Порано невестите и општо свадбите некако повесели беа, сега некако не се такви.. Последниве неколку свадби на кои одам, некако се такви се, ради реда свадби, како да се само колку да се истера од редот, на последната свадба каде што бев невестава беше облечена во обично бело фустанче, а имаа покането 400 гости, јас подотерана од неа бев, дури и ми падна незгодно, ако викнам толку луѓе ред е да ги испочитувам и да се облечам како невеста, а не како да ќе одам до маркет.. Не знам, можеби е тоа само мој впечаток дека не им се замара, ама стварно не ми се допаѓаат такви свадби, као минимализам, а кани многу луѓе.. Или мала свадба и скромна облека, или гломазна свадба со исто гломазна облека..
Братов денес што летал кај МАНУ, освен ако по неееекоја случајност му се слошило и случаајно му останала ногата на гаста, или па евентуално педалата заглавила, све друго е за трајно одземање на возачка дозвола и стапување доживотно зад решетки. Знаете шо? Требаше да трчам на кеј сабајлево, ама ми излезе нешто друго и не трчав. А викенди сум стално кеј, Водно итн. Замисли си трчам и врз глава ми паѓа кола. Е толку е животот Само среќа ги спасила тие коли што ги профрче и право у Вардар да летне место да собере некого на кеј.
Država ne biduva od ova, do koga ovaka be?! Nekoi možat da pravat što sakaat nekoi ništo! Romi vozat koli bez vozaćki dozvoli nitu gi sopira policija niti ništo. Ne plakaat voda, struja, danok NIŠTO! Strašna rabota! Ne ja oprava tuku ni Gospod da dojde
Или замисли си врвиш пешки по мостот и на еднаш те собира ваков идиот и ќе те летни едно 300 метра, а јас баш често врвам и пешки тука. А секунда, велам секунда фалеше да го собери и возилото од лево шо треба да застани и да го пропушти зошто е на спореден булевар, излезна лента. Со онаа брзина ни крив ни должен ќе те однеси кој знај каде. Другото возило понапред беше. Овие имале среќа а среќа што и немало пешаци. Овај сега треба да се казни најстрого, по можност за тероризам зошто во живото заврозувачка ситуација става и другите учесници во сообраќајот, па да не излези 20 години од затвор. Нема теоретски шанси да му се има слошено па да држи на гаста. Ако ти се слоши губиш свест, немаш сила да дишиш а не пак да стегаш на туража, зошто педалата за гас и нее баш така закована на под туку е повисоко позиционирана а и да ја погодиш баш излезната лента точно милиметарски, ако ти се има слошено, одма ќе се удриш некаде. Овај или бил во алкохолна состојба или пак се разочарал од животот па решил на ваков начин да замини. Страшно. Ај тој, него среќа шо други не собрал ни криви ни должни.
Може ако имал некој епи напад, па ногата да му била пример згрчена на гаста. Али ако Е крив, ќе испадне нешто ај не е женет, ај млад е, ај женет е, греота за децата, ај немал намера и фино лепо си оди домче.
Размислувам веќе долго време за напуштање на државава, скоро сум и решена за Германија, но имам толку многу пречки и прашања кои ме мачат... Би заминале ли некаде сами, без никого, во земја каде што не познавате никого, ниту пак јазик? Си фантазирам ли само, или изводливо е? Паметна одлука ли е? Веќе не можам тука да седам и чекам некои подобри времиња.. Чашата се прели.
Зависи колку си одлучна да заминеш. Зависи и каков карактер си. Дали лесно се прилагодуваш на промени,или не? За во Германија јазикот не е голем проблем,ако знаеш англиски. Ако имаш шанса не ја пропуштај,зошто со самото заминување ќе си направиш услуга. Ќе заминеш во држава,во секој поглед подобра од нашава. Wish you luck
Сè е прашање на колку среќа имаш во моментот. Тоа е животот. За некои ситници помеѓу имаш контрола, носиш одредени одлуки, ама што и да правиш, што и да одлучиш, понатаму што ќе се случи зависи од тоа каква ќе ти е среќата. Дури и раѓањето каде, кога, кај кого, е прашање на среќа. Може да имаш среќно детство, да учиш, да студираш, да се решиш да помагаш на луѓе како професија, и да дојдат 20 животни да те убијат од силување. Може да излезеш од работа и да пешачиш накај дома, и будала со кола да те прегази ко да си вишок во акционен филм. Може да не пушиш, да вежбаш цел живот, да јадеш најздраво, и пак да заболиш од тешка болест. Во секој момент може било што да ти се деси, ете онака зошто може, таков е животот, таков е универзумот, кој или што нè создал такви какви што сме, во постоење со секакви можности, никој и ништо нè не штити, туку прашање е на среќа и несреќа, во секунда може да ја снемаш и да станеш само сеќавање во нечија глава.
Како да ти кажам. Се молам секој ден да добијам шанса да пишувам у темава "Македонки во Германија" а не оди така лесно. Пошо очигледно не сакам воопшто да седам во мкд, ниту гледам иднина, ниту ништо.
Обожавам типични балкански јадења од типот мусака, полнети пиперки, сарми ама оноа македонско правило дека све мора да е манџа/чорба и да го сркаш не го сфаќам. Ориз - мора манџа; грашок - манџа;, компири - манџа;, било какво месо - манџа; било кој зеленчук - манџа, не суво. Мислам и лекови кога пијат ги сркаат со лажица. Шо има вкусно во сркање кругови зејтин со дијаметар од 10 сантима што ти поплавуваат желудник кој го осеќаш дека ќе пукне и протече со секоја исркана лажица. Месо не ми смета толку колку налевање со течен зејтин. Па ќе се најде некоја баба да те руга оти не си била домаќинка зашто све суво готвиш и јадеш. Бабе ја само еднаш во живот сум имала запек шо немаше врска со нејадење манџи, а 80% и више јадам суви јадења.
Манџичка бабе да не ти се залепат цревата . Дома само традиционални јадења готвам, манџи никако. Ќе правиме муабет на постари години сега за сега нема запек.
Обично не обожавам кога таксисти се обидуваат да ми прават муабет цел пат, ама денес беше баш интересно да се помуабети. Сум имала неколку случајни средби со луѓе во животот кои не ги знам и најверојатно нема повеќе да ги видам, ама искрено им посакувам сѐ најубаво во животот.
Тема на денот во главата ми е колку е лесно/тешко во денешно време да се заработува? Свој бизнис или не? Колку е лесно да си имаш свој бизнис? Трговец- поединец и ајт. Мене ми се чини лесно или не сакам во систем да влегувам Се врти некое планче во глава