Компир манџа ми е ко да сркам мокра храна од лавабо Мокар компир...ноу ноу Супи без зејтин обожавам, башка не ставам било шо во супа. Ама од манџи ме копа желудник.
Аууу Манчи бе.. Не оти и мене омилена ми е ама ко дете вака да кажев лом ќе ме напраеа. Ради боранија што никад не пројадов, освен на сила ако ептен се мора, пребирлива ме викаат.. Не знаат они како е да си пребирлив, ајде, не се лутам јас, нека им биде. За тоа дека морало строго манџи да се јадат, ко татко ми да го слушам. Е баш така како тие бабите што ги опиша е. Лажица да тропала морало иначе проблеми со стомакот си имал.. Ја не сум ни за суво цело време да се јаде, нека се комбинира најубаво, да не е еднолична исхрната ама па и ова нивното глупо е. А не дека овие вака што зборат мразат суви јадења, обожаваат и те како, скара на пример, само да се мудрува, е тоа им е нив. Еве ја не можам да разберам кромид у јадења да не ставаш, гадни се јадењата без, на ништо не личат, толку ли вкус да немаат. Па имаш снегулки на кои мора посебно да им се готви од ручекот само за нив пошо не го поднесувале кутрите. Пази, од надвор ако е храната нема проблем тогаш, се јаде, не се наоѓаат маани никакви ама ако е домашна, е тогаш е проблем. Ма немој молимте, дете да иам и вака да се занесува ќе му кажам убаво. Нашле па зашле, луѓе за леб немаат, од друга страна ќе пребира некој. За месото не знам дали е до крвната група или не, ама мене манџа, ручек каков и да е без месо, не ми е ручек. Појма немаат овие веганиве и вегетаријанците што пропуштаат. Никад не би можела од месо да се откажам.
Последниве неколку месеци живеев на буџетче, ништо посебно. Си викам сеа Септември ќе се частам суши од тоа скупото, и ќе си купам тоа ташната ко ружа од Зара. Таман легнаа поише пари месецов, па нормално мораше се заедно и слушалките да ми цркнат, и даската од веце шољата на пола да ми се расцепи оти сама си падна да си се затвори, да морам филтер на вентилацијата да мењам, да доплатам струја, да ми стигне годишната доплата три месеци порано, да ми се потрошат сите шминки одеднаш, и да морам да преведувам документи... Ај, увек има нов месец...
Каде може да се пријават гнидиве од Брза пратка??? НЕДЕЛА ДЕНА НЕ МИ ЈА НОСАТ. Им звонам не ми дигаат, моите им звонат секој ден и добиваме одговор дека "утре ќе ни се достави" а тоа утре никад не доаѓа. Каде да ги пријавам????
Какви глуперди сте со одговори на прашањето ,,Кога ДДВ” и ,,до тоа ли ви е доено”, ,,до 2000 ли ви дое” ,,главата ми ја потековте”. Може на некој му е до тие 2000, може им се планирани. Исто као оброкот, субвенцио, социјални примања, шо ви е гајле?
Баба ми и модар домат мислам клава. Абе мерна единица ми е баба ми, за праење јадење (стоп не ме карајте, си прам simple ручеци и за мене себе си, ама општо некој шо ми готви најубо ми прај)
Па да де модар домат, или црн патлиџан . Ние во нашиот крај го викаме само патлиџан а на домата си викаме домата *кој разбра разбра
Модар домат, домат е обичен домат (црвен или розев), а домата си е домата. Јас доматата ја викам цапан домат, наместо кечап.
Реално у државава бедна на сите ни е доено до тие 2000..у Холандија кога бев дигнаа протест што се накачија цени на некои производи али кај нас комплексашите ќе платат и 2000 ден. за кафе, да се види дека имаат, сељачана.