Хахахааххаахахахаха, зашо бе на вакви им се паѓа милион, зашо мене пример не ми се падне, ветувам дека нема да чекам повеќе од 24 часа, а не да се брукам да ме пишуваат по форуми.
Сега високо кванти форумџики ќе те пријават за насилство на форумот. Пријавата ќе гласи лепење шамарчиња преку нет ха ха ха
Ајде Махрисаа, нема да е силен Не боли и ти па , шамар преку нет исто ко шо има опција лајк,игнор така и ова. Ама тоа важи за тие шо вреѓаат по лп .
Кога во теми/дискусии за изневерување ќе прочитам "тие што се прават овде светици, највише изневеруваат" сфаќам колку сум стварно светица, оти тие што така зборат всушност така само се тешат, а инаку се шлапаат у секоја прилика.
Што знам дали не знаат поинаку и дали лошо не мислат.. Себичноста и бесчувствителноста што се? Намерно е кај некои личности, буквално хирови си тераат, без гајле, без жал. Најблизок си му, нема друг кој го трпи ко тебе и другите во фамилијата, во комфорт зона е и слободно може да си ги покаже забите, малтретирајќи ги тие околу него. Џабе и разговор со убаво, не бива и не. Да игнорираш, и онака игнорираш цело време и се дистанцираш, пак не бива. Многу често, читај секојдневно у свој дом си, а ти иде усвета да фатиш, се гушиш од токсичноста и негативноста. И тоа секогаш ама секогаш мора ради едно лајно сите да страдаат. Многу е заебано што се пренесува од генерација на генерација проклетството да го наречам. Едниот ќе отиде, друг копија идентична на првиот ќе го наследи.. Дури и може полоша верзија ќе стане. Помош и слично да прифатат и да пробаат да променат нешто кај себе, Боже сачувај.. Утепај ги поарно, тоа нема да го направат. Во право си потполно, раатот нема цена и мора нешто да се преземе. Ќе се споулави вака, колку и да мислиш дека си цврста личност, ќе попуштиш кога тогаш. Како самиве енергетски вампири се трпат не сфаќам? Како не им се смачи? Добро, душевна храна им е но нели знаат за доста?
Темана ,, Испукајте се од мажот,, е отворена за жениве да не се разведат, али едино шо ќе постигнат е никоја друга да не сака се омужи...
За македонец Не знам како е со ,,личните потреби,, ама денес скандик колега ме потсети дека знаат да седат дома со болно дете и не е крај на светот. За ,,личните потреби,, праиш 2 вецеа и нема проблем Само прашувај на време, се ќе те научиме
Не сакав темата у тој (националистички) правец да ја носам, не ми се исправаат криви Дрини денес... Спојлер: само за Биља у право си... али не сакам уште повеќе да ги вознемирувам машките членови при женскиот форум Фемина. Ипак не се сите исти, само скоро па сите.
Се молат човечки ресурси во јавните администрации да им одржат обука на своите вработени во делот на културата. Да не кажам за која јавна установа станува збор иако јас сум во право бидејќи е донесена одлука во моја корист и е направена грешка од нивна страна наместо културно да ми одговори ( не барав извинување зошто тоа е научна фантастика) и да рече во ред направен е предвид ќе седнеме да разгледаме и што е можно побрзо да го решиме проблемот замислете вработената се обидува да се извади и да ме направи мене будала ко демек не е точно. Е тука веќе ми ги спои жиците зошто кај шуто па и боде реков чим сакате така ќе го решиме ова на повисоко ниво и заминав. Дечки вие што си заминавте направивте многу паметна работа. Ние што останавме Господ да ни е на помош.
Не е националистички, менталитетен е. Чоек што не знае леб да си намачка, не треба да праи фамилија. Прво да научи да мачка леб Не знам дали за мачкање леб стана збор, ама тој е филмот-се они не знаат, се жените можеле подобро. Освен, нели, фамозното мешање бетон што е ултимејт пруф на машкост. Пошто секој ден мешаме бетон. Абе ај. #маженазамакедонец #билувојска Не знае да меша бетон