Јас не осеќам горчина, ама осеќам љубомора кога гледам среќни парови. Не сум човек што сака да е сам (иако за мене е така најздраво моментално). Материјалните работи не можат да ме направат љубоморна, сум имала и сум немала, сè е за луѓе. Купување на стан може да е курчење, ама може да е и milestone за личноста/парот. Така што, ако некој ме спама само со својот убер рич лајфстајл, ќе го отследам (што е и случај), и никому ништо. Сосема сум свесна дека и тоа што мене ми предизвикува љубомора многу веројатно не е 24/7 како на сликата, но сепак ете. Секој со свој акл
Па не е баш анонимен форумов, има некои што и приватно се дружат. Нејсе, треба човек да се запраша зошто се му смета.
Површински гледаш на работата, можеби и несвесно праиш некои работи или едноставно не ти е гајле зошто се осеќаш или размислуваш на одреден начин. Но дефинитивно позадински има нешто, без разлика дали те интересира што. Ова општо сметам дека е вистина за секого, не специфично за нешто поврзано со ти што кажа. Во секој случај, јас нафрлав неколку работи, не мора баш тие да се. Ако размислиш подлабоко, сигурно ќе сконташ зошто баш така мислиш и се осеќаш.
Сум ЗА преиспитување и саморефлексија мислам дека на многу им фали. И сакам да идам длабоко и да го најдам коренот. Ја осеќам горчина поради блиски особи кои ме третирале нефер и ме нервира форсирње на материјално по соц. мрежи затоа што баш тие што ме третирале нефер биле тешки материјалисти кои поради материјални работи ме сј*бале. И да веројатно потсвесно мразам све поврзано со слични такви личности.
Ако нешто сметаш дека е глупо, тоа значи дека ти е глупо, не дека си љубоморен. Едноставно, станува збор за тоа кој колку смета дека треба да биде споделено нa социјални мрежи и кога некој претерува. Толку. Нема којзнае колкави длабочини. Сум се нагледала сешто и не сум љубоморна, се' што се случува е само тоа да се прашувам зошто, од каде таа потреба да се споделува секој чекор? Притоа, тоа се споделува и на луѓе со кои не ни комуницираш. Има и љубоморни, не дека нема ама има и такви кои само се чудиме на толкаво експонирање, не го гледаме како потребно ни корисно ни добро и толку.
Да точно не значи дека увек мора да има подлабока причина.. Може само да не се совпаѓа со одредени принципи кои ги имаш.
Да, ама во одреден момент во животот ќе дојдеш до заклучок дека не ти е гајле и ќе престанеш да се прашуваш зошто другите споделуваат многу. И тогаш, секој пат кога ќе налеташ на пост кој што за тебе е премногу споделување, нема ни на секунда да застанеш да си го поставиш прашањето "зошто", туку ќе продолжиш да скролуваш понатаму. Само најдобро е да се престане со скролување скроз ама тоа е најтешкото.
Осеќам љубомора коа ќе видам личности со складно семејство јер никад сум го немала, ваљда секој од нас љубомори на нешто што најмногу му фали или се плаши дека некогаш ќе го изгуби.
Поаѓам од мене сега. Слики од "среќни" романтики, фамилии, бебиња и ручоци, фешти, дестинации, локации, свадби, куќи/станови /коли исто, итн....ова уопште и не вклучувам. Зборот е за дополнително и со аttention /validation seeking, афирмации, и делириуми, лажни идили, кои идат пропатно со кои не (би да) се бавам... Или нема да ја спомнеме и подубинската позадина на претерана потреба од споделување и експонирање па или како? Социјалните мрежи гледам и сакам да ги користам продуктивно. И како место за корисни и продуктивни, информации, со нагласок на корисни и продуктивни. Се што не спаѓа во ова иде на игнор, like that. Нити има потреба од претерани филозофии и дебати, и валидации... Во време на конзумеризам, (вклучително и информациски) кај што имаш на дофат се и сешто, (ај па у мое име да зборам, некој не дај Боже па да не се тригне и увреЃи) мора да се има баланс и мера, за да не се малце изгубиш во сиот тој делириум (буквално).
Не секогаш, може и да е хормонално, ама секако треба на еднокринолог да се однесат. Не е секогаш само што се јаде. Мене дома ми готвеа храна, ама јас бев во состојба да изедам 10 кила грашак (најбуквално ми се има случено да изедам 4-5 килограми домати во ден како салата, дополнително и друго јадење). Зависи до хормонскиот дисбаланс, јас имав хиперинсулинемија и можев да јадам без престан, дупка без дно. Најмногу што имам изедено е цела торта роденденска... ми беше за роденден, а моите не беа дома и седнав и ја изедов цела...30 и нешто парчиња во едно седење. Посекако, ако имаат над 90 мора да одат на ендокринолог.
Јас не гледам потреба од прикажување на се и сешто на социјалните мрежи. Разбирам да споделуваш, ама да не се претерува. Јас ретко објавувам слики на фб. Немам инстаграм. Маж ми има една роднина која претерува. Фали уште да објави слика кога оди во вц. Затоа не ја ни следам на фб. Случка од денес. Пливаме јас, маж ми и децата. Имаше и други луѓе во езерото. Фино лепо еден постар "господин" кој лежеше на плажа зема нешто во рака и влезе во вода. Како што идеше поблиску до нас, видовме дека во раката има шампон. Си стави на косата и си ја изми. Се и сешто шета по земјава.
Нешто што ми смета е кога луѓе објавуваат сељачки/шабански сториња, 50 сториња во ист саат и сториња со омраза. Ама, за се' што на овој или оној начин ми предизвикува негативни чувства постои лек - unfollow/unfriend и тоа е тоа, јас одредувам што и како сакам да гледам, барем на социјалните мрежи имам контрола. А за објавување убави моменти, слики од одмори, родендени, свадби, купување станови, коли и било што друго ама баш ич не ми смета. Особено па купување стан, во оваа економија и треба да е за фалење. Јас многу сакам да објавувам сториња од храна/пијалоци, убаво ми е за сликање, за едитирање, со филтри со све. Ако му смета на некој, ене му го unfollow копчето. Порано се замарав многу, што ќе каже овој што ќе каже оној ако го објавам ова, сега баш ич не ми е гајле.
Aу шо судбина ќе беше ова, и комшија, и колега, и поштар, и потенцијален романтичен партнер со другар воедно. Aко Бог, односно Меркур да може и да не мораш да наоѓаш/фаќаш/лажеш уопште, Може и у некој од мејлот ќе ти достави писмо од Падре Гутиерес или така нешто и испадне дека имаш маж и неколку деца, швалери, +и мачки/ кучиња, ни крива ни дужна, за кои досега не си знаела,... Или он...евентуално он бил таткото цело време. Ти само чути, и буди лепа и соодветно грациозно запрепастена. За некои можда Televisa presenta meets Netflix... али what the he*k ретро Меркур е, а ретро Меркур никогаш не е за потценување... Сите сличности со постоечки ликови се случајни нормално, ама истовремено и може некому се десиле, а и врло веома вероватно да се десат за време на ретро Меркур. * Али шо знам ја, ја сум само аматер астролог... У краен случај, пошто врло веома могуче нема слушнато за Македонија, воедно и не знае како стојат ЛГБ(...) политиките по тоа прашање овде, увек можеш да му речеш дека си ветена за мажење/женење од родителите за убав/а Македонец/ка, what the he*k anything can happen, ретро Меркур е, можда и поверува.
Паднав на јавно место. Само еден човек ми пријде да провери дали сум добро. А, уште неколку личности видоа. Епа, фала му на тој. Фала им и на тие. Сега знам пред кого и јас да го свртам погледот на другата страна.
Многу социјални експерименти се направени вака за да се види човечноста во луѓето, а еве и живи примери како ти. И за жал, поразително е, ниту ќе ти помогнат, ниту ќе те видат, на никој не муе гајле за никого, дали си паднал, дали си се повредил, да можат и ќе те изгазат. Па некои уште ќе речат: Остај го бе, бегај пијан е, затоа падна. Жално е на што се сведи човештината и моралната свест и вредност кај луѓето, се излади човештвото како никогаш до сега, без чувсвителноста си го зема данокот. Со помин
И јас паднав пред околу 2 недели шетаќи со син ми. Го повлеков и него. Јас вреснав, ме здоболи. Почна да плаче син ми и тој се повреди а и се исплаши. И така клекната на колена пробував да го смирам не можев да станам од болка. Позади мене жена и маж се шетаа со куче и никако не изреагираа, ни да прашаат дали сме во ред, ни да ми подадат рака да станам апсолутно ништо. Јас пак мислев дека барем во Македонија (во друга држава живеам) има луѓе кои ке ти помогнат, ако не искрено барем поради гледање сеир или да дознаат што се случило. Многу ме растажува нечовечноста.