Сакам да кажам дека има известување, ние од еднородителско семејство имаме ослободување од плаќање градинка. Браво, ви текна. Фала.
Ништо друго не помага. Овие апчиња почнуваат да делуваат покасно и според докторката дејството им трае подолго. Значи пиеш 1 апче , па чекаш некои 4 - 5 саати, ако уште те боли главата го пиеш и второто апче. Во наредни 24 часа не смееш никакво апче друго да пиеш за глава. Сум поспала , а како не ко на жешко 300 степени ми е паднат притисокот. И џабе сум поспала, пак ме боли глава. А да те прашам да не ја имаш купено таа капата што ја рекламираат што се става на глава за смирување на мигрена , некое искуство ?
Ако имате било каков проблем. Прашајте го четгпт. Ќе ви даде со 99% веројатност подобар совет и поточен од форум. Плус и нема да ве навредува и трола.
Вчера ми се случи ептен позитивна и смешен момент.. одам чаршија не гледајќи пред себе баш, ме чукна нешто по нозе... гледам долу, детето ме гледа и ме гушна толку силно за нозе и почна да ми ја допира и бацува раката. Мајка му му вели елааа ваму, како смејш така ова-она, ова не ме пушта и и велам: Ако ако, дечурлав сум, не е проблем. Пресладок беше моментот, за момент се почувствував ко мое да е, хаха.
Ради ова сакам да си наместам од оние стакла на телефонот каде никој од страна не можи да ти гледа, црно е.
Имав прејака случка пред некоја година кога уште беше корона период. Една до мене седеше во автобус, постара жена. Ја приметив дека ми чита чет со другарка, а другаркава нешто лично си имаше пишано. Кога ја приметив, пишувам порака на другарката дека корона цела фамилија имаме и уште не сме дооздравени, женава чита, одма става маска и станува од столчето. Немавме корона инаку, само за безобразни луѓе, безобразно треба.
Јас вака ќе пишам следно сида дека имам Или "еј до мене седи еден(а) многу грд(а)" Или "поз маче, ако ме читаш, оди у пм"
Со тоа ќе си мисли дека спасила жива глава да не се префати и таа, причина плус да продолжи да гледа во туѓи телефони и понатаму , а тек кога ќе им каже на Славиците за случкава...