Сакам да кажам дека "перфектниве" луѓе ме жалат кога ке чујат дека бившиот ми маж се оженил -" Ајде да си жива и здрава и ти ке си најдеш, не се секирај."
И уште нешто да си кажам. Им се дивам на некои мајки, жени, девојки, што ги знам лично или преку соц. мрежи. Многу ми е мило кога ке гледам дека од некоја лоша ситуација се издигнале и сега се самоуверени, мотивирани, преубави, посветени. Просто ми иде да им изнапишам дека некого мотивираат и инспирираат кога се осеќа лошо, тој некој сум јас.
https://mk.tv21.tv/poznat-skopski-s...00-evra-poradi-prodazhba-na-nebezbedna-hrana/ па кажете од кај да не зиаме
Јас не објавувам на фб ништо. Глупо ми е да ставам слики. И онака прекинав да сликам. Се е сликано. Кога одам на одмор не сликам. Има веќе подобри слики од моите. А јас само да се појавам на нив ми е глупо. Немам потреба да се фалам дека сум бил некаде. А и сликањето ми го расипува доживувањето. Место да гледам само сликам. По интересно е само да се гледа. А ако сакам пак да го видам местото го има на гугл. Обично сите окулу мене сликаат и тие ми ги испраќаат сликите. Не отварам профили и гледам. Тоа не ме прави среќен дури и лошо се чуствувам после гледање профили. Или ви превод само понекогаш им пишувам на луѓе што прават. А реално и ако размислам а размислував во последно време. Пријателите ми се досадни. Освен со жена ми не ми се збори со друг. Ќе кажуваат за нивните животи малку кои им се досадни. За патување нема поента да се збори зошто се пишува на нет подобро и поточно. Општи теми се исто без поента. Ако сакам нешто да дознаат ќе користам четГПТ таму се пишува подетално и поточно од живи луѓе што ќе ти кажат. Единствено гледам поента да ги слушам нивните животи и проблеми. Тоа неможам да го дознаам на нет. Тие сакаат да кажуваат за себе и јас слушам. Обично сум добар во слушање и подршка. Но и тоа не ми е баш убаво. Па во последно време мислам дека баш и не ми требаат многу пријатели. Ако имам проблем и совет ми треба користам АИ или психолог. А немам сериозни проблеми сега.
Буквално од разни делови на светот слушам музика, најмногу од Кореја , но љубопитна сум и за другите држави. Денес со паметот се селиме во Израел Ко ќе речат музиката е лек за душата , одма подигнува расположение. Еврејски не разбирам , ама многу ми е весела песнава Настрана политики, војни .............насловот на песната во превод е Господ е голем. Весел ритам , чиста 5-ка човек ќе се изнаигра, ќе се испоти ко на фитнес и ќе си потпевнува
Јас со децении не ги слушам моите родители. Ако ми речат нешто да правам јас веднаш размислувам за спротивното. Друга генерација се. Тотално ми е гајле што мислат за мојот живот. Се правам дека ги слушам кога зборуваат и жал ми паѓа за нив. Не знам што им направил животот на постарите само знам дека не сум како нив ни ќе бидам. А не се ништо особено лоши моите т.е. се фини. Едно знам дека нема да живеат вечно и еден ден ќе ги нема и викам ај некако да ги слушам нивните глупости или се правам дека ги слушам бидејќи се со ограничен рок. После ќе неможе. А има и позитивен ефект подлабоко ќе ми се вреже да не ги повторувам нивните грешки...кои они ги сметаат за "нормално". Повеќе сакам млади да слушам. Дел ги прават истите работи како мене но имаат некој нов пристап кој многу ми се допаѓа и го ценам.
Брат, за пред народ се фини, еве лично се познава со моите членката со ник @Bubce38 Ехееее ќе си рече некој, ептен фини, леллее души пукаат од финоќа. Јас си знам колку се фини. Тебе ако не ти влијае, мене ме погодува у срце оти е кажано од страна на родител. Ај битно си олеснивме на душа што не мачи, нема шанса да се сменат, тоа е. Сета среќа далеку од очи.
Стари не менуваш. Фината е да се напушти сонот дека ти се како другари и пријатели. А зборови се само зборови. Гледам некое фајде да имам од нив а за ценење не ги ценам. Они веруваат во почит тој само го симулирам. Реално и баш не се за тоа.
Секој си има различни критериуми, праг на трпење, одредени граници што нема шанси да дадат други да им ги прекорачуваат пошо имаат зацртано што не е океј и тука нема компромис. Најмногу поради фактот дека животот е краток, жими сè не вреди никој да ти го ремети. А луѓе ќе те третираат така како што дозволуваш. Скурца ми е тинејџерски возрасни особи со бледи оправдувања за нивното бедно однесување. Никој не е совршен, да, ама во одреден момент во животот (ваљда по доволно созревање) ќе ти стане под ниво да се понашаш многу полошо од што уствари можеш и да вложуваш многу помалце од што вистински можеш. А дефинитивно би требало да ти биде под ниво да прифаќаш други луѓе со помалце и полошо, грабачи на повеќе и подобро, колку можат почесто од други луѓе. Искористувачи. Бљак.
Никогаш не сфатив што е финтата со бибер. Го ставам во храната затоа што така е универзално прифатливо. Не сфаќам што додава на вкус. It's just there.
Животче, има идеални моменти и живееме за тие да ни се случат само неколупати. Што ли е останатото, спомен или копнеж…и кога едното или другото ќе почне да бледее тука надежта ќе стапи на сила, ќе го потхрани само едното, се надевам копнежот.
Многу ме нервира што машки колеги ако ги додадеш на социјална мрежа или прифатиш мислат дека ги свиѓаш одма