелив доста, пуштив стомак, едноставно не ми се допаѓаше како изгледам. Откако почнав со спортување, велосипедизам, планинарење и диета, симнав доста килограми, телото ми изгледа поубаво, од точакот нозете ми се зацврстија и газот ми изгледа каде каде подобро. Кога се видов ослабена во спортска облека, самодовербата одма ми скокна. И си се бендисав како изгледам. И се изнасликав и во огледало и во опрема. Не за други да ме гледаат, туку за себеси да се потсетам и да се мотивирам дека иако е мал milestone, сум го направила. Ко Саманта гола што си се сликаше за коа ќе била 80, да си се потсетувала цицките колку и биле јаки. Е баш така се осеќам, кој што сака нека мисли, мене ми е убаво.
Не мислам дека се што е материјално постирано е со намера некој да се пофали и јас имам слики од патувања и сл. Се гледа кога некој има намера да се фали и тоа ми е сељачки апла, барем јас можам да препознаам.
Апла е фалење да стаиш слика кај што го држиш клучот, и кај што потпишуваш документи. За ова не треба да си препаметен да препознаеш.
Сè што постираме е со цел да се покажеме во одредено светло пред други луѓе. Инаку, нема да постираме, колку горди и да сме. Пошо во реалност ништо не менува дали ќе споделиш на социјална мрежа или не, пак ќе ги имаш резултатите од постигнатиот успех, радоста, гордоста, или тагата, разочарувањето, итн. Едит: освен ако имаш 0 следбеници.
Љубоморни сте и те како. Се што ни смета кај другите, е нешто со кое имаме проблем ние самите во себе. Никогаш не е до што прават другите. Филозофија на страна... социјалните мрежи се буквално користат за да го истакнуваме најдоброто од нашите животи. Кога постираме селфи, кога постираме дека нашето дете наполнило 2 годинки, кога постираме слика со партнерот, слика со диплома во раце, кога постираме дека сме купиле кола... се тоа е со цел да видат другите и секогаш посакуваме да добиеме валидација од другите. И тоа е океј. Пошто здрава количина на валидација бараме секој ден, не само на социјални мрежи, луѓе сме. Сето тоа станува нездраво кога ги користиме социјалните мрежи и мислиме дека тоа е реална претстава за нечиј живот или кога ние стануваме незаситни и бараме премногу валидација. Јас лично не сум имуна на тоа, баш имам пишувано дека ме психички убива да гледам 300 патувања на инстаграм додека јас седам дома и слично. Ама јас тоа си го признавам. Не е до нив што ги користат социјалните мрежи како што се наменети да бидат користени. Вие со користење на форумот што мислите дека правите? Секогаш кога ќе постирате мислење тоа е со намера дека можеби некој ќе се согласи со вас, ќе споделите нешто што ќе ве конектира со другите, некому ќе сте relatable. Инаку ни јас ни вие не би ниеднаш постирале мислење. Што мислите дека се дешава во темите Што последно си купивте?, Модни критики и други. Мислите некој бара модни критики? На сите целта им е да си го покажат нивниот убав нов аутфит. Повторно ќе кажам, сосема океј. И така горчината што ја осеќате кога ќе видите дека некој објавил стан, останува само во вас. Наместо да сте горчливи можат тие работи да ве инспирираат. Големо дупе на инстаграм да ви биде мотивација да вежбате. Нечија приказна како од 0 дошле до нова кола да ве инспирира и вас. Кога некој објавил дека се преселил во вашата омилена држава, прашајте го како. Нека ви служат социјалните мрежи да се осеќате боље и да примате идеи, а не да се јадете живи заради нешто што некој друг објавува.
https://www.crnobelo.com/novosti/sv...okraj-nea-kozhata-i-se-raspagja-po-operaciite Битно е кој како се осеќа .
Браааат отворено кажи му да одјебе? Као поминување на граници ова е и тоа сериозно. Иначе џабе со дечково само одјеби го концизно и прецизно, прекини да ме контактираш и бла бла, не знам сум немал вакви проблеми, обично мене коа ми идат на к, јас не ги перцепирам за живи. Леле колку си валидна со ова, ама колку не сакам да се согласам тоа е нешто страшно.
Вчера во фб група, една жена објавила дека матичната нејзина сакала да ја пријави во социјално зашто децата ѝ биле дебели. Имаше пишано и килажа на едното и беше над 90 кила. Коментарите повеќето беа на страната на женава, дека ама сите деца се дебели, ама шо ја боли патка докторката ако ти се дебели децата. Океј...да беа преслаби, неухранети, иста песна ќе се пееше? Башка збориме за матичен доктор, не Трајанка од Свирипичино. Апсолутно може и треба да реагира ако смета дека здравје на дете е загрозено. Друго, шо значи бе тоа сите деца више биле дебели? Па ако ви се дебели децата, значи абер немате да се погрижите да не бидат, не станале дебели од воздух. Трето, да, сметам дека ако ти е предебело детето, треба сам да се потрудиш да смениш нешто или да бараш причина зашто е така, не да чекаш некој друг да те потсети. Оти утре ќе ги читаме по форуми и групи како бараат чајчиња и апчиња и како не можат да ослабат оти "па цел живот сум си дебела, не е од јадење тоа". Не знам како идат во пракса вакви работи со пријавување ама добро е што постои, ако постои. Ако му го загрозуваш здравјето и не ти е ич гајле, ти треба едно протресување.
Ќе се надоврзам дека не мора да е љубомора во прашање, ама нешто дефинитвно пливка во длабочината на потсвеста. Може да е чувство на супериорност, во смисла: види го глупиов шо постира, кога би бил паметен (ко мене), не би постирал за ова. Може да ти е некој досаден со објавите што не се твој интерес. Или нешто трето, инаку зошто би осеќал ко што викаш ти горчина, што некој си таму постира нешто што од било која причина тебе не ти се допаѓа. Сè што треба е човек да се праша сам себе "зошто ми се јавуваат овие чувства поради нечиј пост" и да биде искрен сам со себе. Секако, ако воопшто го интересира одговорот. Добрата ствар на форумов е што си анонимен, па сите сме си ко некои ликови од серија, немаш појма со кој се сложуваш во мислењето, со кој не, па така не го добиваш баш вистинското задоволство од валидацијата.
Не е исто. Добро, зависи за кого како и за што го користи форумот и со каква цел. Иначе не, за мене ќе си кажам, не ми е целта некој да се согласи со мене. Ко шо приметуваш со многу од вас не се согласуваме за доста работи и супер, не ми мења ништо. Ова за конекциите, океј, можеби. Нормално е тоа. Ко што рече, луѓе сме. Мислења не пишуваме само за да се истакнеме пред другите и лајкови да собереме на анонимен форум и тоа. Мислења пишуваме поради потребата ете слободно да ги изразиме нашите мисли, чувства, идеи, да побараме некој совет, ние да дадеме совет, да помогнеме некому, нас да ни помогнат.. Е да, има и членови кои како што рече си го користат за да се пофалат или промовираат на некој начин. Тие теми што ги спомна типичен пример се за тоа. Ама секој со своето. Ова најјако ти е. Но зборувај си за себе, не у множина. Глупо е вака. Не ми е ниту за чувството на супериорност. Не ми е целта да исмеам некој, а ја паметна да се напраам. Поарно да се утепам ако јак доживљај ми е да се осетам дека сум над некој со тоа што би го исмевала. У суштина мразам надменост во било каква форма. Туку реков не ми иде мене ете, ништо посебно нема ама не сакам да го праам. Не ме исполнува. Не знам како да кажам, тоа не е за мене.
Кога некој/а мисли дека секоја негативна реакција на нешто е горчина, љубомора или супериорност, или е личност под 25 години или е над 25 години, но уште не успева да созрее. Аман, луѓе. Нормално споделување на некаков успех не смета. На нормален и скромен човек нормално е да му смета фалбаџиски материјализам. Различни се.
За некој е успех ако искачил некој врв, за друг ако купил стан. И едното и другото е за пофалба. Ама за едното се кажува браво , а за другото се мрче, ако се постира на соц.мрежи.