Книгата ја прочитав од завчера... значи 2 дена ја замислувам во реалниов свет... повеќе лектира ни беше, но лектирите ги читам без волја... оваа книга ме натера да размислам за светот понатаму. Можеби имало луѓе пред диносаурусите (како што ги кажуваат) само им исчезнале трегите, т.е. фосилите... Ок, да не замарам со тоа. Разбрав дека светот е како тркало. Кога човештвото ќе стигне до најгорната точка, ќе се симне на најдолната, т.е. ние што ги викаме тие луѓе „кременковци“. Епа, девојчиња, девојки, жени, ви го препорачувам ова:
Обично не се разболувам толку лесно,ама не знам што ми стана. Два дена од кревет не станав. Како и да е сега сум подобра и да викенд е Имам повеќе за учење,ама не се жалам и така тоа ми е единствена задача на овие години. Потешкиот дел го завршив,ќе учам до кај 2-3 и готова сум Иначе денов е преубав. Сончево,не толку топло...Баш јас како што сакам. Колку само сакам сега да излезам малку ,да одам до парк,да се прошетам...ама нема време. Треба да се учи. Како и да е вечер ќе излезам Ајде одам сега хемија да учам,на натпревар сум за еден месец
Дан тмуран, ја мамуран... немој сречо, немој данас... Освен што денот не е тмурен, а и ова дефинитивно не е мојот најлош мамурлак. Убави луѓе, убави чаши, убаво мезе... Љубов и вино... Пријателство и џин... тоник. Сонце. Кафе. Многу вода. Цигара.
Времето е од убаво поубаво.Едноставно-прекрасно.Од мерак да излезеш надвор без тие капишта,шалови и јакни!Како пролет. А јас лично многу ја сакам пролет.Период кога природата оживува.Многу и се радувам И сега забележувам колку време брзо лета.Кога се радувавме на првиот снег во ноември,сега ни доаѓа Пролет.Ехее...животу,животу Moodpringery
Оваа недела ми е најпродуктивна досега. Работа + школо + неколку волонтерски часови + учење за нашкола + учење од ќејф + читање книги = Уморна Лена. Социјализација со пријатели само на мали одмори, а виртуелно само во раните часови. Исцрпена сум ненормално, навечер не можам да заспијам, на сабајле рано станувам, трчам навака-натака, јадам само сува храна.. а следнава недела сум прва смена. Како ќе си го вратам организмов во контрола - не знам. На работа кај тато обврски полно: документи, картици, меткање по служби и сортирање на податоци. Школово од новава 2014 ми е одмилено скроз. Не дека се случи нешто лошо, ама сфатив дека си го футнав училиштето и немам ќејф за учење. Учам колку за да имам 5ки (скоро) постојано, не сакам да си дозволам да го расипам просекот.. иако лани екстерно ме зафркна. Сега надокнадувам со учење на основни нешта за на факултет, онлајн курсеви, е-книги и сл. Засега добро ми оди, ама ова е само основата. Можев и порано да почнам ама од немукает, ама мислам дека имам време за да си стекнам некоја основа за понатаму. Имам желба, па нема да биде голем проблем, се надевам. Искрено, некогаш криво ми е што сум толку сестрана, знам дека ако се потрудам ќе направам што треба. Не знаев што точно сакав порано, зашто ме биваше за повеќе работи. Еве ме сега, со одлука на ум, па се надевам нема да си го сменам мислењето. Читам книги и нашкола и дома, одмор ми се, ко срцево и умов на рехабилитација да ми одат. Многу ми е потребна и среќна сум што ја најдов во книгите, музиката и шетањето. Викендов ми е резервиран за вежбање задачи математика и статистика и слушање на курсот. Вечер на шетање со друштво, утре да се видам со другарка и да шетам сама, да одморам душа. Езерото и брегот мој омилен ми се тука, друго ништо не ми треба.
Ова време е прекраснотија. Бев желна за надвор и ете конечно ми се осполни желбата во двор со саканиот кафенце сонце сончогледче абе прекрасно Излезете сите надвор и уживајте во оваа убавина убав ден на сите
Таман почнавме со мајка ми да поминуваме quality time together, сега има турбо работа и нема да ја видам наредниов месец. Сабајлево ѝ викам: Мамо ма, синоќа бевме на чалгии, за сите девојки од моја маса имаше по една песна, само за мене нема. Колку бакшиш фрливме, на сите по една песна им свриеа на увце, само мене не. Што име си ми дала па и ти... И таква скокнува од фотелја: Како нема?! Од Ефто Пупиновски најубавата песна е за Ана!! Пушти ја на јутјуб да ја чуеш!! И стварно луѓе имало песна и за мене, освен онаа О Ана во рок стил од Сребрени крила http://www.youtube.com/watch?v=17bDZUcj5lM Ја пуштам песнава, мајка ми се распеала, цел текст го знаела! Па што убава песна имало за мене бре! А јас прв пат ја слушам... И ете така, сега цел ден си ја слушам за да ја научам. Му ја испраќам на љубениов и му викам: Нареден пат кога ќе одиме на чалгии да ми ја порачаш и да ми ја пееш!!
Сонце, сонце, сонцее ! Ко мало дете си се радувам, не е можно колку подобрува расположение (и малце музика и благце - перфект )
Ако ви се верува со денови молам некој да ми ги заштрафи полиците,да ми го поправи печатачот и да ми исфарба една мала површина што се излупила за да ми личи собата. Ма јок! На сите мажи од дедо,татко ,братучеди им смрди бојата,уморни се,не можат,друг пат и се така. Денес си станав порано и си завршив се. Дури и печатачот си го поправив сама! Сега неизмерно се радувам на толку мала работа.
Сонце, сонце, сонце Еееее кога ќе излезе сонцево ми иде да измислам некој ритуален танц и да му играм од радост. Како кога бевме мали и одненадеж ќе почнеше да роси, ќе се скриеше сонцето и ќе ни ја растуреше која и да било игра што ја играме, па ќе нацртавме на улицата сонце и пеевме песна за да излезе. Е така и јас сега, ама од радост. Ај да одам да му се порадувам додека е тука уште малку, низ парк да се шири љубовта.
Вакво време или попознато, такво што ја тера Лилит да влага во љубовни драми. Од друга страна, кога е најмотивирана за слабеење. И ме тера на трошење пари...
100 пати напишам нешто и го избришам. Сакате позитивен пост од мене ам? Ќе го добиете Конечно после толку време да сум среќна, трезна секако. И така денес многу убав ден, осеќам и утре и другиден и во понеделник дури ќе ми биде убаво. Не за друго роденден ми се ближи, за два месеци. Не е битно, ќе почекам јас. Си имам трпение. Па не ми е гајле ако сака друга, можам и јас друг да сакам. Не ми е гајле тоа што зборуваат се и сешто за мене, можам и јас да зборувам. Не ми е гајле тоа што оценките ми се катастрофа, можам да научам и јас. Не ми е гајле ако не ме сакат, и јас никој не сакам. Чекав чекав и дочекав да бидам среќна повторно. Уствари јас секогаш изгледав среќна ама не бев, али небитно. Сега вистински сум среќна. Туку дај да плукнам, ќе се урочам. ПЛУ ПЛУ, да бидам среќна секогаш плу! Па и јас низ сешто поминав за моите години. Се' сум видела, се' сум пробала, добро не сум пробала се, yet.. За се има време. Сите имате среќа, ве чека некаде. Ќе дојде и кај вас. Имајте трпение. Ако не сакате од мојава да ви пратам? Плу плу плу ќе се урочам, чао.
Кога повторно ќе слушнам ваква песна?? Која ќе трае...со години?? Совршено. http://www.youtube.com/watch?v=g4YzkLbXAcs
Станав домаќинка,бре што ми стана со оваа желба за готвење Сега пица правам,после палачинки. Не е на арно,знам јас
Помина и Валентајн. Гужва ,брзање,ружи,напалени тинејџерки,чаши со досадни излитени фрази,многу пари истрошени безвезе.А јас само посматрам и се чудам . И осамна и денов.Јас не му купив ништо на мојов нит он мене ,не беше потребно. Нас секој ден ни е ден на вљубените, па немаме потреба да го обележуваме како датум . Животов од убаво поубаво . Понекогаш ке се замислам, волку убаво не е на арно ,ама за 2 секунди отишла мислата . Нема место за негатива во главава .Барем не сега . И покрај обврските ,наоѓам време за лезет . Вечер д'н'б ,пивце и убаво друштво . Па да ... JAKO Е ДА СИ ЖИВ !
Нема поскапоцен момент од она кога слушнеш убав збор од устата на родителите, кога ќе ти кажат дека се горди на тебе. Тогаш стануваш уште погорда, на тоа што си успеала да ги направиш среќни, се охрабруваш и стануваш уште помотивирана да вложиш труд за нови успеси... Не знам дали е до тоа што можеби не ме бива толку на зборови, ама никако не можам доволно да искажам колку ги сакам моите родители и колку им благодарам, колку се гордеам со нив и колку ми значат. Затоа и во секој момент сум расположена и подготвена, без никаков повод и причина, некако да ги расположам, изненадам и насмеам... Секогаш кога некој ќе ме пофали за културните манирите, за изградената личност која сум сега, помислувам дека тоа е заслуга на нивното воспитување. За секој мој успех се „виновни“ повторно тие, со нивната мотивација и помош. Никогаш не ме форсирале за ништо, а секогаш знаеле да ме охрабрат и поддржат во се. Уште од најмала возраст, па до сега не ме казнуваат за некоја грешка или неуспех, туку со разговор прават да извлечам заклучок од тоа. Секогаш сум можела да им се доверам за она што и на најдобрите пријатели не би го кажала. Разговорот со нив на било која тема никогаш не е здодевен или бесполезен, напротив, секогаш ми причинува задоволство. Тие се мои најдобри пријатели, мотиватори, луѓе кои ми значат највеќе од се, и штом видам насмевка на нивното лице, јас сум двапати посреќна...