Стално во групине за оговарање се кажуваат информации за познати од "пријатели". Тешко на нив со такви пријатели
Кратко е времето да ги потрошиш сите Ами кога и да ги подигни роднините се тука, нема бегање ако е тоа причината. Туку како шо рече @Gosh или срчка го акнала или ако биле швалери уплатиле заедно ливче и сега се натегаат како дома да ги оправдаат парите пред брачните другари. Овде мора да засвири една тажна виолина
Иначе, шо бидна со ваа муџахединава Бебе Реџа, ќе тужи у Стразбур сеа нешо за дискриминација, или шо?
Мислиш чула за Стразбур Хејт крајм- не и збореле албански. У Германија. Ко не знаеш шо да напраиш за да бидеш интересен Ја да бев Америка ќе и одземев државјанство . Глупача.
Ја ѕирнав. Нема да има таков ефект врз мене оти сум учена ни во врска да не влегувам со таков, па камо ли во брак. Нејќам мрзетина. Изговори не палат кај мене.Мора да биде одговорен и уреден. Треба отворање очи. Која на време ќе увиди со каков би си имала работа, нема да има главоболки.
Поголеми патриоти од македонците кои живеат во Америка и Австралија нема. Па тоа знамиња, носии, собиранки со македонска традиционална храна, македонска музика ...... и така скролајки по Фејсбукот и гледајќи ги нашиве од дијаспората налетав и на Сања. Па коментарите на Фејсбук под клипот се толку мизерни и со навредувачка содржина Затоа ја пуштив да ја ислушам целата песна на Јутуб , искрено исто ми се фаќа каков бил текстот на песната , ама баш ништо не ми менува тоа мене во животот. Само пак ќе речам, се запрепастив од коментарите од лошо на полошо. А пеачката Сања, која и да е , нека си продолжи со настапи по Америка и Австралија , оти народот секогаш ќе коментира.
Не знаат оти се растени во друго време и сигурно си влечат трауми од баби , пра баби...... Тоа се тие генерации кои се лечат со билки и не дај боже да им спомнеш идење на психолог , те гледаат со убиствен поглед и прашањето : ти мене за ненормална ме сметаш ? Бидејќи спаѓам у групата личности која цел живот не може да се разбере со своите родители и слуша само критики баш од родител , 100 % можам да потврдам дека тоа што лесно се фрустрирам ми е баш поради кавги и недоразбирања од најблиските, од тие што треба да ти бидат поддршка. Штета што човек не се менува , моиве ќе си останат со тие застарени сваќања и со тоа што ќе речел народот. Ти убаво имаш пишано џабе е муабет кога не можеш да ги смениш. Ептен сме различни и верувај дека БОЛИ , значи ко ќе пишам БОЛИ, го мислам од дното на душава моја тоа што никако не можам да најдам заеднички јазик со моиве. Знаеш , еднаш добив совет од @Biljarkata на форумот , да држам дистанца. Абе во ред е тоа, не сум ни блиска јас, но и ЕДНАШ у недела да се слушнеш и тогаш не можеш асален муабет да направиш со РОДИТЕЛ, еееееј чукни си ја главата РОДИТЕЛ Јас сум оттрпната од срам, никој не може да ми влијае , многу сум оладена и сум свесна за тоа , но пак ќе речам страшно БОЛИ кога не добивам никакво разбирање од страна на РОДИТЕЛ. Затоа не можам да му се изначудам на маж ми, ептен е душа , Господ грев ќе ми пише да кажам лошо, ептен е добар, ејјјј жими очиве мои ......МАКСИМАЛНО ме разбира он од негова страна за сите одлуки што ги правам во животот, ме разбира и ко сум нервозна и ко сум си расположено дете, баш дете у душа. Но за жал....РОДИТЕЛИТЕ ,,,, ќе ми остане најболна ТЕМА за цел живот , штета Многууу, ептен ми е криво што од нив слушам само критики и цело време споредби со на Мара ќерка и колку деца имала. што си купила, кај била на одмор.... Мене ме заболе курот за Мара. Ај батали, темава е многу болна.
Спојлер @Herrera јас неам проблем со родителите. Генерално не ме замараат вака ко што викаш, или да ме притискаат, не се толку со застарени сфаќања, полабави се. Добро, се караме, има несогласувања, не може да нема фала Богу, ама не е страшно. Проблемов е друг. Брат ми е боцкалото, кој знае стварно душа да ти извади ама во права смисла. Си игра курот со сите. Му попуштаме и го толерираме, не знам ни јас зашто. Искрено, ја да се прашував само, немаше ова да го дозволам. Ќе речат разгален е и така го научиле, мене што не ме научиле така? Нешто превише разгалувања не сме добиле искрено никој од нас. Така да не ќе да е тоа, туку до карактерот е, страшно тежок карактер и да манипулира многу добро е способен. Никако крајот не му го фаќаш. Знаеш, уште и дрзок и безобразен знае да е, да нападне мора, жртва е.. Да не се скараш и ситуации да не напраи, реткост е. Од тие луѓе на кои све нешто им смета, непогодено им е, маани мора да најдат, уште коа замара и на мир не те остава, е тоа е врвот. А да го прашаш, шала е бе, се заебавам, шо се нервираш, не знам навреди од коа се шала? Уште те дупи. Обавезно мора лом да се напраиме, дужна не му останувам, и да се извини шо кур, пак следен ден иста песна. Неподносливо знае да биде. Сум се трудела ко што викаат да не се замарам, да се исклучам, не може бе, лесно е да се каже од страна. За проблеми си има чоекот, не викам не, ја неам? Не бе неам, ма топ ми е све.. Не е дека пример помалку внимание добивал во детството, па ај ради тоа. Зашто мала разлика сме и заедно растевме што се вика, не може да е до тоа, тврдам. Истите срања порано шо се дешавале во семејството и мене и него не погодиле, заштитена не сум била. Да се вади на тоа, не му проаѓа никако, туку карактерот никаков е во прашање, ништо друго. А и нема на кого да личи, слика и прилика е на друга особа која не е повеќе меѓу нас. Истиииии. Не е можно до толку исти да беа.. Од друга страна, за некои работи е супер.. Стварно крај не му се наоѓа, тешко да го разбереш. Родителите ај постари генерации се, што викаш нормално е подруго да размислуваат но ако се со асален карактер мислам би се нашол заеднички јазик. Би требало барем. Ама инаетот гаден исто е тука нели. Замисли инает и на своја штета, ај за тие другите со тебе не те боли курац, ок, сфаќам, и за тебе значи не се замараш? Пошто и ти страдаш ради тоа, не е дека не, и свесен си дека не е во ред али пак ти тераш по твоето.. Не знам стварно што ги тера вака. Спојлер Оф топик е мислењево, може не ни требаше да го пишам. Нека бришат или нека преместат кај треба
Добро, те разбирам дека ствара нервози тешкиот карактер на брат ти. Јас немам проблем со сестра ми , никогаш сум немала оти она е СЕ обратно од мене , додека го пишувам постот ме фаќа смеа , првиот пат ко го запознав маж ми со сестра ми, он ми се обрати со зборовите : лелееее колку сте различни, во се сте различни како север и југ , во сфаќања, во муабети, во гардероба , физички изглед , во понашање , немате ништо заедничко. Ние и денес немаме со сестра ми ништо заедничко, освен голем РЕСПЕКТ една кон друга. Буквално ниту она мене ми се меша у живот, ниту јас на неа, ниту она ми соли памет, ниту јас на неа. Ако треба за помош нешто, нема проблем тука сме , но и двете се осеќаме дека сме различни и затоа си тераме свој живот. Мене што ме мачи е што не добивам разбирање од родителите. Јас им се восхитувам на личностите кога ќе пише некоја дека имала одличен однос со мајка и и татко и , јас тоа не можам да го кажам Па пичка му матер, твое дете е, си го познаваш детето, мора ли да му ја пукаш главата ЦЕЛ ЖИВОТ , па ако си го родила не значи дека тоа дете е РОБОТ и треба цел живот да оди по твој ЗАСТАРЕН ум со сфаќања од 16 век. Неблагодарна работа , знаат одвреме навреме да ме мават точки и мисли од типот : ејјј сум израснала во послушно дете , не пушам, не пијам алкохол , нит се дрогирам, ниту се дружам со криминалци, ниту имам кредити или долгови, буквално си го тераш животот, си имаш работа, маж, значи си сакаш мирен живот и НЕЕЕЕ , критики од најмали ситници еј од гомнарии за тоа оти сум со ЦРВЕНА коса, па се до тие замарањата оти не сум сакала да имам деца. Споредби, споредби со секоја можна комшивка таму од Мк, а мене ич не ме интересираат тие....гледај си детето ти е мирно, не е проблематично .......бреееј Мора ли бе ,МОРА ЛИ тие напнувања и критики како требало да биде. Па камен да е, ќе му пукне душата и ќе стане ИСФРУСТРИРАНА личност.
Многу е интересно како на женски форум создаваме безбеден простор да се нормализира weaponized incompetence. Не само што се нормализира, туку и се слави и се користи како прилика да се насмееме на маката. Ама ако, нека остане како печат на тоа што значи да си жена во 21-ви век и нека остане како сведок на вистината што сите ја знаеме ама упорно сме убедувани дека не е тека и дека има некоја си еднаквост. А за во иднина само се надевам дека ќе дојдат времиња кога во конкретната тема ќе има помалку laughing emojis и повеќе прашалници.
И твоево со нив многу заебано е. Родители ти се. Мрчатори ептен твоите. Те гледаат сигурно среќна дека си со твојот избор, со твојот начин на живот, зашо и они не се среќни? Толку е тешко? Неее, си имаат замислено они како треба и крај. Тоа па мешањето у све и форсирање нешто што не сакаш, е нема полошо. Ама ако, ти секако си знаеш што сакаш, сигурна си, чим вака си среќна, нема што понатаму. За тешко, ќе ти биде, тоа што не те разбираат. Тоа е. Многу од родителите така размислуваат, дека смислата на животот таа била, да се омажиш/ожениш, семејство да основаш, деца да имаш. Во ред, се тоа е убаво, него што со тие кои ете ова не го посакуваат? Ај ради нив за да им се угоди, по секоја цена нека се оствари нивната желба. Не иде. Или сакаш или не сакаш. Твој живот е. Споредувањето на нерви ми иде, некад знаат така да споредат за нешто. Добро, не со комшиката ама знаат. Сум рекла дека мразам споредби и тоа посебно за нешто што е неспоредливо, па сеа си пазат. Ја не викам дека за се у право сум, таман работа. И ја инат сум, и знам да се контрам но кога тогаш сфаќам ако биле у право и си признавам. Али да се очекува дека како они мислат така ќе тераш низ животот, ниту може ниту смее.
Многу ми се интересни кучињава дома. Едниот пес е лабрадор микс, сега голем ко мечка, а другата е кучка без некаква посебна раса и средна големина, која сама нѐ одбра да ја чуваме. И многу често си играат, уште почесто се борат за нечие внимание. Денес сакав да си поиграм со нив, и бидејќи кучката е многу приврзана за мене сакав да се позафркавам и да го галам лабрадорот наместо неа. И таа абе се турка во мене, скока, лижи, дури почнува да завива од љубомора. Инаку многу е мила, особено со мене, ама ниедно куче немам видено да завива така кога сака внимание или љубомори. Хајлајт на денот ми се.
Крипи ми се персоните што никогаш ама баш никогаш ништо не објавуваат на фб или инстаграм а се секогаш без исклучок први да видат што си објавил (на стори на пр.).