Имам и ја. Ама коа ми е спуштен сам крева брајтнес. Само на фемина коа седам кријам ептен. Ама неќам бе. И мене не ме занимаат туѓи чатеви. Antispy tempered glasses пиши на Али
Такво стакло има и на битпазар. Во комбинација со ниска светлина на екранот, нема шанси да ти читаат. Мене увек ми е спуштена светлината пошо не можам да трпам блескање, сите се жалат дека ништо не гледаат ко ќе им го дадам мобилниот.
Пожарот некни во Кисела Вода бил предизвикан од малолетници со петарди. Па мамето ваше, да земе човек и вас сосе тие ваши деца размазени да ве стави да р'мбате цело лето на 50 степени, без пари. Жешко? Е жешко им е и на тие пожарникари кога гасат.
Излегов пред 2 часа од работа, ме облеа мир, таков мир, опуштеност, некоја дремка како да лебдев часовиве додека се средам… после 3 месеци пекол и нашата сахара без трошка воздух и печење на цела душа и тело конечно дожд, ветер и чист водух, и тоа како влијае на организмот… се препородив… есен мила… толку надежи и замисли, желби што ме водат и кога не сакам од кола да зачекорам секој еден ден на истото место- работа, си ветив дека една или две желби ќе ме водат кон работата макар секој ден… ќе продолжам да се борам дури дишам и имам здравје… оти сфатив едно периодов ако здравјето го немаш џабе е се… се вратив никогаш посилна и физички и психички… нека ме и ломат на парчиња, вистината, истрајноста, целта, квалитетот, интуицијата и самото искуство и брзање притоа правејки се најдобро нема да ми го земат никогаш. Тоа сум јас, квалитетот доаѓа на виделина кога тогаш а веќе и дошол… присилениот превез на некого во очите еден ден ќе го одврзат ама тогаш нема да сум јас…јас трепеливо си го чекам мојот момент , не се брзам никаде, а во зборот трпеливост има многу мудрости и квалитет би рекла… Само сакам да уживам во воздухот… во оној свежиот и мирниот… сакам мир и спокојство… мразам дискусии зборување муабети и викање докажувања … толку сум научена да живеам во мојата комфор зона што не би сакала никој да ми ја сруши… мислам едно сфатив мирот и спокојството се премногу важни и физички и псикихички за организмот… прекрасна ноќ, ноќ на соништа под ѕвездите… на желби и замисли … многу често го водат човека баш до својот мир и до своето исполнување на онаа среќата, баш среќа што ти трепери цела душа…
Ќе ги издвојам овие два коментара, иако 90% беа исто така ужасни. Јас не гледам ништо лошо во прославување на прв роденден, онака како што имаш замислено. Не ја знам гореспоменатата Кристина (мајката), но навистина изгледа симпатично, она што го имаат приредено. Имањето на деца е најубавото субјективно чувство, а првиот роденден секогаш е посебен. Точно, бебето нема да се сеќава, но првиот роденден е за родителите, па и вториот и третиот. Тие се среќни, сакаат да имаат убави фотографии, сакаат да имаат убави спомени. За некого изгледа премногу, за некого нешто без кое не можат да замислат роденден. А кои сме ние да коментираме за туѓа замисла на прослава. Првата госпоѓица што коментирала, настрана неписменоста, за роденден за бебе и семејство, такви гомнарии да пишуваш, кажува само каква бљувотина од човек е. А вториот коментар, јас ја разбирам добрата мисла за донација, но тотално невкусно, на туѓа радост, среќен момент, ти да му кажуваш да донира за болни деца, бидејќи многу се потрошиле. Не знам, мене ми е премногу морбидно. Единствено што не сфаќам што е потребата вакви моменти да споделуваш по портали, ама веројатно си имаат некаква причина. Во секој случај, аман од македонштина, нема вест, макар и ваква невина, а гомна да не се јаде. Нек се удават во сопствените. Народ полн со завист.
Животот и светот не застануваат и кога ти е тешко и кога ти е напорно и кога имаш обврски, проблеми, ниту кога си уморен, па и со некои здравствени проблеми, мораш да тераш напред и да ги завршуваш сите работи ...
На буквата , на буквата М - Мигрена. , втор ден Маж вели, штом те боли има нешто во таа глава , до душа пред 2 месеци правав ренген снимка, се е во ред , но ќе си се помири човек со Мигрената и ќе си офка и ќе се жали до крај на живот. @SummerGirl , може ли да ми кажеш дали одат на рецепта тие таблети што ги пиеш ти ? @Anyshka , пиев вчера кафе со лимон, помага но тоа е привремено , ја снемува болката некои 3-4 саати и после пак почнува да боли главата @Realist1 , фала на совет, само да доручкувам па ќе пробам да видам дали твоето ќе помогне. Времето е пеколно жешко и спарно, баш бев сабајлево до Нето и гледам со големи букви пишале ПОПУСТ на чоколадите на Mr. Beast , и ја фатив во раце чоколадата таман викам дали да купам , 3 евра е цената на попуст и се разочарав Коцките од чоколадата се тенки исто како што се тенки животинско царство чоколадите за деца И не купив , за 3 евра јас голема МИЛКА ќе земам од 500 грама на акција. Тешко е да станеш бренд, после ќе си играш кур ташак со народот и цените. И уште нешто : Цело лето немаше комарци , нит муви , и сабајле станувам од спиење, цела со фули по нозете, ебем им комарците. Ајде уште денес. утре да преживееме , па од понеделник пишува дождови. Постот ми е попара , но морав во едно да напишам за да не ги пишувам еден под друг.
Примени го советот на @Realist. И седи во темна просторија и во тишина. Уфф одамна не ме заболело глава, инаку по неколку дена ме болело, ни апчиња ни ништо не помагало.
Кај Момин Поток дедо у џемпер продава лулашки и куќички за птици. У 13:30. Вашите мазени бебиња чувајте си ги у стаклено ѕвоно дур не ги удри животот по муцка. Поише жалам стари и изнемоштени, него распизденици
Немале пари за тетратки и моливи, а за продолжен викенд имаат пари. За лежалки во Грција и јадење во ресторани имаат пари. Нашите родители пред да се воведи давање книги од школо имаа доволно пари за да не опремат и со пробор и со облека? Одат на зимување, летување, на фризери се оставаат пари, секоја 2ра недела нокти прават, ама приборот е скап, смешни сте. А да се ограничеја цените на прехранбените продукти на кашкавал, сирење, на овошје и зеленчук? Подобро ќе беше за тоа сите да се залагаме. Многу ви се разгалени децата немаат почит ни кон родител, ни кон постар, ни кон наставник. Со вештачки нокти ги пуштате во основно, еден тон пудра и шминка. После не чинело кога се држеше строгост и се знаеја границите...
@Herrera кафетин? Кога ме боли глава, само кафетин помага. Кафетин е најдоброто од Македонија, не таму скопско или што и да беше
Дека ако дедо од 70+ и у џемпер може да продава. Може и дете од 12 год да преживее у школо, под сенка. Не знам шо не е јасно?
На старите луѓе секогаш им е поладно и затоа се наоблечени дури и на високи температури, не можеш да споредуваш со тинејџери на кои хормоните им лудуваат. Споредбата ич не ти е како што треба. Ама добро ти си знаеш, не е мое да те убедувам. Облечи бебе од 6м во џампер и стави го на 40 степени исто како дедото и знаеш што ќе се случи? БЕБЕТО ЌЕ УМРЕ